Дневник бр.55, прв дел

Оригинално објавено на September 4, 2013 

Dream Goes On

Второто од последните седумдневни крстарења не донесува ништо поразлично од првото кога станува збор за гости. Само како забелешка, дневникот почнувам да го пишувам уште после Ла Специа. Причината е што од 6 до 9:30 сум слободен па да пополнам време додека да отидам во Шатерс. Денес бев на тура во Пиза заедно со Ивана. Синоќа Луи порано не пушти од работа, ама веднаш отидов во кревет и заспав. Како и да е, да почнам со ред. 

За почеток фоткав укрцавање, и снема струја на терминалот. За нас не е проблем, батериите на пентаб компјутерите се добри, а батерии за камери и блицеви имаме резерва. Но останатите компјутери не се спремни за вакво нешто, па се случуваа застои во процесот на примање на гостите на брод. Темпото со кое доаѓаа гостите беше бавно, а оние кои чекаа во ред беа нервозни, па затоа фоткавме колку што можеме повеќе од секое семејство. За среќа направивме таргет некаде пред три и со јуришно темпо собравме опремата на некаде третина од гости сеуште надвор од брод. Битно 3:30 клок аут :) 

Инаку гооооолем дел од гостите крстарат за прв пат или крстареле на некои шкљ крузери или речни бродови, и мислат дека им наплаќаме на секое застанување пред објектив. Како и да е, мислам дека ќе бидеме ОК со продукција и продажба ова крстарење. Минатото крстарење отидовме 12% над таргет :) 

Денес бев на екскурзија во Пиза. Овојпат со бус директно до Пиза за разлика од претходниот пат кога одев првин во Фиренца. И овојпат имавме вовче на тркала кое не возеше малку околу Пиза па видов дека уствари Пиза е малку поголем град отколку што претпоставував. Додека ги фоткавме првите тури ја запознав Олја од Украина, фотограф на Карнивал. Денес и беше прв пат да фотка тура. И пуштив покана за пријателство. 

Патем да пишам дека има неколку новости во врска со трансфери и слично. Џоан го предаде својот отказ, така да после европската сезона не се враќа во Имиџ. Ивана е планирана за Вондер. Карен предаде барање за трансфер на Фентази. Вук сеуште не знае што ќе прави после европската сезона на Меџик. Луи пуштил барање до Имиџ да му остават некој фотограф на брод додека трае драј-док, ама нема одоговор. 

Утре во Чивитавекиа ни доаѓа Кевин Фајк, нашиот Оперејшнс Менаџер и ќе остане со нас до крајот на крстарењето. 

И за насловот. Денес во Волт Дизни театарот го гледав шоуто „Дрим гоуз он“. Шоу кое го гледав прв пат за време на крстарењето од Њу Јорк до Галвестон изведено од Меџик 28. Сега на брод се Меџик 30, и овој пат повеќе ми се допадна. Можеби затоа што имав малку подобро место за седење. Можеби затоа што Трент од Меџик 28 беше пијан па беше мошне лош тогаш, или затоа што Пит е подобар танчар од Николас. Како и да е оваа група блескаше вечерва. Од друга страна пак, кога станува збор за моето омилено шоу „Виланс тунајт“, ситуацијата е обратна.Не знам кој е Хадес во оваа група, ама слаб е :( Ова шоу го гледав изведено од Меџик 28 за гости, Меџик 29 за кру и можам да кажам дека Меџик 28 беа извонредни. Меџик 29 имаа слобода да кажуваат инсајдерски шеги па умиравме од смеење. И да не заборавам да пишам дека изгледав добар дел од „Туајс чарм’д“ необичен заплет на приказната за Пепелашка. Не беше лошо, онака, фино. Само зажалив што не успеав да најдам време да го погледам ова шоу целосно со Меџик 28. Како и да е, од ноември одам на Фентази, и сум нестрплив да видам какви шоуа и како ги изведуваат момците и девојките од тој брод. 

Крај на првиот дел :)

Comments