Дневник бр.56

Оригинално објавено на September 4, 2013 

Време за пакување

Изминатото крстарење не донесе ништо интересно откако го објавив дневник бр.55 така да нема да напишам втор дел од тој дневник. Од друга страна третото од 7 дневните крстарења изгледа ветувачки. За почеток имаме гости кои сакаат да се фоткаат. Има скржави гадови како и во последното крстарење, ама јбг, не можеш да ги избегнеш коа имаш крстарење какво што имаме сеа :) 

Инаку нешто навистина битно, за прв пат се прошетав низ Барселона. Бев во друштво на Жељка и Ивана, Дори и Немо од „Барајќи го Немо“. Прва интересна работа е пазарот на кој можеш да купиш секаква храна, меѓу другото и пластична кутија со мешано овошје и етикета Macedonia. Сепак жељка купи ситно сецкана сланина, а јас купив карамелизирани ореви. После тоа како што шетавме, девојките видоа излог на кој пишуваше 3.99€ и 4.99€ и вриснаа три и четири еврааааа!!!! Јас ги оставив таму и отидов во продавницата веднаш до таа, Најки :) Имаше фина Коби Брајант јакна за 90€ ама си викам, и онака нема да имам многу шанси да ја носам, и се воздржав. Ама кога видов едно ТоБ баскетче, не издржа срце јуначко и го купив. Башка 20€ е сосема коректна цена за таква топка. Влегов во првава продавница да ги барам девојкиве, ама не ги најдов па фатив нагоре по Ла Рамбла. Стигнав до крајот на улицата и фатив назад и девојкиве ме најдоа. Ивана предложи да идеме на кафе во еден ептен фин кафич кој се наоѓа помеѓу замоци, додуша мислам дека тоа беше музејот на Гауди и некоја катедрала, енивејз... барајќи го кафичот најдовме H&M продавница и девојките повторно вриснаа радосно. Овојпат решив да бидам со нив цело време. Откако одбраа што ќе купат, им реков дека сеа јас сум на ред и отидов на горниот кат кај што е машката гардероба. Имаше фини ствари какви што носи мојот цимер, и имаше и ствари кои и јас би ги носел, ама не ги купив затоа што не знам дал ќе ми ги збере во куфер. Ама кога видов една маичка, си реков, ова моооооооорам да го купам. Бела маичка со црно-бела фотографија од Марли во млади години како игра фудбал. Имам видено миљон Марли маички, ама оваа највеќе ги задоволува моите високи критериуми за маичка. Чекајќи во редот на каса купив и сјај за усни за Карен бидејќи нејзиниот е при крај. На излегување едни деца делеа флаери за скејт-шоп, ама веќе бевме тесни со време и продолживме во потрагата по финиот кафич. Попат видовме џелатериа. Квалитетот на услугата и на сладоледот пријатно не изненади. Ивана кажа дека тоа е најдобриот сладолед кој го пробала во живот. Попат на едно плоштадче видовме момци кои танцуваа капоера, и таман се загледавме од далечина се приближуваше полициска кола па момциве се разидоа на момент. Енивејз, најпосле го најдовме кафичот. Под отворено небо, со неколку дрва и многу грмушки наоколу, едноставни метални столчиња и маси, фино кафе. Да имаше интернет ќе беше еден од најкул кафичи и кои сум стапнал у мој живот :) И на враќање назад кон брод, пак маки, како и секој пат кога си со Немо и Дори. Излеговме на улица и тргнавме да ја бараме автобуската станица на која стои бусот до пристаниште. Попат Жељка застана да праша за насока и се рамзуабети со момците кои ги праша за насока, јас само продолжив напред, и девојките успеаја да ме стигнат. Во последен момент се качивме на бус. На пристаниште, бусот првин застана на терминатот кој го користи Соверин и Жељка се симна од бусот. Почнавме да викаме и таа се качи назад на бусот, јадната заборави на која станица да се симне за својот брод. Кога стигнавме на пристаниште фото тимот што работеше тој ден беше готов па ги зафркавав девојките дека не напраивме Welcome aboard фотка :) Енивејз, 2-3 саати у Барселона е прекраткооооооо. Посебно кога видовме дека картите за некои од музеите се само 6 евра... аххх. Енивејз, кога си фотограф на брод, некако не ти иде да ги посетуваш многу домашните портови на бродовите. 

И да продолжам со крстарењето. Во Пиза фоткав со Ивана, и напраивме таргет уште со првите групи :) После на раат на пица и кампари :) Пицата не беше добро печена ододздола, ама интернетот фучеше турбо, така да, нема гајле :) На враќање Ивана застана да купува маички за внучињата и за малку ќе и киднеше возот кон автобуска станица. Прекарот Немо, баш и стои. 

Иии, најбитното, Карен го виде Рим, барем еден мал дел од Рим :) Луи направи измена во нашите распореди така да можеме да одиме во Рим од сабајле. Инаку и Луи и Грејс појдоа за Рим, да се видат со сестра и на Грејс. На почеток чекавме до 8:15 додека да добијат шор-пас. Потоа брзавме до железничка и таман го фативме возот во 9. Возот, најфин досега во мојот живот. Со простор за патници на 2 ката. Во секој оддел по еден екран на кој е испишана брзината на возот, време, температура внатре и надвор. Гласовно најавување на секоја станица. Со Карен гледавме пејзажи, и и кажував дека горе-доле ова е слично на Македонија. Само куќите тука се поубави :) Енивејз, стигнавме на Термини, главната железничка станица во Рим, која е огромна. Направив план: 1 Хард Рок Кафе, 2 Фонтана ди Треви и 3 Колосеум, со можност ако евентуално има време Ватикан. Првин го најдовме Хард Рок кафето, ама беше затворено, отвора на пладне, па решивме да идеме на Треви. Малку GPS oд телефон, малку од она што го знам Рим набрзинка стигнавме на фонтаната. Таму ги најдовме Даниела и Јелена, фоткаа гости, и не фотнаа и нас :) Карен фрли една паричка во фонтаната, според верувањата, ако фрлиш една паричка, ќе се вратиш пак во Рим. Ако фрлиш 2 парички ќе се ожениш/омажиш, а ако фрлиш 3, ќе се разведеш. После отидовме у Бенетон каде што купивме по некое крпче за внуците и јас земав 2 каталога. На одење од фонтаната купивме џелато, ама не беше на нивото на останатите сладоледи што ги имаме јадено во Италија. Инаку на идење кон фонтаната купивме ефтини сендвичи од една сендвичара кои испаднаа мошне вкусни. Кога стигнавме во Хард Рок назад нарачавме само Епл Коблер, и сок, и Карен не можеше да го заврши нејзиниот коблер. Патем коблерот беше далеку од коблерот што го јадевме во Малта. На одење од Хард Рок кон Колосеум врнеше ситен дожд. Онаков досаден, врне, а мајцата ти е сува од што времето е топло. За да го најдеме Колосеум користевме џи-пи-ес, принтана мапа и на едно место прашавме продавач на чевли како да стигнеме. На враќање назад од многу брзање стигнаме малку порано на железничка, и фативме еден воз порано. Карен спиеше во воз, а јас и го чував сонот (пазев да не отидеме на некоја станица после Чивитавекиа). Мене ми беше ОК, а Карен беше пресреќна што го виде Рим, барем мал дел од Рим. 

Остатокот од крстарењето беше онака, регуларно. Само продажбата на фотки потфрли. За прв пат во европската сезона не стигнавме таргет. Крстарењето ме потсети на крстарењата од Галвестон. Пријателски гости, се дружат, сакаат да се фоткаат, ама кога ќе дојде време за купување, имаат ограничен буџет. Имаше гости што се жалеа на цените, на данокот, на тоа што не ги смалуваме фоткита па наместо 24 да платат 15 долари (цена со 21% шпански ДДВ). 

Последното крстарење започна ОК. Фоткав укрцавања, овојпат со Даниела во тимот, па ја изненадив со некои работи кои ги правам различно од Џоан. Во меѓувреме Карен најде фенси-шменси продавница за чевли и поарчи 100€ за сандали. После Жељка ми викаше, Тони, гледаш што се случува кога не искачаш заедно со Карен, она ги троши сите пари. 

На формална вечер не фоткавме во ресторани, само студија и карактери. Кај мене на статуа идеше бавно и му реков на Луи дека предвидувам само 500 фотки на што тој кажа Dude, please, noooo! Ама за среќа завршив со 650 и нешто, што е според неговите планирања. Вук фоткаше карактери во лобито и неговиот сет траеше и траеше.... 

Во Пиза повторно фоткав тура. Овојпат за утринските тури имавме само 3 автобуси. И за баксуз мојот бус доцнеше малку, за поголем баксус Ивана закасни па го пропушти првиот бус и остана да го чека третиот бус. Е третиот бус доцнеше ептен, па го извадиле Стич да се дружи со гостите додека да дојде бусот, делеле гага капчиња (Ивана подоцна го подари нејзинотот на едно детенце). Додека да дојде Ивана јас имав само 20 фотки и си викав, Оообоже, што ќе праам денес... дебакл. И одеднаш од никаде се појави Ивана, па заедно направивме по уште неколку фотки. После отидовме во едно ресторанче блиску до кулата ама малку затскриено, со фина храна и брз интернет. Цените се горе-доле низ цела Пиза исти па мојата сметка испадна нешто под 30€ а на Ивана нешто над 10€. После ги подбравме попладневните тури и направивме таргет. Најдовме и група за враќање назад, и одејќи кон бусот не подбраа гости кои претходно беа во Фиренца, па почнавме и нив да ги фоткавме. Групата ни кидна, па решивме да фатиме друга. Координаторката од туристичката агенција не искара поради тоа, ни кажа дека водичот не барала. Енивејз, последна тура е за сезоната па ни прогледа низ прсти и ни даде нова група за идење назад. 

Назад во фото-лаб почнав да ја работам чек-листата за Фотог-3 со Ритеш. Заглавив до доцна, ама битно најголемиот дел го завршив. 

Доста е за овој дневник. Ако не ме мрзи ќе пишам што се случува последните неколку денови и за моето патување кон дома. 

п.с. Во меѓувреме спакував еден куфер, крца :) Сега перам алишта и можда ќе го почнам вториот куфер. 

п.п.с. Картата за авион ми вели дека првин летам до Цирих во 2:30 (заедно со Даниела), па до Загреб и на крај треба да стигнам в Скопје нешто после полноќ. Карен останува една ноќ во Барселона поради виза, и потоа лета кон Флорида (забораив дал беше Мајами или Орландо) и после Монтиго Беј.

Comments