Дневник бр.57
Оригинално објавено на November 17, 2013
Прв Фантастичен дневник
Уохооо, Тончи на најдобриот брод на свет според Cruise Critic :) Но да почнам со ред :)Летав Скопје-Виена-Вашингтон-Орландо. Аеродромот во Виена ги има дефинитивно најдобрите чекални. Во Цирих се поотмени, ама овде се попространи, и имаат кожени каучи на различни нивоа :) Авионот за Вашингтон беше од новите ербаси и имаше поприлично богата архива на филмови, музика и игри. Го изгледав Турбо. Фино филмче, ама сепак добро што не го гледав во кино, бидејќи не е доволно добар за да го гледам во кино. Започнав да гледам документарец „Прва позиција“ за натпревар во класичен балет. Ќе мора да го најдам некако да го догледам, ептен ме вовлече. На аеродромот во Вашингтон одеднаш слетаа еден куп авиони и линијата за имиграционо беше дооооолга, и знаев дека ќе ми кидне првиот лет за Орландо. Во соба Б имаше еден куп морнари од балканските земји и по неколку од останати земји. Таму најинтересен лик беше една филипинка која ќе работи како собарка на Брилијанс оф д Сиис. На некој од претходните бродови имала дечко србин и збореше српски цело време. Со неа јадев сендвич во Венди’с кој за изненадување не беше лош ко сендвичите во Венди’с во Мајами, или можеби бев многу гладен. Потоа лет за Орландо чекав со една постара госпоѓа, мислам дека се викаше Валентина, ама не сум сигурен, работи во болницата во Куманово. И помогнав да се поврзе на вајрлес мрежата на аеродромот за да може да прави муабет на скајп со ќерка и која ја чекаше во Орландо. Во Орландо се мислев дали да идам до хотел или да чекам на аеродром, ама коа ми текна колку сум усмрден од цело време по авиони и аеродроми отидов до хотел каде само се истуширав, погледав малку ЕСПН, и тргнав да фаќам бус за до брод.
И бродот... Дизни Фентази, огромен :) Се е поголемо отколку на Меџик. Добро, не баш се, кабините за вработени се помали и машините за перење. Како и да е, се мириса на ново, во одредени делови од бродот сеуште мириса на боја :) Фото лаб е во предниот дел од бродот, кабините на фотографите се ептен напред и шатерс е во артиум (главното лоби на бродот). Првата ноќ ми беше слободна, имав само по распоред средба со БМ, Рубен, кој во ист ден пристигна со мене на Фентази, за него беше трансфер од Дрим. Освен него, во тимот го знам и Марк Коста. Сите останати ги видов за прв пат :) Во другите оддели има тук-там луѓе кои ги имам запознаено на Меџик, со некои си имав дружба, со некои ни здраво не си викав, па така продолжи и тука. По средбата со Рубен поминав низ Шатерс и низ студијата за да се запознаам со луѓето. Бај д веј утрото кога пристигнав се пошегував со луѓето кои беа во Шатерс. Отидов и прашав кај е моето ЦД, АМС (Шатерс менаџер) Карлин ми рече, еве на масава господине, кој број е вашата соба? А јас и реков, само се шегувам, јас сум новиот фотограф. Злобно од мене, многу злобно :)))
Втората ноќ е формална ноќ, и фоткав карактери цела ноќ на балконот на дек 4. Баш убаво си поминав, одамна немав фоткано карактери. Пријателката на Мики Маус на која уште не и го памтам името ми рече дека многу фино си поминала работејќи со мене.
Третата ноќ фоткав во Аниматорс Палет. Со Марк Линдзи напраивме малку збрка околу тоа кој која секција покрива, ама како и да е, како за прво фоткање во ресторан беше ОК.
Во Козумел бев на шопинг во една од моите омилени продавници, МЕГА. Сеуште можам да се снајдам со затворени очи да ги најдам повеќето од продуктите кои ми требаат. Нешто купив, нешто прескокнав поради ограничен буџет, по што се закачив на нет, јеее, радости, интернет :) Мојот тим на Топ11 почнал да губи, ама нема врска, и онака имам 7 поени предност пред вториот на табела на 3 кола пред крај од кои еден меч ми е со последнопласираната екипа на табела :)
Наредниот ден морето се брануваше мошне силно, брановите беа страшни. Со 2 испиени таблети и малку течности во организам се помина во најдобар ред.
Последниот ден утрото фоткав плажа на Каставеј Ки со Марк Линдзи. Таргет ни беше на двајцата по 400, а ние двајцата за два саати направивме по околу 250 фотки. Рубен беше лут. АМП (Лаб менаџер) Филип го ѕ’мбеше Марк. Но да бидам искрен 400 фотки мислев дека лесно се остварливи, ама бродот доцна стигна на Каставеј Ки. Доста од гостите не отидоа на плажа, имаше многу гости кои не сакаа фотки. Како и да е, помина тоа гајле, ваљда нема да бидам распореден да фоткам плажа во блиска иднина. Вечерта огнено крштевање во Шатерс. Додуша и претходно поминував по малку време во Шатерс, ама немаш гужва. Гужвата со која се соочивме овојпат беше УАУ. За среќа има 2 лап-топови со кои директно се пристапува на базата со податоци и неколку ај-Пади кои поприлично ја олеснуваат работата кога станува збор за продавање дискови :)
Денес фоткав укрцавање. Во најдобриот терминал за фоткање укрцавање на свет :) Сетапот беше готов за 15 минути по што почна журката. 3 фотографи и 2 смаџери (насочувачи на сообраќајот) и еден на пауза. Со тим од 6 луѓе целиот процес поминува, не се ни осеќа.
Од гости, имаше една босанка со семејството, на почетокот ги гледав во линиите за карактери. Имаше и една србинка која живеела во Скопје пред земјотресот, ја запознав на последната ноќ, и тоа така што го фатив нејзиниот сопруг како прави слика од слика од нивните фотографии. Кога им кажав дека не е дозволено, ја вратија папката на место, скржава кучка, не купи ниту една фотка. ОД куртоазија и поправив муабет, иако цело време сакав само да ја снема од шатерс. Од фините гости ќе ја спомнам Хејли Праудфут. Малечко, плавко :) Татко и ми помогна кога фоткав во студиото под скалите за како да ја насочам линијата. Мошне фини луѓе, цело Праудфут семејство. И ѕвездите на крстарењето Хан и (оообоже, зошто заборавам имиња кога мозокот ми е во лер или убацува во прва?) нејзината другарка. Инаку девојките се од Кина и работат во Волт Дизни Ворлд во Орландо. Другарката на која не и го запамтив името е во карактер одделот и знаеше се за линиите и за студијата. Мислам дека нема потреба да пишам колку беа најпопрекрасни, и зрачеа пријатна аура околу нив, и позираа без да кажеш збор. Претпоследната ноќ Ли ги фоткаше во ЛСП (белото студио) а бидејќи јас немав гости во моето студио кое беше веднаш до ЛСП им правев друштво. На крај се изгушкавме сите. За време на растурањата на студијата Ли ме праша зошто сјаам од среќа :)))
За крај да ги пишам членовите на тимот :)
Прв, веќе поранешниот лаб менаџер Филип од Србија. Единствениот во тимот кој разбира македонски, и воедно ми беше цимер првата недела. По 8 години со Имиџ ја напушти компанијата за да живее заедно со жена му Алехандра во Колумбија. Џоан ми збореше дека бил страшен тип, ама напротив баш фин дечко, патем ми кажа и зошто го ѕ’мбел Џоан на времето :) Сега сум сам во кабина, и баш ми е ТоБ :)
Нов лаб менаџер е поранешниот ПП (фотограф за производство) Тересито, или Тери од Филипини.
Нов ПП е Марк Коста. Додека беше на Меџик не го можев многу-многу, ама тука сме добри другари.
АМС е Карлин од Јужно Африканска Република. Млада, висока, плава, иде у теретана секој ден. Не ја поднесувам баш премногу. Голема шмизла.
БМ е Рубен. Баш ми е мило што го имам за БМ бидејќи ми се допаѓа начинот на кој ги организира работите. И кога не постигнав таргет на плажа си поправивме раат муабет и ми кажа мораш да се убрзаш, мораш.
Асистент на Карлин е Ана од Филипини, ниска малку полничка девојка со пријатна аура. Уште кратко ќе биде на бродот по што оди на одмор а после одмор оди на Меџик, па ме прашуваше за крстарењата кои ги има, начинот на работа и останато.
Највеќе совети за работата имам добиено од Ли, висока црвенокоса девојка од ЈАР. Карактерно ме потсетува на Анико од мојот прв тим на Меџик.
Највисок во тимот е Џеф. Тој е при крај на вториот договор ама најверојатно ќе продолжи до крај на празничната сезона. Ми се жалеше дека не е лесно да се одработат 2 договора по 8 месеци на што му кажав дека знам како му е, и му кажав како мене ми беше продолжен вториот договор :)
Од Белорусија во тимот е Надја.
Има уште една плавуша од ЈАР во тимот, Нолин, оваа е троа пониска од Карлин.
Уште една филипинка, Мален или како што јас понекогаш ја викам Малена. Мошне фино девојче, за жал со Ана за некоја недела ќе замине на одмор.
Погоре го спомнав Марк Линдзи неколку пати, еве и тука да го пишам, малку понизок од мене, има мошне избувлив карактер, цело време нешто збори, мошне забавен тип. Има пеги ама од сонце кожата на му поцрвенува, туку добива кафеава боја. Ми зборуваше како дома секој ден барем по еднаш се фрла во базенот во двор, некога по 3 пати на ден, наутро, напладне и навечер.
Лусијана е единственот фотог1 во тимот. Доаѓа од Аргентина, фина девојчица. Вечерва имаше слободна ноќ и со Нолин правеа сесија во ЛСП. Имаше некои интересни фотки за кои велеше дека и е срам, на што и кажав дека мене навистина ми се допаѓаат и дека се во стилот на Стефан Лупино :)
Последниот (6ти член) на тимот од ЈАР е Џудит. За разлика од останатите од ЈАР има темна боја на кожата. Инаку мошне фина девојка. Ниска со пуцвал коса :)
И за крај Карлос од Колумбија. Ивана ми кажа да го поздравам многу, и сфатив зошто. Ми личи на машка верзија од Ивана.
Дневников малку долг, следните ќе бидат малку пократки, ветувам :))))



Comments
Post a Comment