Дневник бр. 58

Оригинално објавено на November 24, 2013 

Сам дома, овај сам во кабина

Изминатото крстарење бевме 2 човека мањак во тимот, и така и јас бев без цимер, што рака на срце воопшто не ми падна тешко :)) Се преселив на долниот кревет бидејќи горниот на Фентази е превисоко горе. Најдов некои интересни работи кои Филип ги заборави, и телевизорот ми беше пуштен гласно, цело време :) 

Од пристаништа, излегов на кратко во Сент Мартин, прошетав по продавничките на пристаништето, и нормално не купив ништо :) На интернет не се закачив бидејќи нема гага нет. Само направив неколку фотографии со телефон. Во Сент Томас воопшто не излегов од брод, само се качив на дек 14 да фрлам поглед два на околината и да подишам малку свеж тропски воздух. 

На Каставеј Ки, фотографирав Маунт Растмур со ровер. Апаратче за кое само имав слушано порано, овојпат го користев, и за беља земав едно што не работи баш најдобро, и се измачив со него, 100 од 350 фотки не стигнаа да се снимат на роверот, среќа што се користи иста рамка за сите карактери, инаку ќе беше беља и пол, мада и вака не беше ОК, бидејќи имаше гости кои не можеа да си ги видат фотките. 

Денес бев во утринска продажба по што скокнав до Мерит Свер Мол, мојот омилен трговски центар, единствениот во Кејп Канаверал. Си купив 12 пара чорапи за 13 долари од Финишлајн и кркав пилешко со милк шејк од јагода од Чик-Фил-Еј. Заедно со шејкот од МекДоналдс нешто во што можам да уживам до крајот на животот и да не ми здосади :) Патем ја ѕирнав новата продавница на Спортс Ауторити, огромна е и има буквално се и сешто за спортовите кои се практикуваат во Америка. Сепак најголемо откритие ми е продавницата за аксесорис на Чемпс, имаше почнувајќи од мали џиџња како чаши за алкохол преку папучи и капи, до шалови, снаглс и ќебиња во боите на НБА, НФЛ и Колеџ тимовите. Има доста ствари кои би сакал да си ги купам од таму. Патем да додадам дека најверојатно ДокМартинс ќе си купам од продавницата што е до Чемпс. Мартинс е едно од нештата кои досега си ги неам купено, така да мислам дека ова зима и тоа ќе падне :) 

Од социјален живот, една ноќ се качивме на дек 14 со Тери, Надја и Ли и гитарата на Ли. За жал фучеше гласна музика до 2 саат, ама па после беше тивко, па Тери и Ли можеа да свират на раат. 

Од работа, се изнафотографираф карактери, скоро секоја вечер фоткав карактери и еден ден фоткав принцес гедеринг. 

И главниот настан на крстарењето. Втори годишни кру награди на Дизни Фентази. Од фото тим беа номинирани Ли, Џеф и Карлос. Јас лично гласав за Ли затоа што таа ми даваше најмногу поддршка кога дојдов на Фентази. Од карактер тим велеа дека им било многу тешко да гласаат затоа што сите 3 им се одлични за работа. Кога сме веќе кај карактерите, на вечерата пред наградите ја видов Мелоди, девојката што беше пријателка на Мики Маус на мојот прв сет со Мики :) Целата скокаше ентузијастично и ме потсети на мене пред година дена на Меџик :) И да биде иронијата поголема, таа не ја доби наградата. Победник кај карактерите беше Брендон. Трета номинирана беше Џулиет. Од другите победници ќе ја издвојам Џеки од Флекс тим. На Меџик и беше цимерка на Жељка недела или две. Знам дека Жељка се нервираше бидејќи Џеки е ранобудник додека Жељка е ноќна птица, ама јас си го имав муабетот со Џеки. Сега таа е на Фентази и очигледно дека Е ТоБ. Патем, беше номинирана и за најпријателска личност. Пред самата церемонија, со Тери наместивме позадина кај канцеларијата на круз директорот Клејтон. Додека одевме натаму 2 пати претрчавме преку главната сцена во Волт Дизни театарот што многу ги изнервира техничарите, ама на нас ни скрати мнооогу печашење и одење горе-доле по скали :) После церемонијата, пред да ја растуриме позадината се испофоткавме меѓу себе :) Со Тери завршивме последни во растурање на студиото и ги баравме другите фотографи по баровите, ама ги немаше во офисер’с бар, а во кру бар беше преполно и си отидовме без да се туркаме за да ги бараме луѓево. Наредното утро многу од нив се жалеа на мамурлак :) Во поглед на тоа како изгледаше целата церемонија, можам да кажам дека иако беше набрзинка спремено, изгледаше мноооогу добро. Додуша кога ќе се види со колку талент се располага во Волт Дизни театарот, се е јасно :) Момците и девојките од театарот имаа извонредна воведна точка која беше снимана на разни локации на бродот и по пристаништата за на крај да заврши на театарот. Потоа заедно со карактер тимот имаа одлична масовна сцена. Сепак ѕвезди на вечерта беа неколку од офицерите со 4 ленти. Имаа едночинка која се викаше завод за вработување на негативци. Лојд хотел директорот беше Хејдис од Херкулес. Тоа што зборуваше со индиски акцент не бутна сите од столче од смеа. Клејтон круз директорот беше Гастон од Убавицата и Ѕверот. Покрај нив имаше уште неколку офицери кои ги портретираа Молефесант од Заспаната Убавица, Капетан Кука и лошиот тип од Покахонтас (го неам гледано цртанот, па не му го знам ни имато :/ ) Костимите им стоеја смешно, читаа текст од хартија, глумеа лошо, ама на крај сето тоа беше многу смешно. 

Денес ни дојде нов фотограф на бродот, Ајзенхауер од Колумбија, и за жал мене ми се падна да ми биде цимер, додека Марк Коста веќе долго време е без цимер. Нефертитис. Енивејз, за него повеќе ќе пишувам во следните дневници. 

И за крај магични семејства, а ги имаше неколку ова крстарење од кои ќе ги издвојам Џоди и Ноел Лоц, Хајди и Херт од Белгија и Филип, Ева и Кели Рајт. 

Џоди и Ноел ги запознав бидејќи беа во скоро сите линии за карактери и обично беа меѓу првите така да имавме доста можности да е помуабетиме. Ноел работи од дома, најчесто облечен во пижами, така да на ова крстарење скоро цело време беше скоцкан во одело :) Џоди беше соодветно дотерана во фини долги фустани. инаку имаат 50 и кусур години и се мошне пријателски расположени. 

Филип и Ева ги запознав на првата ноќ во Шатерс. Инаку Филип и Кели се млади родители, а Ева има 4 години, руса коса и е мошне фино девојченце. Филип ја носеше во раце и кога ме виде ми ја фрли мене во раце. Јас ја земав и ја држев некое време по што Филип се врати и ми рече браво батка, одлична реакција и ја зеде Ева од моите раце. Оттогаш станавме најдобри пријатели. Единствено ми е жал што заборавив на време да им го дадам сертификатот за магично семејство заедно со сток фотки од карактерите. 

И за крај Хајди и Херт од Белгија. Хајди ја знам од мојот прв договор, за време на Њу Јорк сезоната дојде на брод заедно со другарка и Лени и за 5 дена на брод направија скоро 300 фотки и се жалеа дека не сме ги фотографирале доволно, посебно тоа што не сме ги фотографирале додека се гушкаа со карактерите. За време на мојот втор договор, во европската сезона Хајди дојде со родителите. Немаше фотки ко минатиот пат, ама пак го купи најголемиот пакет :) Тогаш ми кажа дека веќе уплатила крстарење на Фентази во ноември. Тогаш уште не знаев дека ќе бидам на Фентази па само и кажав дека тоа е фин брод и и посакувам убаво крстарење. И третиот мој договор дојде со дечко и Херт. Заедно се мошне фин пар, ја делат страста за дизниевите карактери и се мошне пријателски расположени кон фотографите :) Покрај мене, многу се дружеа и со Ли. На крај разменивме мејлови, ФБ и слично :) За време на крстарењето Херт ми побара сликички од Гуфи, и јас му дадов цело туце. Тој извади само една, по што јас му тутнав неколку во рака и му кажав дека може да дели на фини луѓе, на пример да и даде една сликичка на Лени :) Последната ноќ мене, Ли и уште на некој од тимот ни дадоа пакување белгиски чоколадно бонбони во форма на морски коњчиња. Чисто за илустрација, замислете си ги морските коњчиња од Атлантис чоколадните бонбони за една класа подобри :) Кој има вишок време за гуглање чоколади нека гугла Guylian Belgian Chocolates, Guylian's Temptations. На утринската продажба им дадов сертификат за магични моменти заедно со купче фотки од карактерите, направивме една голема групна гушка и се надевам ќе се видиме пак :) Тие веќе уплатија крстарење на Меџик од Порт Канаверал до Јамајка следниот ноември, паа... нешто ми кажува дека ќе ги видам на Меџик иако немам некоја преголема желба да се враќам на тој брод :)

Comments