Дневник бр.59

Оригинално објавено на December 3, 2013 

FROZEN

Трета недела на Дизни Фентази, и главен настан, најновиот Дизни филм, Фроузн :) Но да почнам со ред :) Бев на шопинг во Мерит Сквер Мол, мојот омилен трговски центар :) Си купив чорапи од Финишлајн, 12 пара за 13 долари. Малку поскапо од нашето 3 за 100 ама и квалитетот е повисок :) Кркав џанкфуд од Чик-Фил-Еј и сркнав од мојот омилен стробери шејк :) Останатото време разгледував што да купам на мојот следен шопинг, и така планот сеа за сеа е Мартинс, јеп, најпосле и јас ќе иам мартинс :))) ќебенце и слични зимски потрепштини од Стилерс и Лејкерс... друго зависи од моментална инспирација :) Која се вратив во кабина видов дека имам нов цимер и не е Соломон од Филипини :( Туку Ајзенхауер (Ајк) од Колумбија. Во текот на неделата не го гледав премногу бидејќи имавме контра распоред, тој скоро цело време беше на разни обуки и то. 

Денот/ноќта кога бродот беше во Коста Маја, беше посебно интересен. За жал не можев да излезам надвор бидејќи фотографирав кралска чајанка со Надја и Карлос. кралската чајанка е настан на кој неколку мали девојчиња заедно со своите мајки имаат чај и колачиња заедно со Пепелашка, Бел и Тијана. Целата церемонија започнува со влегување на девојчињата едно по едно во Ројал Корт ресторано пропратено со најава и фотографирање заедно со Лејди Камилица. Потоа седнуваат на масите во централниот круг каде што доаѓа Шеф (готвачот) Бруле. Потоа серверите ги послужуваат девојчињата и мајките со чај и колачиња по што пристигаат принцезите една по една и поминуваат по минута-две на секоја маса. Потоа девојчињата играат оро заедно со принцезите, лејди Камилица и шеф Бруле, и на крај се фотографираат со принцезите на посебна позадина. Во принцип досаден настан на кој можеш да видиш супер богати мајки со своите мали ќерки. На една од мајките и покажав како да го користи бродскиот телефон. По изглед и по функции наликуваат на мобилните од 2000та година. Дали од што одамна не користела обичен мобилен телефон или од што е глупава, или двете заедно, јадната се изнамачи да прати СМС порака на својот маж. 

И сеа следи интересното. Слободна ноќ заедно со Надја и Ли :) Започна со гледање на шоуто Wishes во ВДТ. Шоуто го имав гледано претходно на ТВ, ама во живо е многу поинтересно бидејќи можеш да ги гледаш танчарите кои играат во публика, меурчињата и конфетите кои доааат од секаде. Дефинитивно уживање за сите сетила. Потоа дотерување за вечера во Animator's Palete. Нема да опишувам како бевме облечени, тагнат сум на доволен број фотки :))) Кога стигнавме на влезот на Енимејтор’с со нас чекаа и 6 девојки од детска грижа, и еден од главните сервери мислеше дека сме заедно па не смести на маса за 9. Вообичаено на бродовите односот машки женски е 5:1, на Дизни е некаде околу 3:1, а таа вечер јас бев сам со 8 девојки :))) Главно јадење земав мисиркино, а за десерт мики плочка сладолед. Сладоледот е производ на Нестле, по големина е ко Кинг, Магнум... млечен следолед облиен со чоколада и посипан со шарени шеќерни трошки. По вечерата Ли и покажуваше на Надја како да фотка свадба и скокнавме до ЛСП и студиото со сводови на позадината. И најбитното нешто, тадаааам :) Џеф и Тери го наместија студиото за принцезата Ана од Фроузн. За тоа време јас и девојките шетавме по продавниците бидејќи се веднаш до студиото. 

Изненадувачки, или не, но немаше многу гости пред ВДТ, ниту пак во линијата за Ана и Џереми, карактер менаџерот, дозволи и кру да се слика со принцезата, јееее, радостиии :) На полноќ влеговме во ВДТ и почна интересното. Првин одеше трејлер за новиот филм на Дизни кој треба да излезе следното лето, Филмот се фика Молеф’сант по главниот лик во филмот кој кај нас е познат како лошата наречница од Заспаната Убавица. Главната улога, почитувачите на ликот и делото веќе знаат кој ја глуми, а за другите да пишам дека тоа е Анџелина Џоли. Филм кој морам да го гледам во 3Д. Потоа следеше краток цртан филм кој се вика Get Horsie и за кој не ми иде некој соодветен превод у глава. Цртанот почнува како првите цртани со Мики и Мини и одеднаш се претвара во 3Д брканица по целото платно. Ако некој плаќа екстра за гледање на Фроузн во 3Д веќе Гет Хорси ги оправдува парите. Иии... филмот... Правен е според бајката Снежната Кралица од Ханс Кристијан Андерссен. Книга која ја немам читано па не можам да правам споредба, ама филмот е ТоБ. Нема да го раскажувам филмот, само ќе кажам дека најкул лик кој го имам видено во еден филм е снешкото Олаф кој сака лето и топли прегратки. Чудно, нели... но Олаф ги има и најдобрите реплики во филмов, на моменти ми одеа солзи на очи од смеење. 

Наредниот ден, Козумел, и МЕГА. Купив некои ситници и вода и седнав на интернет. Во пицеријата немаше ништо така што и немаше кој да дава пасворд за интернет, така даа, интернетот фучеше. Тој ден малку поделаку од градот беа вкотвени 3 Карнивал бродови. Првин ми пријдоа двајца момци од Србија за да ме прашаат за лозинка. Потоа ми пријде една девојка натоварена со играчки и на крај еден црномурест дечко кој имаше некој од новите самсунг телефони ама многу чудно подесен. Негова среќа што и јас имам самсунг па набрзинка му го преконфигурирав и него го закачив онлајн. Се осеќав ко дилер :))) Деојката на која и дадов лозинка седна на соседната маса и се закачи на скајп за да разговара со својата ќерка која живеее вооо... Скопје :) Ми беше невообичаено да слушам некој како зборува на македонски на друг крај од свет но воедно ми беше и мошне мило. Малку тажно што мама мора да работи на брод за да и купи играчки на својата ќеркичка, ама печалбарска е македонската судбина. На крај на разговорот мама и кажа на својата ќеркичка дека треба да оди да работи. Кога, таа ми се заблагодари за лозинката на англиски јазик, а јас и кажав на мамичка да не работи многу напорно на македонски јазик на што таа се збуни и се насмеа :) 

На Каставеј Ки го фоткав мојот омилен капетан Џек Спероу. Да не заборавам да кажам дека беше мошне ладно тој ден, беше толку ладно утрото што добар дел од луѓето излегуваа од бродот со блузони или јакни. Добра работа од сето тоа е што бев далеку од фаќање сончаница :) 

Цело крстарење фоткав карактери, што дури и монотоно ми падна, ама тоа е.... Последниот ден од крстарењето беше посебно напорен, но и доходовен. Нема да пишам колку промет направивме на крај, но ќе пишам дека само од новогодишни честитки направивме 5.000$ Во Америка сеуште ја има традицијата на праќање честитки, но овие се малку поинакви. Во 5 готови шаблони се вметнува фотографија од семејството, или само од децата и одоздола се испишува текст во стилот „среќни празници од семејството Џонсон“. 

Посебно интересни семејства, немаше нешто ова крстарење, само ќе го спомнам Карлос Вортингтон кој е од Атланта и има мајка Каролина која е колумбијка. Не ги гледаат Хокси, така да ништо од моето фалење на Перо Антиќ дека е Македонец во Атланта :) Поради сплет на околности не им дадов сертификат за магични моменти.

Comments