Дневник бр. 60
Оригинално објавено на December 8, 2013
Збогум Малена
Ова крстарење почна со доцнење :( Како прво кретенчината Алистер, менаџер на кру офис пуштил погрешна листа на фотографи кои ќе работат на терминалот тој ден така да не можевме да излеземе од бродот и да го почнеме сетапот. На крај дојде со трчање, по што ние со трчање почнавме да ги спремаме студијата. Јас фоткав студиот број 3 и бев прв спремен да го примам семејството на денот, Клајн кои мислам дека се од Филаделфија, според НФЛ дресот кој го носеше синот наредниот ден. Од многу брзање погрешно ја подесив камерата и фотките испаднаа малку темни, ама Тери ги оправи во лабараторијата. Ретко се случува да ти дојде семејство на денот и да ти кажат фала дечки, на минатите крстарења го купувавме големиот пакет а исто ќе направиме и на ова :)
Патем да не заборавам дека на брод дојде и Соломон од Филипини. Дечкото кој на ФБ му пишав да ги гледа сите дизниеви филмови за да биде спремен за работа на Дизни Фентази :))) Верувам дека многу побрзо ќе се вклопи во тимот од Ајк, уште на првото рези фотање дојде со над 400 фотки што ретко се случува од новопримени. Инаку Ајк сеа е во сетап и брејкдаун па се чувствувам како да работам со Жељка или со Јелена. Цело време треба да кажуваш, покажуваш... не е забавно, ич, ама тоа е.
И девојката која ја ставив во насловот, Мерилин “Мален“ Малакас од Филипини, или како што јас ја викав Малена, замина на одмор. Сеуште не знае кој е нејзиниот следен ангажман. Заедно со неа на одмор замина и нашата принцеза Ана од Филипини. На нивно место дојдоа Делија од Ирска и Џорџ од Колумбија. На Делија ова и е втор договор, а на Џорџ трет. Претходно двајцата работеле на Дрим.
Како поинтересни работи што се случија ќе ги наведам мојата прва плата во овој договор. Преведено во цифри, за 2 недели работа на брод земав колку за 3 месеци во општина. Не е лошо нели :) Во Сент Мартин не излегов од брод, спиев, да надоместам за малку спиење претходните денови, а во Сент Томас излегов и прошетав малку околу пристаниште набрзинка. Си купив слушалки Скулкенди Титан. Со се данок испаднаа нешто под 50$ ама ептен се добри, и на изглед и на звук. Ако со други слушалки музика на телефонот слушав на максимумот, 15 или евентуално 13, на овие слушалки слушам на 8-11.
Да не заборавам да пишам дека на трака истрчав 3 километри. Најголема должина во бааги долго време. Значи на добра патека сум да набијам фина кондиција :)
Од лоши ствари, каснеше сетот на принцезата Ана поради грешки во сетап на целиот сетап тим, Хорхе, Ајк и Нолин. Никој од тимот немаше навигатор, а ни распоредот не го виделе тоа утро. Хорхе го местеше студиото според тоа како што местеле на Дрим, што е поприлично погрешен начин. Ајк сеуште нема врска од сетап. Пред да заспијам си реков дека ќе станам порано и сам ќе го местам студиото, ама пуста ненаспаност, на крај стигнав на 5-6 минути пред почеток на сет. Почнав да вриштам и да пиштам среде гостинска зона. Ги замолив гритерите Ана да задоцни 5 минути. Џеф и Надја дојдоа да помогнат и го спастривме студиото со 5 минути доцнење. Поради сето тоа Рубен не собра кај него во канцеларија во 1 саат на советување. Остатокот од денот беше горе-доле ОК, се до последниот сет со Чип и Дејл. Чип цело време бегаше во лево. Добив нагон да земам стап и да мавам. На крај на сет Чип дојде да се ракува со мене. Сеуште не сум прашал кој го портретираше Чип во тој сет, а и немам смислено ништо за одмазда.
Од магични семејства, ова крстарење поделив 4 сертификати. Први беа дедо Џим (Димитар) и баба Софи Савирис од Леринско. На крстарење ги донесе синот Џими со жената и децата Си Џеј и Карина. Уште на укрцавање ми се обратија на македонски јазик, ама не ги видов се до четвртиот ден од крстарењето кога бев распореден да фоткам во Пало, една од работите кои не сум мераклија да ги правам, посебно не минатото крстарење коа го правев тоа 4 пати. Како и да е, стигам до нивната маса и почнавме муабет на македонски. Потоа нивниот сервер ме праша како се вика наздравје и среќна годишнина на македонски. Негде при крај на сетот менаџерот на Пало ме викна да идам кај нив на маса, па кога разврзавме муабет, па па паа... И таман си викам леле не ги прашав како се презиваат, одам да ја фоткам Тинкербел кога први во ред синот Џими со внуците, е тука им запишав презиме, се измуабетивме, и ептен се здруживме. Дури и наредниот ден Карина ми кажа добро утро, и тоа звучеше мошне симпатично.
Патем, не беа единствени македонци на бродот. На утринска продажба ми пријде еден тип со често македонско презиме, и кога го изговорив фино ми ја погледна значката и викна, Тони па ти си од Македонија, а мислевме дека нема македонци на бродов. Серверот Милан од Србија ни кажа дека нема. Викнав „пичка му мајчина“ барем на македонски можам комотно да опцујам без да му ја мислам. Како и да е, дечкото купи 2-3 фотки и замина од бродот.
Втори ќе ги пишам Клајн од Филаделфија. Госпоѓа Клајн е голем фан на фотки како што пишав погоре и кога ги виде сертификатот и фотките од карактерите кои и ги пратив дојде во Шатерс и ме гушна. Инаку цело крстарење фрчеа доскочици и ремет од обете страни и на крај ми кажа дека ме пишала во комент кард :)
Трето магично семејство се Миодушевски. Мајка, татко две момчиња и едно девојче. Ми беа во сите линии со карактери и беа мошне фини и си реков има да им подарам едно сертификатче со фотки.
Четврти се Рашаад од Њу Јорк. Прво што ми падна во око беше апаратот и блицот на таткото. На Никон 300ѕ имаше некој од помалите никон блицеви со платнен дифузер. Патем и овие фини како Миодушевски, башка се муабетевме за камери и слично, и си реков и на нив ќе им дадам едно сертификатче. Последната ноќ во Шатерс дојдоа кога нема гужва и фино се помуабетивме.
На следните не им дадов сертификат, бидејќи се запознавме на последниот ден од крстарењето, додека чекавме на Пеликан поинт станицата. Се работи за родителите на Даниел од карактер тим, Дејв и Лиз Редфорд од Ајдахо. Мошне фини луѓе, башка шегобијци, башка Дејв работи во општина. Се муабетевме на многу теми и ми го пофалија англискиот :)
Е сеа ова не знам дал да го пишам како семејство, Тан или како камера Лајка М9. Тан беа редовни во линиите, и кога ја фоткав Ана гритерите по навика понудија да направат фотка со камерата на господин Тан, ама тој одби и ми ја даде камерата на мене. Е сеа мене ми е забрането да користам гостински камери, барем не кога има гужва во студио, и така се остана на држење на камерата. Мислам дека јас бев единствен на кој му беше дозволено да ја држи камерата. Оф леле измешав реченици, кога гритерот се понуди за да фотне со неговата камера, јас му реков на гритерот, ааа неее... ти не ја допираш оваа камера :)
И за крај да пишам дека на друг брод замина АМС Карлин, а на нејзина место утрово од одмор се врати Селина од Филипини. Пола од тимот скокаше од радост, што е добар знак :)


Comments
Post a Comment