Дневник бр.61
Оригинално објавено на December 17, 2013
Ким на гости / Џорданки, Мартинс и слично :)
Јухууу, гооооолем шопинг падна на почетокот на ова крстарење во Мерит Сквер Мол. За почеток џанкфуд и стробери шејк од Чик-Фил-Еј и гага нет. Со Карен се начекавме онлајн, таа тој ден беше во Ст.Томас. После тоа шопингот можеше да почне. За почеток отидов до крај на трговскиот до гиковската продавница за да видам ако има некоја интересна маичка, па ми текна дека веќе имам премногу маички и свртев до Финишлајн и Футлокер. Не ме бендисаа премногу патиките таму, па продолжив понатаму. Пред фуд корнер има продавница за календари и друштвени игри и од таму купив мало календарче Стилерс и ѕиден календар со возови, единствена беља е што ќе помине некое време додека татко ми да го види календарот, можеби и пола година ќе пројде :) Потоа ми дојде идеја да си купам бројче за мобилниот, ама... не е зорт :) Во Букс а Милион купив неколку камерчиња и магазин за саати :) Ако купам магазин за фотографија ќе се нервирам што нема да го прочитам, а вака саати, за 7 долари, а биле, а не биле, мање битно :) И сеа иде големата сметка, во Чемпс. Видов дека и тука ги има убавите џорданки што ги видов у Финишлајн, ама коа веќе сум тука... и си ги купив :) Потоа купив и најки за трчање. Продавачот сакаше да ували и маичка, ама му реков дека веќе имам 70-80 дома, и дека мајка ми ме кара што секој договор донесувам по 20тина нови :))) И за крај си купив Мартинс од Џурнис. Додека бев во Македонија кгоа имав пари за чизми или купував патики Саломон, или чизми кои се у иста класа со чизмите на специјалците, со таа разлика што јас не купував Планика, туку гри-спорт :) Бев љубопитен за Мартинс, ама некако не ми се даваа 100тина €. Епа тој ден комотно извадив картичка и си купив еден пар. На излез си викам да купам протеини... ама не е зорт :) На брод први ги сефтосав мартинсот, и пријатно ме изненадија. Да знаев дека се толку комфорни, одамна ќе купев едни :)) Вечерта ги сефтосав и џорданките на кои боите се исти ко на шорцот, така да сеа на ред се чорапи и маичка па да бидам целиот во Ер Џордан :)
Првиот ден на работа го поминав во фото лаб скоро цела ноќ. Видов дека Ли ми направила фолдер со моите фотки од слободната ноќ и уште некој настан. Сеа треба да ги запишам броевите од моите фотки со карактерите кои ги имам и во принтови, па после све да си земам со стикче. Коа сме кај фотки, видов дека Ким пристигнала на брод. И сеа следи изненадување, на два пати се качив горе во лоби, еднаш за сетап на ЛСП и потоа кога Ајк имаше мака со пентабот. Енивејз, одам да се мушнам во сопчето кај што чуваме опрема кога таму, три плавуши, мала ќерка, мајка и баба, познати од некаде... фрлам поглед на нивната картичка која стои на пентабот и коа да видам ХИКСОН, јеее Дилајла Хиксон со мајка и и баба и е на брод.
Од тажни вести да пишам дека ова крстарење бев на мојот прв гостински дрил. Од ова кртарење сум трафик контролер. Утрото во кру тренинг собата со една италијанка од баровите добивме упатства што и како треба да правиме... четири пати. Она кога жена на друга жена и објаснува како да се снаоѓа во територија која е нацртана на мапа... аххх... запамтив буквално се што треба да правам. Инаку дрилот помина фино, со оглед на тоа што ми беше прв пат, и од другата страна на ходникот има фина девојчица од детска грижа, па се издржа пола саат без гајле :)
Овој дел од дневникот е пишан на првата ноќ од крстарењето. Со повеќе интересни настани некој од наредните денови.
----------------
Ноќта после Коста Маја.... Всушност да почнам со денот, море со ноќта пред тоа. Со Ким отидовме во кабината на Рубен. Кабините за офицери на Фентази се поголеми отколку на Меџик. Почнавме со совети од Рубен за мене за што треба да направам за да заслужам Фотог3 статус. Потоа муабетот продолжи на тема Марк, бифшиот дечко на Ким и Џезмин, неговата нова девојка, и после тоа бош муабети и заминав на спиење. Наредниот ден со Ким скокнавме со селото у Коста Маја. Правевме муабет за причините на Ким за доаѓање на брод како гостин, и причините за нејзино во иднина можно враќање на брод. Во селото седнавме на плажа, си порачавме дос екис и за мене фахитас. Едини бед е што немавме доволно време за да седиме таму. Кога се вратив на брод Рубен ми кажа дека јас и Ајк сме трн во окото на Флојд и дека поради тоа што фото тимот има низок рејтинг неколку крстарења по ред можно е да добиеме трансфер на друга круз компанија. Првиот сет ми беше со карактери, и беше раат за работа. Посебно затоа што има ново дуо на бродот, се викаат Тејк Кавер, пејачката во бендот се вика Клои, и изведуваат мошне весели песни, цело време ѕенѕавме со гритерот. Вториот сет ми беше портрет студио на скали, и не беше весело воопшто. Иако ставивме јаже на горниот крај од скалите, плус и маса до јажето, луѓето си врвеа. Јас ги запирав скоро сите. Рубен ми пријде и ми кажа дека го правам на начин на кој воопшто не е пријатен за гостите. Па пичка им мајчина, мене пријатно ми е кога со гостите кои ми дошле у студио чекам некои идиоти да ми се тргнат од студио?! Во вториот сет едноставно кренав раце. Е во вториот сет нова драма. Ми дојдоа 2 пара, првите средовечна стрејт двојка, другите средовични педерчиња. За разлика од повеќето педери кои позираат добро или просечно, овие беа очајно лоши, повисокиот ја држеше мошне ружно раката на рамото на понискиот, му кажав да ја тргне, на што овој нискиов почна да ми драматизира како они се геј двојка, како се венчани, и дека не им се допаѓа како ги позирам. Со брзина на светлината отидоа да се жалат во грижа за гости. Потоа и Рубен го најдоа и на него му се жалеа за мене. Обично многу фино си поминувам кога фотографирам геј двојка, без оглед на полот, ама овој беше драма квин и пол. Но не е се така црно. Последни во студио ми дојдоа Лукиќ. Таткото служел војска во Кавадарци и Гевгелија, па ми збореше за песната Македонско девојче :) После војска заминал за Њу Јорк каде живее веќе 30тина години. Со госпоѓа Лукиќ ја имаат ќерката Изабела која има 7 години и е мошне висока за своја возраст. Муабетот со нив ми ја врати самодовербата дека можам да правам магични моменти со гости :) Како и да е, денес почнав да мислам на темата мое следно работно место. Мислам дека е време да се почне да се бара нова фирма за работа. Рифреш може да преттавува доколку добијам трансфер на друга круз компанија, но затоа потоа... Како и да е, оваа ситуација ме спречува од правење онлајн шопинг. Како и да е, никогаш не знаеш кој пат ќе испадне подобар за тебе во живот. Во минатото не ми беше сеедно кога ме одбија на интервјуто за работа во ВИП, уште полошо ми беше кога ме одбија од Џонсон Контролс, и во двете компании аплицирав веднаш по отворањето, но ете ме сега, патувам низ свет, заработувам многу повеќе отколку што би заработувал доколку ме примеа за работа во некоја од тие компании. На крајот на се, останува да се шири мрежа од контакти, да се учат нови вештини и да се оди кај што никој претходно не одел, или барем од луѓето што ги знаеш никој не бил :)
----------------
И последен интересен настан од целото крстарење е одењето со Ким во кру-бар (после разбравме дека не Ким тоа не и било дозволено, ама за среќа никој не не пријави). Кру барот на фентази е многу убаво уреден, и ги има скоро сите пијачки за кру што ги има за гости. Јас пиев кампари џус а Ким малибу бризер. Бидејќи беше кру гуд бај ноќ барот беше преполн. Во муабетот што падна Ким ми кажа дека сериозно размислува за доаѓање пак на брод. Посебно затоа што има доста слободно време до септември кога оди за Париз на школо за фотографија кое трае 8 месеци. Од досадните работи да пишам дека имав 1 на 1 со Рубен во кое ми ја покажа новата форма на Имиџ за следење на перформансите на своите работени. Првите 2 крстарења сум иполнувал таргет на добар дел од настаните што сум ги фоткал, ама вторите две сум исполнувал таргет само на неколку, што е лошо. Во добри ствари ми стоеше дека имам извонредна комуникација со карактер тимот, ама во лоши ми пишуваше дека ми фали иницијатива, интеракција со гости. Нешто што ме развесели е тоа што ми кажа дека Лојд не одлучува за трансферит, но дека ако не се опоравам, можно е да добијам трансфер. Ми кажа дека морам да пројавам иницијатива и да поминувам малку слободно време во фото лаб во кое ќе научам ствари што ќе ми се корисни дури и ако направам трансфер на друг брод. Ме праша дали свиѓам некоја девојка, посебно дали е некоја од тимот. Му кажав, Ли, ама не знам како да и пријдам, многу сме различни. Ми предложи да пушти муабет, на што јас се спротивставив, сакам сам да ги правам работите. Рубен ми кажа дека и без тоа Ли би била одлична поддршка. Во деновите што следеа размислував на тема дали воопшто вреди да се трудам за унпаредување. Оф, заборавив да го пишам она што ме шокираше. Луи не ја испратил мојата чек-листа. Ама кармата е кучка. На Луи не му беше одобрена нова виза и поради тоа не може да дојде на време на брод.
За крај, магични семејства. Повторно магично семејство ми се Хиксон. Во сертификатот за магичен момент пишав дека и давам сертификат на Дилајла затоа што е „Шампион во насмефки втора година по ред“. Во меѓувреме на Сузи Хиксон и фалеа принтови во фолдерот па порачував за неа од киоск со споредување што има во фолдер и што има на киоск. Кога завршивме со тоа ми даде 20 долари бакшиш што пријатно ме изненади :) Прв бакшиш овој договор. Интересно семејство беа и Лукиќ, Андреј, Ди’рдра и Изабела, ама на нив сертификат им даде Делија :)



Comments
Post a Comment