Дневник бр.62
Оригинално објавено на December 22, 2013
Две ноќи офф
За почеток да пишам дека драма туинк Марк Линдзи замина на одмор, а после одмор иде на Меџик, што значи се откачивме од едно напорно педерче. На негово место од одмор се врати Маја. Речиси 40 годишна жена од Србија. Неколку луѓе од тимот скокнаа од радост кога ја видоа што е добар знак :)
Првата ноќ ми беше слободна и со Џудит, Надја и Маја бевме на вечера во Пало. Паднаа доста муабети, падна фоткање со Хорхе кој беше распореден да фотка Пало таа ноќ. Од побитните муабети би го издвоил муабетот дали вреди да се трча по унапредување во Фотог3. Разликата во плата не е голема, а се вложува доста труд додека да се добие унапредувањето, и доколку не биде одобрено, со нов менаџер се почнува се од почеток. Овој договор немам девојка, ама поминувам троа слободно време во теретана. Следниот Порт Канаверал ќе си купам и протеини по што се надевам ќе кренам солидна килажа и на трка ќе истрчувам повеќе од 5 км :) Патем целта е долгорочна :) Најверојатно до крај на договор :) Кога сме кај слободно време, да пишам дека и дневникот ми одзима доста време, ама со задоволство го пишувам. Едноставно, често ги мерам работите, и преферирам квалитетен живот пред финансии :) Да не заборавам да спомнам и гледање филмови. Минатиот круз ги изгледав првите 2 Петоци. Едноставно не ми се верува како тоа не сум ги гледал досега. Ми останува да го ѕирнам и третиот Петок. Црнечка комедија ФТВ :) После тоа на листа за гледање ми е Warm Bodies, го има на листата на филмови за кру. Ли го гледала 4 пати досега. Ајк се обиде неколку пати да го гледа досега, ама цело време заспиваше, најверојатно бидејќи е потребно малку подобро познавање на англискиот јазик за да се разбере филмот. После тоа сите на различен правец. Џудит напраи неколку ЛСП фотки, јас си купив нова маичка, со блупринт (скица) од Дизни Фентази, Маја и Надја се прошетаа низ продавниците и отидоа на спиење.
На формал најт повторно бев во шатерс и углавно покажував во која насока гостите треба да одат за да ги најдат Д-лаунч, Буена Виста и Волт Дизни театрите, и останати места на бродот. Наредниот ден ја фотографирав Пепелашка, еден од моите омилени карактери за фоткање, поради самиот карактер и поради локациите на кои таа се појавува. Првиот нејзин сет е пред големите скали во лобито, додека за другите два сета таа се појавува пред мозаикот на кој е нејзината кочија. За да биде уште повесело, гритер ми беше Мелоди, мојата омилена девојка кога станува за работа од карактер тимот. Додека ја чекавме Пепелашка ми ја пееше "Do you want to build a snowman" од Frozen :) Единствена лоша страна на овие сетови е што морам да брзам да ја завршам мојата секција во „Маѓепсаната градина“ ресторанот и не можам да помогнам на другите фотографи што негативно се одразува на моите бројки. Ама како што пишав погоре, на кого му е гајле за моите бројки :) Ноќта после тоа отидов во теретана и истрчав 4 Км, јеее :) Одам, овај трчам во нагорна линија :) Во Ст.Мартин не излегов надвор од брод, спиев :))) Пиратска ноќ фоткав карактери на балконот, што значи пак ниски бројки :/ :)
Ноќта после тоа на Ли и го дадов мојот хард диск за да ископира How to make it in America, The Bang Bang club, Annie Liebovitz - Life through lens... А јас... го гледав последниот од трите петоци. Сега можам мирно да спијам :)) Мислам во глобала, бидејќи таа ноќ не спиев ич. Чекав да дојде 6 саат да го гледам изгревот на сонцето над Ст.Томас, Американски Девствени Острови. Горе на 13 дек бевме јас, Надја и Ли. Ли ја пробуваше новата камера, Nikon D610. Едно извонредно парче опрема. Опрчи 2000$ за неа и сеа има грижа на совеста и никој не може да ја убеди дека всушност направила добра инвестиција. Како и да е, укотвувањето и изгревот не беа ништо посебно. Ништо не може да се спореди со Њу Јорк кога станува збор на таа тема. После тоа дремнав на кратко затоа што веќе во 10 саат имав тренинг со секјурити офицерите. Тренингот беше поделен на 2 дела, првиот во траење од еден час и вториот во траење од 2 часа. Едвај издржав да не заспијам. На крајот имавме и тест кој успешно го помина целата група. После тоа пак назад во кревет, и таман кога си мислев сеа ќе спијам ми се јави Нолин да ми каже дека заедно со Ајк имаме резервација во 7:15 во Кабанас, ресторан на 11 кат за кежуал вечера. Вечерата беше ТоБ, раат атмосфера, фина храна, прекркување до макс :))) После тоа Ајк и Нолин отидоа во своите соби, додека јас скокнав во линијата на Пепелашка за да направам фотка во фина облека, а не во униформа :) После Пепелашка скокнав до продавниците каде што купив блузонче за поклон и саат за мене. Немав саат со кожено ременче. Се мислев помеѓу неколку модели, два од Victorinox, првиот со класичен дизајн и цена од околу 350$, вториот помодерен, со поголемо лице и повисока цена, нешто над 600$, со новогодишен попуст би ме чинел нешто над 350$, ама некако не ми се даваат толку пари за саат а и некако многу агресивно ми делуваше дизајност, јас сум сепак кул момак :) Третиот саат за кој се мислев беше Citizen, eco drive со цена од 235$ класичен дизајн на лицето и тенко кожено ременче, многу фино лежеше на рака, ама сепак се одлучив за малку помодерно решение, MARC by Marc Jacobs, со црно лице и бели бројки и стрелки, малку потежок но и поефтин, 202$ или со попуст 121$ :) Во шопингот ми помагаше Тијана од Србија. Официјално се запознавме иако претходно се гледавме во кру-мес и слично ама не паѓаше муабет. Ова е најзин прв договор на брод и во следниот сака да биде на Меџик. Кога и кажав кои крстарења ги имам направено со Меџик и на кои кртарења ќе иде тој брод следната година кажа дека навистина би сакала да биде на тој брод во следниот договор :) И за крај на овој интересен ден шоуто Believe. Духот од ламбата кажуваше вицови на теми поврзани со работа на брод, паѓаше снег (нормално оној вештачкиот) додека Покахонтас пееше на сцена, и уште еден куп интересни работи се случија таа ноќ во театарот Волт Дизни. На Дизни Фентази, тоа е еден од технолошки најнапредните театри во свет.
За крај на крстарењето да пишам дека го срушив својот рекорд во продажба на фолио рамки. 18, заедно со утринската продажба 19. Можеби затоа што цел ден буквално го поминав во Шатерс.
И на крај да пишам магични семејства. За жал поради тоа што Рубен не не потсети преку СМС, и поради моја немарност не дадов ниту еден сертификат. Како и да е, да почнам со Џослин и Џастин Перкинсон. Џослин се сликаше со сите карактери. Понекогаш и се придружуваше брат и, а понекогаш цело семејство. Патем уште на прв поглед ми се видоа интересни бидејќи надворешниот изглед на родителите е како да се заглавени во 80тите. Сепак мошне фино семејство. Втор оди Рајан Фуерте заедно со мајка му и татко му. На формална ноќ таткото и синот носеа црни пантолони, бел смокинг и црвен цвет во ревер. И сето тоа изгледаше беспрекорно :) И Рајан се сликаше со сите карактери :) И трети доаѓаат Чаушевиќ од Белград, за жал не знам каде живеат во америка. Таткото висок, крупен со јаречка брада и мустаќи, мајката малку пониска од мене, и со типично српско лице. Децата на возраст околу 8-9 години. Со господин Чаушевиќ увек паѓаше интересен муабет. Имаше уште 2-3 српски семејства ова крстарење на Фентази, ама тие не беа многу по сликите :)



Comments
Post a Comment