Дневник бр.63
Оригинално објавено на December 29, 2013
Католички божиќ
Ова крстарење е божиќно крстарење бидејќи америте слават божиќ на 25ти декември. Бродот е полн, добар дел од гостите се семејства од по 15-16 членови, и е поприлично скапо крстарење. За мене почна со шопинг за таен дедо мраз. Минатото крстарење Рубен отпечати лифчиња со имињата на сите членови во тимот и секој извлече по едно. Потоа ни подели формулари на кои пишавме што не интересира и што би сакале да добиеме за божиќ. Секој треба за својот таен дедо мраз да купи нешто во вреднсот од 20$. Јас според листата што ја видов од мојата личност имав некој нацрт план што на крај резултираше со купување дуксче од 40$, ама преубо е и за преуби работи не се штеди :) Како поминала целата дешафка ќе пишам во следниот дневник. Патем додека сум кај шопингот да пишам дека си купив air jordan чорапи, на попуст 3 за 30$. Кога бев во средно си купував од чорапите 3 за 100, и ни на крај памет не ми паѓаше дека еден ден ќе купувам од скапите чорапи. Ги слушав другарите од средно како купиле скапи најки или адидас чорапи и дека се презадоволни, ама тоа ми изгледаше како џабе потрошени пари. Енивејз, сеа коа печалам над 2.000$ месечно, можам да си дозволам да пробам. Додека го пишувам тектов чорапите се перат, така да рецензија, во иднина :) Мојата пасија кон интересни мајци ја знаат сите кои ме познаваат малку повеќе, малку од тие знаат дека една од најкул мајци што имам видено е онаа со текст KEEP CALM AND DONT BLINK. Епа денес конечно си купив и јас една :) И уште една битна стварчица која си ја купив денес, протеини и чаша со жица за полесно мешање на тие протеини. Како што не бркам унапредување и немам женска, има да се фрлам на вежбање :) За крај на овој мошне интересен ден се случија два интересни настани. Првиот беше групна фотка пред Gingerbread House (ме мрзи да барам соодветен превод на македонски) и во LSP студиото. И го гледав Saving Mr.Banks, филм за тоа како Волт Дизни е борел за правата да ја екранизира Мери Попинс. Една мошне интересна и трогателна приказна. Ема Томпсон како авторката на Мери Попинс е брилијантна, заедно со Том Хенкс како Волт Дизни, нема утка, филм кој мора да се погледа. И да го направам крајот на првиот ден од ова крстарење досаден, еве ќе пишам дека ми вртат две машини со алишта во пералната :)))
Целото крстарење во глобала ми се виде мнооооогу долго, не знам зошто но имав чувство ко да сум на 12 дневно крстарење. На крај испадна доста доходовно, продадовме еден куп фотки и цедиња :)
За божиќ во кру-мес имаше мошне фина храна. Имав 15 минути луфта меѓу карактери и ресторан, и се фрлив на кркање :))) Последната ноќ имавме вечера во Кабанас, и една од работите кои би ги издвоил е шејкот од јагода, навистина добар :) Земав два, и малку закаснив за назад на работа.
Друга работа која би ја издвоил како надвор од рутината е шопингот во Мега. Додека пазарував Карлос ме праша кои се ограничувањата за алкохол што можеме да го внесеме на брод. Му кажав 2 шишиња до 14% алкохол. Додека плаќав на каса сметката ми беше 102,50$ а јас во мене имав само 102 долари. За среќа Карлос беше позади мене па ми даде долар. После тоа ми даде едно шише вино да внесам на брод, му кажав дека ќе го чини тоа еден долар :) Коа сме веќе кај шопингот купив еден куп потрепштини и сикспек оранџина. Во последно време тоа е мојот омилен газиран пијалок.
За крај од ствари што ги правев, да се пофалам дека истрчав 5 километри на трака. Ден претходно се случи инцидент со Ли. И пратив СМС порака која не и се допадна па ме пријави кај Рубен. Толкав гнев немав почувствувано од мноооогу одамна. Сета таа негативна енергија ја испукав во теретана. Попат заработив и запаление на мускулите на градите, ама мање битно.
И последната рубрика во дневникот магични семејсва. Повторно не пратив сертификати... мрза, голема... но да почнам, и тоа со Вилијам Барон кој има 2 години и себе си се вика Виж’ж’ж’м. Ми правеше друштво додека чекав да дојде Доналд Дак на скалите. Мошне енергично детенце, да се смири го фрлав во воздух што многу му се допадна :) Неговите родители ми кажаа дека можам комотно да направам трансфер во јаслите на бродот, ме бива со двегодишни деца :) Втора е Карен од Мериленд. Ни правеше друштво на мене и Анџелика додека ја фоткав Мини на Маунт Растмус на Каставеј Ки. Цело време збореше за тоа како има некој во костимот на Мини, и тоа гласно. Никако не ни успеваше да ја смириме жената. На крај нејзиното семејство дојде пред Мини да замине, па застанаа покрај Мини за фотка, па облекуваа мајци, соблекуваа, се преместуваа... аааа... На крај чкрап, фала, пријатно :)



Comments
Post a Comment