Дневник бр.64
Оригинално објавено на January 5, 2014
Среќна Нова Година 2014, Japz Rullzzzz
Второ по ред скапо крстарење на кое патем бродот е поприлично полн, 3856 гости. Фоткав укрцавање, и брзав и брзав и цело време имаше линија, и луѓе идеа директ на брод, и уау... на крај преживавме :) Поле тоа склопував од малите рамки, растурање студио на брзинка иии.... тимска вечерааа :) Требаше во Аутлук, еден од баровите на бродот, ама не префрлија во Кабанас. Со Џеф идевме по храна неколку пати и на крај започна журката. Прво „Таен Дедо Мраз“. На Надја и купив зимско дуксче Under Armour кое мошне и се допадна :) Не успеа во три обиди да погоди дека тоа сум јас, нејзин Дедо Мраз овој божиќ. Мене таен Дедо Мраз ми беше Тери и го погодив од прва кога ја видов маичката на која пишува "Thats what She said", во кутијата имаше и врвка за клучево Steeler и приврзок за клучеви Lakers. Уште кога ја видов маичката се изгазив од смеење и знаев дека е тој. Тогаш тој ја кажа приказната како сето тоа започна. Едно утро влагам во фото лаб и Тери ме праша What's Up? и јас му кажав ништо, ама баш ништо, и тој ми оговори That's what she said. Позевзечки одговор немам добиено дооооооолго време. Енивејз, после таен дедо мраз, се фрливме на кркање, а после тоа и на пиење во кру бар. Не знам дали пишав порано, ама овде у кру-бар за кру ги има скоро истите пијачки што ги има и за гости, така да ја најпосле уживам у кампари џус, или кампари оринџ, пошто се прави со сок од портокал :) Додека пишувам за првиот ден на брод, да пишам дека тоа не ми се единствените подароци. Мина и Јукари ме изненадија во Шатерс, ми подарија ремен за камера од Tokyo Disneyland. Црн со дланките на Мики на крај, мнооогу слатко :)
Вториот ден беше пиратска ноќ бидејќи во Ст.Мартин се слави Нова Година. Утрото фоткав принцес гедеринг, после дооооооолго време, и за прв пат Бел. За беља не земав позадинско светло. Марк беше љут, ама ми го намести светлото набрзинка па остатокот од сетот помина со соодветно светло. На ручек Мелоди се шегуваше со мене, ми велеше дека сум ја напуштил, ама и кажав дека вечер ќе го фоткам Доналд Дак, така да, да не му ја мисли :) На пиратска ноќ углавном имам само пола саат за фоткање рези бидејќи фоткам карактери кои се преклопуваат со времето за фоткање во ресторан. Првиот сет направив 178/200 ама затоа вториот сет почнав на време и влегов во ритам, ни на крај памет не ми беше да проверувам како ми одат бројките, само гледав на време, да стигнам на време за Гуфи, на 7-8 минути пред почеток на сет видов 234/180, си реков УАУ... ми остана уште една маса со 18 луѓе на која лесно можев да отидам преку 250, ама серверите служеа храна, и чекав и чекав и на крај му ја остаив масата на Хорхе. Кога се качив горе видов дека Гуфи го нема, ниту е на листа ставен. Како и да е, Капетан Кука и Г-дин Сми не ми бегаат никаде. Беше мошне луд сет. Имаше размазени гости во линијата, Малија беше на маки како гритер, ама на крај се испадна фино. После тоа во фото лаб ме пречека писмо од гостин. Некои од гостите се толку воодушевени од целото кстарење така што пишуваат опширен текст во кое е заблагодаруваат за прекрасниот одмор кој го поминале на Дизни Фентази. Семејството Садикан не ми упаѓаше во око како нешто посебно, ама како и да е, секогаш бев насмеан со нив, ги прашував како им бил денот, итн... така што на крај ме ставија во листа на луѓе кои им го направиле одморот :) Магично, нели :) Подобра мотивација за работа, здравје. Рубен е импресиониран од тоа како збирам добри коментари и добивам писма :) Мислам дека работите почнуваат да си доаѓаат на свое место :)
За третиот ден Рубен реши да го откаже фоткањето ресторан. Како и да е, многу нешта се менуваа во текот на денот така што на крај испаднаа 4 или 5 различни верзии од распоредот. Тоа направи конфузија во тимот, ама како и да е, студијата беа отворени на време, сите карактери беа фотнати и ондак то. Ствар што се издвојува се два инциденти со една иста госпоѓа. Се работи за една вообразена 42 годишна кучка која изгледа ко да има 50+. Првиот инцидент беше во Пало каде што фоткав јас. Таа беше на маса со два пара пријатели кои изгледаа мошне младо и за групната фотка кажав ајде сеа вие позади мама. Леле кога почна да чади ко чајник, „Јас мајка?!“ Нејзините другарчиња се газеа од смеење, но тоа не ја спречи да му се издере у фаца на менаџерот на Пало. Потоа отишла со ќерка и да се фотка пред џинџербред хаус и Џеф и се обратил со „баба“. Работата станала толку драматична што стигнала до Лојд, хотел директорот. Наредниот ден имавме митинг поради нејзе, краток ама сепак митинг на кој Рубен ни кажа да бидеме повнимателни кога им се обраќаме на гостите. Баш ме интересира како ќе се одвива работата со чудовиштето. И за крај на денот не е се така црно, има жолто, и малку виолетово, не се Лејкерс, туку Dispecable Me 2. Извонредно филмче.
Четвртиот ден бродот беше во Ст.Мартин, ама моето срце јуначко после кру-дрил ојде во кревет да продолжи со спиење. Бидејќи беше 31 декември и сите беа дотерани за пречек на новата година Рубен отиде до максимум со распоредот на студија, фоткавме вкупно 7 студија и 4 карактер линии. Јас ја фоткав четвртата линија која беше за Пепелашка. Од толку многу места за фоткање и неколку претходни појавувања на Пепелашка, за 15 минути само 4 семејства дојдоа да се фоткаат со неа :) Потоа скокнав до Прелудс да ја заменам Џудит која беше замена за Луси додека таа беше на тренинг. Додека фоткав со прелудс камерата мојата ми беше обесена на рамо. Мина и Јукари беа среќни кога ја видоа мојата камера со ременот кој ми го подарија :) Добив комплименти и од други гости и од неколку луѓе од карактер тимот. После фоткање на „Магичната градина“ скокнав до Пало, и овојпат се помина мазно :) Вториот сет сепак ми избега од контрола кога во големата кружна соба се појави големо семејство руси кои цело време имаа некого во тоалет. Морав да се враќам од дек парти во Пало само ради нив. Коа сум веќе кај дек парти, повторно го фоткав мојот омразен настан, дек парти. Се движев на 12 дек, и беше ОК, или барем јас така мислам :)))) Потоа се симнав да помогнам во растурање на студијата и со Надја и Маја истрчавме на дек 4 за да го гледаме огнометот. Потоа дојдоа Ли, Тери, Селина и Џудит. Огнометот беше изненадувачки краток во споредба со огнометите на Меџик кога фоткав пиратска забава. Кога си честитавме Ли ме гушна цврсто, многу цврсто што ме изненади. За крај на вечерта со Ајк и Соломон отидовме на новогодишната забава на која беше премногу гужва по што се вратив у кабина. Не баш гламурозен почеток на новата година :))) За да не биде се така црно отидов во теретана и се изнавежбав, толку многу што наредниот ден имав болки во коленото.
Ст. Томас беше онака, ОК, без брзање. Ѕвезда на вечерта беше Духот од приказната за Аладин. Аладин и Духот имаа 3 сета во Прелудс. При крајот на вториот сет духот зеде една од саксиите што беа позади него и ја држеше во раце за фотка, а на наредната гостинка и ја даде саксијата во раце да ја држи за фотката. Толку се немам смеено од мнооогу одамна. Истото го направи и при крај на третиот сет.
Третиот ден на море почна фино, спиев ко бебе скоро 8 саати. Нешто што ретко се случува на брод. Ја фоткав Ана во текот на утрото, а вечерта фоткав карактери во Прелудс пак. Инаку добив втор перформанс лог поради немање велкро трака околу пентабот. На Рубен му реков дека воопшто немаше трипод горе, морав сам све да склопам на што тој ми одговори дека тоа не е одговор, требало да се јавам на Тери или Марк. Инаку не сум само јас, и Надја и Ли добија исто. Како и да е, уште едно крстарење, мислам дека ќе го преживееме со Рубен. За крај на денот јадевме пица на дек 11, после дооолго време, радости :) Никогаш не ги цениш работите додека не ги изгубиш и целосно уживаш во нив кога ќе ти се вратат. Аххх... привилегии :) Оу, и да не заборавам да пишам дека фоткав Пало, по трет пат оваа недела, више преку таквото. Единствена весела работа е што некои од гостите во Пало реагираат на мојот нов ремен за камера по што се разврзува муабет итн.
Последниот ден од кртарењето беше чуден, навистина чуден. Започна со навистина лошо време. Од магла не се гледаше ништо. Рубен реши да го отвори Шатерс, а мене ме прати да фоткам карактери на балкон. Карактер менаџерот Рајан направи некаков распоред и веднаш имаше и нови навигатори кај гест сервис, па не беше тешко да се следи што се случува. Имаше 3 линии со карактери. Во меѓувреме Комодор Том успеа да го вкотви Фентази на Каставеј Ки. Дури имаше и карактери на островот. Нормално Рајан не му прати инфо на Рубен, ама за среќа круз директорот му проследи инфо на Рубен па некој од тимот ги фати тие карактери :) Иако мислев дека времто надвор е навистина лошо фотографите што фоткаа плажа се вратија со скоро 800 фотки. Вечерта беше навистина гужва у Шатерс. Наредното утро имаше некои ситуации кои се нови за мене, па морав да ги проследам до Џудит и Селина. Тие ми се налутија поради тоа, но ситуации со луѓе понекогаш навистина не знам како да ги решам, посебно со дизниевите полиси покрај полисите на Имиџ. Како и да е остваривме таргет и за Имиџ и за Дизни. И да не заборавам да се пофалам дека продадов 21 рамка, и бев единствен што не заборави да закачи извештај на огласна табла :)
И на крај магични семејства. Ќе пишам за 5 парови, семејства, сите од Јапонија. Имаше еден куп јапонци, но 5 посебно се истакнуваа, барем за мене :) Ќе почнам со Ајуму, девојче во рани тинејџ години, често се појавуваше исто облечена како Мини Маус. После идеме со Томоми и нејзината другарка на која и го заборавив името. Томоми доаѓаше на сетовите во убави фустани, високи штикли, косата скоцкана ТоБ, некогаш и со уметови, некогаш со перика, ама секогаш изгледаше најпопрекрасно :) Лицето не и беше баш најубаво, ама зрачеше со некоја посебна аура. Ме потсети на една личност од Македонија :) Е сега идеме со семејствата на кои им дадов сертификати за магични семејства. Први ќе ги спомнам Ишимура со нивните две мали синчиња. Ме памтат од нивното прво крстарење од Њу Јорк до Бахамите, потоа беа и на едно од 4 дневните крстарења во Медитеранот. Нивното трето крстарење беше ова новогодишно на Фентази, и повторно јас нивен фотограф :) Беа многу среќни поради сертификатот и фотографиите од карактерите па ми подарија бисквити од Јапонија и 10$ бакшиш во многу интересно ковертче со Мини Маус во кимоно :) Втори да ги спомнам Сатоми и Казуки, млад пар, другарчиња на Мина и Јукари. Сатоми и Казуки беа во сите карактер линии така да, е дружевме доста :) Разменивме мејлови. Се надевам ќе ги видам наскоро пак :) И за крај Мина и Јукари. Нашето пријателство датира од едно од канадските крстарења кога тие беа во сите карактер линии. Еднаш Мина дотрча од пуш пауза во карактер линијата и здивот не и беше нај-нај па и дадов една ментол лента Листерин. За оние кои не ги пробале, ова се ментол ленти кои убиваат 98% од бактериите во устата, првата лента е љутаааа, ифрит :) Како и да е, после здивот е најпријатен на свет, а јас, Мина и Јукари станавме најдобри пријатели. Втор пат се видовме на едно од крстарењата низ медитеранот. Тогаш ми кажаа дека за нова година ќе бидат на Фентази, на што јас им посакав да си поминат најпопрекрасно на свет :) Кога дознав дека ќе бидам на Фентази им пратив мејл. Прв пат се видовме на укрцавање кога е гушнавме и скокавме заедно, гостите што беа позади нив гледаа со чудење, ама јбг, јапонска работа ^.^ За нив од македонија купив два приврзока за клучеви, едниот во форма на срце со македонското знаме во средина а вториот во форма на мапата на Македонија на кој пишува iLove Macedonia. Бонус подарок за мене и за Ли беа штипки со снешковци од Токио Дизниленд :) Следната година Мина ќе крстари со своите родители, така да, ако се погодиме на ист брод ќе биде журка журка :) Секако не смеам да заборавам да пишам дека добивам многу позитивни коментари за ременот кој ми го подарија. Најдраг подарок кој го имам добиено за нова година, подраг и од пакетче од Краш :) Последниот ден во текот на шоуто покажуваат фотографии од луѓето кои биле на бродот и покажале фотка од Мина и Јукари, беа повеќе од среќни. После сето ова, како човек да не посака да отиде во Јапонија, чисто да ја види нивната култура од блиску.



Comments
Post a Comment