Дневник бр.65
Оригинално објавено на January 12, 2014
Антони Поповски е човекот / догледање Џефри Бишоп
Конечно привршува празничното лудило... При крајот на крстарењето ги растурија елката и џинџербред хаус, на островот и снешкото го снема :) Кога сме веќе кај работи што ги нема, ќе ја нема ни Тинкербел, нејзината пријателка го напушти бродот поради здравствени причини. Од ствари што ги има, тоа се нови крузери, луѓе кои крстарат за прв пат, и добар дел од нив се латиноси... Карактер линиите беа лудница. Се надевам со тек на време ќе се смири ситуацијата :))) И да не заборавам да пишам дека и на ова крстарење имам пријател од претходни крстарења, Еје Густафсон е пак на брод, овојпат со целото семејство :) Имам тука за воведов уште многу нешто да пишам, ама ќе пишувам по ред.
Како и да е, денот започна со појадок од Чик-Фил-Еј :) малку сурфање набрзинка на лошиот интернет во фуд корнер, во еден момент Тери дојде па може да се каже дека појадувавме заедно :) Е после тоа започна шопингот :) Планот беше црна маичка од Аеро, бела кошула од Ти Џеј Макс, ама на крај испадна дека нема маички во Аеро ама за среќа најдов уште подобри во ТЏМ. Купив две, купив и две бели кошули, сето тоа за 60$. Инаку омилен бренд во последно време ми е Џордан, па скокнав до Чемпс по маичка и слично, и најдов многу фина една, најдов и дуксче адидас, најпопрекрасно на свет. Има да бидам ептен модерен :) Отидов во Букс а Милион по енциклопедија за Стилерс, и се вратив со енциклопедијата, списание за тетоважи front, спорт илустрејтид - бади ишју (издание со актови од спортисти), и becoming pro списание за фотографија. На крај и се зачленив во Букс а Милион :) За крај на шопингот шишање. Крајно време беше да се шишам, почнав да личам на руски писател, офицерите од Русија почнаа да ми викаат „Привјет“... и се рашишав :) Вечерта имав густ распоред. Дрил, митинг на кој Рубен кажа пред целиот тим за моите добри коментари од гости, потоа фоткање на Пепелашка со „интересните“ гости, сетап на ЛСП со Ајк кој успеавме да го направиме пред 7 саат, фоткање во Пало каде што имаше само 2 маси со гости и една со фотографи. Џеф, Ли, Тери, Селина и Рубен имаа вечера, ама Ли беше на кратка пауза па ги фотнав останатите четворица. После нов сет, со Бел и Пепелашка, пак во Пало кај што имаше уште 2-3 маси со гости, малку повеќе маси со кру, и комплетна фото маса. Кратка пауза, нова дружба со Бел, пак кратка пауза, растурање на студио.... хух... вечера со вистинска храна, пишување на дневник, перење на новите алишта...
Наредниот ден формал најт, пак јас во трафик контролер во шатерс, третиот ден Гранд Кејман, фоткав во Прилудс, и кога завршив скокнав на брзинка до кабина па се качив горе и го видов Еје. Ми рече дека ме барал наваму натаму низ брод и не може да ме најде. Падна споредба меѓу Меџик и Фентази. На Меџик едноставно налетуваш на луѓето, нема потреба од договарање или нешто слично, бродот е мал и можеш сите да ги видиш. На Фентази треба да провериш кој каде работи во кое време, да се надеваш дека тој/таа не скокнал на 2-3 минути до друго место... Енивејз, Хорхе немаше гужва во неговото студио па падна фин муабет меѓу тројца фотографи :) Она што е битно за Грен Кејман е што имавме СПА ноќ за целиот фото тим од 11:30 до 2 наутро :) До крај останавме бувовите, јас, Тери и Ли :) После тоа Тери и Ли останаа да пијат вино во ходник, а јас напраив заеб, им се придружив со смирноф ајс. Да биде бељата уште поголема некаде во 4 наутро бродот почна да се ниша, и тоа многу. Мислам дека нема да пијам алкохол во догледно време :/
Во Коста Маја не можевме да се вкотвиме поради лошото време, па бродот сврте кон Козумел и таму пристигнавме во 7 вечерта, а веднаш штом завршивме со работа со Тери и Џеф скокнавме до Маргаритавил кој беше преполн со морнари. Јадење, пиење, весеље, весеље :) Ни наплатија само за храната, пивото и текилите ни беа гратис (додуша коа ќе ја видиш сметката ќе видиш дека пијачката е пресметана воо цената за храната, ама мање битно :) ) И на одење до Маргаритавил и на идење назад имаше ситна роса и ветар, но не беше ладно, доле носев мартинс и шорц а горе мајца и дукс и ми беше таман. Џеф викаше дека времето е такво во Англија кога врне во лето, само што е поладно. Беше среќен што на неговата последна посета во Козумел за вториот договор му се случи овернајт.
Утрото во Козумел скокнавме тројцата до продавницата за алкохол спроти Маргаритавил каде што најдов, та-дааам, Милка чоколади и без размислување веднаш купив 3 различни :) После тоа ме однесоа во Коразон Контендо, официјално снек-бар, неофицијално омиленото ресторанче за појадок на фото тимот од Дизни Фентази.Местото е малечко, како едноспратна куќа со 4 соби од кои три една е приемна со шанк и 2 маси, 2 соби со по 4 маси и кујна. Имаат пристојно добар интернет, служат кафе по американски систем (цело време ти дотураат се додека не им кажеш дека неќеш више). Мислам дека и мене ќе ми стане омилено место во Козумел :) За крај на утрото експресно брз шопинг во Мега и назад на брод. Вечерта додека го фоткав Доналд Дак на балкон дојдоа татко и син, синот отиде да се слика со Доналд, таткото ја подава картичката и читам Стипица Поповски. Си велам, овој мора да е Македонец (после еден куп пољаци со презимиња кои ги има и во Македонија). Го прашав на македонски, каде живеете во САД и тој ми врати дека не живее во САД, туку во Македонија, во Скопје. Го прашав дали е стоматолог, ортодонт и тој ми потврди. Тогаш се сетив, Стипица Поповски, докторот кој ми направи протеза на забите кога бев во средно, и кој направи протеза и за сестра ми Сања. Никогаш не се ни надевав дека некогаш ќе налетам на гостин од Македонија на дизниев брод, но ете се случи тоа и тоа човек кој го имам запознаено порано, додуша го немав видено 13-14 години, ама добро се сеќавам на она што тој го направи со моите заби, единствено ми е криво што поради сплет на околности не ја истерав терапијата до крај. Во наредните денови на неколку пати имавме можност да се помуабетиме. Неговиот син Антони е мошне фино момче и голем фан на Чип и Дејл. На сертификатот за магични моменти го ставив Антони и пишав „Прв Македонец на Фентази“.
На почетокот на крстарењето бев скептичен дека ќе најдам фини луѓе меѓу гостите, но испадна да има неколку фини семејства. Додека фоткав во Еншантид Гарден стигнав до масата на Морган Хики и мајка и, на која имаше уште еден пар мајка и ќерка. Морган е тинејџерка и прв пат крстари, и е голем фан на сите дизниеви цртани. Додека ги фоткав на маса и реков на Морган, ајде сега Морган застани од другата страна, на што другата жена праша од каде и го знам името. Мајка и одговори дека се имаме видено 2-3 пати во линиите за карактери. Тогаш решив да и дадам сертификат и на Морган. Наредниот ден таа ми подари голем црвен хамер со бели точки и бело поле во средина на кое се големи букви пишува Thanks Tony! и одоздола со ситни букви Love, Morgan. Кога ќе се вратам во Македонија ќе го скенирам на А3 скенер затоа што таков мил подарок не заслужува да се дигиталира на имровизација од опрема. Последниот ден на море бев во Шатерс каде што освен муабет со интересни гости од време на време немаше ништо друго интересно. На Каставеј Ки фоткав карактери пред Маунт Растмор. Тука покрај Антони и Морган ги видов и брачниот пар Шо. Господин Шо е голем шегобиец, и физички и во биење на шегата. Не ми текнува како се здружив со овие луѓе, можда сум им направил ТоБ фотки коа се глупирале со некој карактер, или можеби сум тропнал некоја блесава шега во Пало, можда и двете. Како и да е, им дадов сертификат за магично семејство на кое напишав „најкул семејство на Фентази“.Додека ги фоткав со Мики на Растмур замолија нивни пријатели да направат фотка како јас ги фотогрфирам нив, и потоа им се потпишав во албумот, нешто што многу ретко се случува :)) Вечерта во шатерс падна муабет со Еје на тема магичен сертификат. На неговиот напишав „најдобар фотограф на 7те мориња“, на шега ме праша, нели си тоа ти? Му реков, нее... ти го ѕирнав блогот... знам колку си добар :)
Вечерта затворивме фото лаб во 12:30 по полноќ што ретко се случува и со Тери и Ли се качивме на дек 14 да му направиме испраќање на Џеф кој ќе биде на одмор до средината на март кога го очекуваме повторно назад. Тери и Ли во последно време многу муабетат за теретана у стилу од утре вежбаме, што мене лично ми звучи како куче што лае, не каса... Како и да е, видов дека е 2 наутро а утре треба да станам во 9 што значиии... имам саат време за теретана :) Додуша не беше саат туку 34 минути на трака, 5,7км што не е лошо :) Со повеќе неверојатни авантури во слендиот дневник :)))


Comments
Post a Comment