Дневник бр.66

Оригинално објавено на January 19, 2014 

Догледање Карлос Овиедо и Рубен Коли

Утрото во Порт Канаверал се случи настан кој се мислев дали да го ставам во претходниот или во овој дневник, ама сепак ќе го ставам во овој. Таман излегов од туш кога на телефон ми се јави Селина да ми каже дека гостин оставил нешто за мене и таа го донела во фото-лаб. Таму ме пречека шише шампањ на кое имаше лифче на кое пишува само Tony (Photo). го бутнав во непроѕирна ќеса и го однесов во соба. Размислував кој би можел да биде, ама не можев да бидам сигурен. Подоцна во текот на денот одговорот ми дојде на ФБ :) 

За мене ова крстарење беше различно од претходните по тоа што фоткав црно студио и позадината со свод. После доооолго време портрет студио кое не е скали :) Не бев нешто посебен во квантитет и во квалитет. Можеби и поради ограничувањето кое го имаме за студија да не фоткаме многу, туку да следиме шема со претходно зададени пози. 

После пиратско рези моите вештини како фотограф беа ставени под прашалник од страна на Рубен и оној/онаа што ги принташе моите фотки велејќи дека имам многу аут оф фокус фотки. Не знам дали бељата е само во кит објективот 16-85 или во спрегата меѓу објективот и Д90 телото, ама му направив тестирање набрзинка на мојот фото апарат и очигледно идеше аут оф фокус на добри светлосни услови. Дури почнав да размислувам на темата купување опрема, бидејќи и онака ќе останам уште доста време со фирмава, ама бидејќи Рубен си иде, ќе пробам пак да видам како ми иде следното кртарење. Ако успеам да ја скротам мојата чкартоина од опрема. 

Инаку имав и неколку специјални барања ова крстарење. Првото беше еден постар пар во Пало. Славеа роденден. Јадните тие, нивниот багаж стигна после 5 дена од крстарењето и не можеа да одат во студијата бидејќи не беа прописно облечени. Потоа иде семејството Хорн кое се состои од средовечни маж и жена со нивниот син тинејџер. Бидејќи сме им прескокнале маса додека сме фоткале рези, менаџерите решија да ја пратат Луси да им направи фотки наредната ноќ. Луси беше испаничена бидејќи жената беше бааги цепидлака па ме замоли мене да одам место неа. Бидејќи и онака бев распореден да фоткам Пало решив да ја заменам. Првин не им се допаѓаше опкружувањето во Аниматорс Палет, кафеави ѕидови и сл, па излеговме до влезот на ресторанот кој е троа побел и има скици од неколку Дизни и Пиксар карактери. На крај жената ми најде маана на сите фотки, ама купи 3, и купи и 2 рамки. Тука цепидлачеше за тоа како да ги смести нејзините три фотки, па ориентацијата на фотката од бродот, па фотката од карактерите... аххх. Енивејз, Нејзиниот сопруг е мошне фин човек и си напраивме многу фин муабет на тема снег. Му кажав дека во Македонија има неколку инчи снег, а тој ми врати дека во Аљаска има неколку стапки снег, и дека ќе ме викне да му помогнам во чистењето на тој снег :) За крај коа завршував со нив во Аниматорс, еден од серверите ме викна да дојдам на неговата маса бидејќи неговите гости сакаат да им направам фотки. Таман коа си викав ВТФ... ме пречека една црна газела, милф и пол со нејзиниот бел висок сопруг. Си реков себе си, види го, среќно копиле, каква жена има... Во фото лаб сите момци се согласија дека жената има убави очи и гооооолемо срце, некои од девојките беа ВТФ?! Јас само би ја цитирал Дивна Пешиќ, „Завидл’к“ :))) 

Во Ст.Томас бев ужасно уморен и ми се спиеше, така што промашената средба со Анико и добро ми дојде. Нејзиниот брод направи промена во крстарењето и наместо во среда отиде во Ст.Томас во четврток. Се надевам на почетокот на февруари дека се ќе биде во ред и конечно ќе ја видам. 

И за крај интересни семејства. Првин ќе ги пишам Мартинез (мислам дека така се презиваа), мајка, татко и две синчиња Саломон и Салваторе, возраст 4 и 2, вештини во позирање очајни. А нивните родители толку многу сакаат фотографии... завршија со мнооогу фотки. На последната ноќ господин Мартинез силно ми ја стисна раката и ми се заблагодари за се она што направив за неговото семејство. А сега моето магично семејство, Грејслин (рани тинејџ години), Кимберли и Патрик Метинсон. Просечно американско семејство со троа повеќе килограми, и уште повеќе пријателски однос со мене. Ова крстарење имав само едно магично семејство, едно ама вредно. 

Ух, за малку да заборавам да пишам за поднасловот... После 2 месеци на Дрим и 2 на Фентази, Рубен оди на одмор назад во Индија каде го чека жената со новороденото синче. Кажа кога ќе се враќа на брод, ама кој да памти :))) Можда ќе се видиме наскоро, можда во малку подалечна иднина. Карлос после 6 месеци на Фентази си иде дома во Колумбија на 3 месечен одмор. Се враќа кон крајот на април, така да ќе се видиме наскоро пак :)

Comments