Дневник бр.67

Оригинално објавено на February 1, 2014 

Добредојде Алан, Милорад и Карлос Херера

Да започнам со поднсловот :) Алан Карпентер е дифолт БМ на Фентази, и досега беше на одмор. Дојде на утринска продажба и ми личеше на гостин, висок, плав јужноафриканец кој сега живее во Романија. На прв поглед личи на кул момак, а и 100 посто е порелакс отколку Рубен кој цело време го држи тимот под тензија. Милорад, или Мики како што го викаат по дома, или Мајк како што му е значката е србин кој претходно работел на Дрим. Имал троа подолг одмор па ова и наредното крстарење му се за влагање во форма, баш ме интересира каков фотограф ќе биде после тоа. Карлос Херера е од Колумбија, го познав дека е фотограф уште во ходникот пред кру-офис по тоа што лоупро ранецот му беше обвиткан со водонепропустливата обвивка :) 

Утринската продажба со 2 човека мањак помина мошне мазно по што отидов до Мерит Сквер Мол. Поради тоа што во такси комбето имаше дечко и девојка кои идеа на друга страна на Кејп Канаверал имав можност да го видам градот од друга страна. Секогаш ми се допаѓа повеќе и повеќе. Во трговскиот проверив мејл, кркав џанкфуд, купив витамини, ии... досадно, нема што да се прави. Се што ми треба имам купено па фатив назад на брод. Кратка дремка и еден од најнапорните денови за мене. Прием на репро материјали, гест дрил, митинг, Пепелашка на балкон, Пало, пак Пепелашка, Бел, пауза кога кру мес е затворен, Пало, пак Бел, брејкдаун... дооооооолг ден, и да биде понапорен отидов во теретана. 

Наредниот ден ги фоткав Вуди и Баз преку ден по што цело време сортирав фотографии во фото лаб што ми дојде онака, фино. После работно време отидов на дек 14 на спортска журка, нешто како дресови се препорачана облека а-у. Отидов со Маја и Надја, горе ги најдов Ајк и Луси, ама кога видов колкава е линијата на шанк си реков втф... сменив шорц и отидов на дек 4 да трчам, ама за беља у 1 по полноќ почнуваат со чистење и декот е мокар а јас отидов у 1 и 10 :/ Енивејз, се симнав до теретана каде што овојпат го победив Тери во подавање медицинка од 6 кила :) 

Трет ден, бродот е во Грен Кејман. Завршивме сетап за пола саат и ги наполнивме сите фолдери со фотки за 40 минути. Колку е добро да се работи во голем и квалитетен тим :) Или гледано до друга страна ти остануваат 4 саати за попладневна дремка, доволно да се надомести за недоволно спиење во текот на ноќта. Како и да е, болките од теретана сеуште се тука, само менуваат места, овојпат ме боли грбот :/ Ноќта ги фоткав на кратко Мики и Доналд пред конфети позадината, после тоа фоткање во градината. После вториот сет останав во фото лаб за да ги спремам за принтање моите фотки. Видов колкава беља ми се дешава со камерата. Решив поле работно време ќе ја тестирам камерата со 3 различни објективи и ќе земам уште една камера за споредба. Решив да жртвувам самба денс аеробик на дек 14 со Анџелика за да видам што е причината со голем број на мои фотографии кои се аут оф фокус. Пред да дојдам на брод 3 години користев Canon 40D со 17-85 IS USM објектив и немав ниту една аут оф фокус фотка. На брод редовно бев најлош на поле аут оф фокус фотки од ресторан. Бидејќи ќе останам уште неколку договори на бродови решив да видам кој дел од опремата ми праи бељи. Во наредните денови ќе треба да видам која опција ќе биде најдобра за мене, поточно од каде највеќе се исплати да купам Nikon D300s.

Comments