Дневник бр.69

Оригинално објавено на February 9, 2014  

Болештија ме фана

Не е ништо страшно, мала настинка. Скокнав до медикал центарот, ми дадоа апови, сеа сум подобро. Пред да дојдам на Фентази планирав да останам здрав цел договор, ама стрес, малку чуден распоред, грип во воздухот и меѓу другите и мене ме фати. Покрај ова, ова крстарење ќе го издвојам и тоа што порачав нова камера која веќе ми дојде оваа сабота. Nikon D300s. Иако сум голем Canon фан, старата D90 - ка ми задаваше маки при работа и морав да ја сменам, а кога веќе менувам, нека биде нешто подобро :) Меѓу ново и користено, си викам, ајде ова нека биде ново :) Патем B&H ми правеа малку маки при порачка. Македонија е на црната листа за порачки, па ставив адреса од Флорида, е тогаш добив автоматски блок од нивна страна бидејќи инфото не се совпаѓаше со инфото што го имам оставено за мојата VISA картичка. Како и да е, имаше опција да им реплицирам. Во мејлот им пишав дека работам на брод и дека ако не купам од кај нив ќе купам од друга продавница и оп, првиот работен ден ми пишаа дека порачката ми е одобрена. 

Од останати работи што се случија, купив магнети од Коста Маја. Иако мислам дека веќе имам купено за Сања магнети од таму, сепак купив нови, за секој случај. На Грен Кејман не можев да излезам, бев преморен па спиев. Во Козумел купив три сикспека Оранџина, јехеее :) 

На пиратска ноќ фоткав во студиото со палуба кое е веднаш до ЛСП каде што беше Хорхе. До нас беше линијата за Мини Маус во нејзиниот пиратски костим. Во линијата беше магичното семејство на Хорхе кое цело време гласно викаше „Хорхее, Хорхее“ :))) Кога заврши сетот на Мини викаа „бај бај Мини“ а Хорхе викна „бај бај.... Дилиа (таа беше фотограф на Мини таа вечер)“ Мини беше вџашена :)))) По два дена на појадок Мелоди ми каже дека не обожава мене и Хорхе затоа што никогаш не знае што глупост ќе направиме :))) 

И за крај да пишам за моето магично семејство Џордан. Мајката Џеси, таткото Тери, синот Чејс кој има 4 но е голем како за 6 години (потсетува на Алек, само што Чејс е плав) и ќерката Пејџ која има 8. Се запознавме додека чекаа во линијата за Финиас и Ф’рб и станавме добри пријатели :) На крај ми дадоа ковертче од оние за бакшиш на кое пишуваше за нашиот омилен фотограф :) Внатре имаше кратко писмо и бакшиш :)

Comments