Дневник бр. 70
Оригинално објавено на February 15, 2014
Втора „Буѓмо“ средба, овојпат со Ани Задори / имам нова камера D300s
Оваа недела три нешта се издвојуваат. Прво е 1 на 1 со Алан, и второ е средбата со Анико, член на најпријателскиот тим на 7те мориња, првиот фото тим во кој бев на Меџик и за крај нешто што ми требаше од порано, и конечно си го купив, Nikon D300s.
Новиот апарат го порачав од B&H. На почеток ми правеа проблем затоа што Македонија е на црната листа, па ставив адреса од Флорида. Потоа ми стигна мејл дека порачката не ми е одобрена затоа што на мојата VISA картичка имам друга адреса. На време им пратив мејл за тоа дека работам на брод и дека ако не стигне камерата ќе ја купам од друго место. Потоа ми стигна мејл дека порачката ми е одобрена :) Во Порт Канаверал ми стигна камерата и прво нешто што направив е што го ставив ременот со дланките на Мики Маус :) Сефте на камерата сепак испадна фоткање Пало, иако не ми е по ќејф :) Два-три дена подоцна ја добив листата на опрема што можеме да ја порачаме од Имиџ и испадна дека истата камера би ме чинела значителна сума помалку пари, ама се чека барем месец дена додека да стигне, а мене не ми се чекаше за нова камера.
На пиратска ноќ фоткав студио со пиратски брод позадина. Сетапот беше направен од Мики и кога отидов да мерам светло тој веќе беше таму и ми рече дека нема потреба од мене, тој ќе го мери светлото, го погледнав попреку, и не реков ништо. Кога почнав да фотографирам видов дека позадината е поставена превисоко, па за вториот сет морав да ја одлепам, спуштам и повторно залепам. Брзо го напраив тоа ама ми пречи што морав да го направам тоа. И за капак на ноќта Мики дојде да пресними фотки на УСБ стикче и тоа го правеше у момент коа имав комплицирана ситуација у студио па морав да правам измени на пентабот. Мики ми пречеше во тоа и го опцув. Чисто за да доволам слика, замислете го Дејвид Бекам, малку поружен и од Србија, и наместо фудбалер, фотограф кој со носот сече облаци. Досега у живот у просек 2 од тројца срби ми се неподносливи. Ова му го спомнав на Алан во 1 на 1 на што тој ми кажа дека морам да се научам да комуницирам во голем тим и дека во голем тим увек ќе има некој со кој нема да можам да работам, ама ќе морам. Друго што Алан ми спомна е дека сум под стандардите на тимот и дека ќе морам да бидам побрз и повреден. Исто така на нос ми го извади моментот од вториот ден ова крстарење кога требаше да направам 40 мали фолија. Бељата беше што Селина ми кажа само каде се деловите што се вметнуваат внатре. У меѓувреме требаше да одам во магацинот во задниот дел од бродот да земам рамки, ама за тоа ми требаше клуч за кој видов доста мака додека да го најдам, па одење до магацин и назад. Потоа друга беља, кутијата беше бааги тешка па ми паднаа раце и се препотив додека да ја однесам кутијата до шатерс. Кога имав се на место, имав само 10 минути за правење рамки и решив да баталам, да се спремам за Финиас и Ф’рб. Наредниот ден направив многу повеќе рамки.
Како и да е, од папирологии направив две битни нешта. Првото е пуштив барање со две точки, првата беше продолжување на договорот, за да мижам да ја видам Јамајка. Мојот договор треба да заврши на 10 мај, денот кога Фентази за прв пат плови кон Јамајка. Втора точка е за следниот договор да бидам на Фентази или дрим со мојата девојка Карен Дејвис-Пиктон. Одговорот треба да стигне во рок од 10 работни денови. Второто е што пуштив барање за да купам блиц. направив споредба меѓу понудата од Имиџ, B&H, Pix+ и видов дека најдобро е да купам од Имиџ бидејќи и онака не се брзам за блиц, не ми е итен.
И најисполнетиот ден со активности, Ст.Томас. Почна рано, мошне рано, во 8 сабајле имав лаб сетап со Хорхе и Карлос. Стигнавме на време за појадок. Потоа кру-дрил... и проверка на ФБ да видам дека Ани стига во Ст.Томас во 12 саат (за жал според времето на Фридом оф д Сиис). Истрчав на генгвеј да видам кај е Фридом, почнав да шетам наоколу и нема ни трага ни глас од бродот. Прашав едни таксисти и тие ми рекоа дека бродот стига у 12 и пол по локално време. Решив да прошетам наоколу и најдов неколку интересни работи на островот кои повеќе ќе ги истражам некоја следна посета. Потоа го видов Фридом и го гледав како се укотвува, па како излегуваат гостите... и се убив од чекање, веќе стана 2 саат а од Ани ни трага ни глас. И најпосле Ани заедно со неколку колеги кои идеа накај плажа. Јас бев при крај со енергија за чекање а таа се сомневаше дека ќе ја чекам, ама некои пријателства се вредни за многу повеќе. Енивејз, скокнавме у Сењор Фрод на по едно Дос Екис, напраивме набрзинка ревизија на тоа што се случувало у меѓувреме, планови за што би правеле у живот у блиска иднина :)) Кога се вратив на брод Тери ми кажа дека бил петти на трката која се случуваше денес и ме предизвика за следната трка, велејќи ми дека ќе голтам прашина :))) Алан беше трети а Карлос 9 или 11.... не сум баш сигурен. Денот беше долг, јас ненаспан... Селина оддолжуваше со дисплеј... ама заврши работниот ден некако. И уште еден интересен настан. Кенди Краш Валентајн парти во Ди-Лаунч. Скоро цел фото-тим отиде таму, напраивме троа фотки за ФБ, гледавме како Маркус се глупира облечен како Купидон... и се вративме назад :)))
Третиот ден на море помина троа досадно. Малку Шатерс, сејфти тренинг во офисер бар, пак во Шатерс... Вечерта позирав луѓе пред статуата во најгужва сесијата додека Мики фоткаше, и изненадувачки, помина коректно. Последната сесија позирав луѓе на скалите за Дилија, ама скокав кон статуата од време на време кога ќе видев дека е гужва кај Мики. Мислам дека испаднав доста профи. После тоа иде лондри и теретана. После долго време трчав на трака и си поставив цел 5 км ама издржав 3. Морам да се спремам за следниот Ст.Томас да го претркам Тери, евентуално и Алан :)
На Каставеј Ки имавме совршено време за гостите, сончево, нешто под 30 степени, благо ветре, палми се нишаат... идила, освен ако треба да работиш :) За време на сетот на Плуто беше малку тивко па со Плуто стоевме под сенка :) Вечерта после затворање на Шатерс го прашав Тери што чудесија може да направам во фото лаб и Ли викна "Can I have him?" Уствари не ме сакаше мене, само сакаше да и помогнам во едно барање од гостин за фотки од плажа кои гостинот не можел да ги најде. Имавме фотка од гостите, имавме опис на тоа што носеле, и толку, и овај да не забораам, 1000 фотки направени од вкупно 4 фотографи. Поделивме по 2 фолдери за секој, и баравме, и баравме, и Ли изгуби надеж, после 1 проверка на сите фотки и 1 проверка плус на нејзиниот дел. После две проверки на мојот дел решив да скокнам до нејзиниот дел, повеќе од љубопитност, и ги најдов фотките, лесно :)
Следното крстарење менувам место во распоредот со Надја по нејзино барање. Коа сум веќе кај Надја да го пишам целиот муабет со неа ова крстарење. Додека фоткавме ресторани се најдовме во ходникот заедно одејќи кон Аниматорс и таа ме праша како новата камера? И реков дека сум пресреќен. Таа ми кажа дека и таа е мошне задоволна од својата камера (ист модел). Ги допревме камерите една со друга, камера киси-киси :) Вечерта после работа се видовме у ходник и и реков, дали се сеќаваш кога нашите камери се бакнаа, епа таа љубов роди со плод, таа нормално беше збун, и и подарив мало камерче приврзок :) И реков дека ова е подарок за нејзиното заминување, за секој случај, ако заборавам кога ќе дојде денот кога таа ќе оди на одмор, оваа вечер и давам подарок :) Наредниот ден забележав познато лице на фотографиите како треба да изгледа еден фотограф на Имиџ, Надја беше на 5 од 7те фотки за женска униформа. Кога и кажав дека сум го забележал тоа таа ме праша, дури сега забележа? Сакаш автограм? :))) И сега за замената. На 22, имаме инспекција од УС кост гард. На 22 е нејзиниот последен Порт Канаверал, и бидејќи не знае дали ќе има доволно време поради инспекцијата (додека трае инспекцијата имаме и дрил на кој сите учествуваме) побара да се смениме за да може на 15ти да биде слободна и да купи се што и е потребно за во Белорусија. Смената и мене ми иде во полза. Не сум мераклија на тоа кога почнувам со смена во исто време со Ајк, гужва у соба додека заедно се спремаме за работа. Плус нема да бидам во ист тим со Ли и Мики. Имам чувство како да утепувам 2 муви со еден удар :)
И последниот дел од дневникот, магични семејства. Имаше неколку, ама на никое не им памтам име, не беа доволно магични, а и јас бев распореден на различно нешто секој ден, па не можев да фатам континуитет со гостите. Вториот ден ги фоткав Финиас и Ф’рб и пред вториот сет седев со две девојчиња едно 20тина минути и им правев муабет. Кога позирав статуа девојчето и нејзиното семејство дојдоа да направат фотка и ми дадоа ќеса со 3 лижавчиња. Ги ставив лижавчињата до пентабот, напраивме фотки и кога завршивме и ги пружив назад лижавчињата, на што таа ми кажа, овие се за тебе, среќен Валентин. Мајка и ми рече дека е благодарна за тоа што го направив додека ги чекавме Финиас и Ф’рб.
Comments
Post a Comment