Дневник бр 71

Оригинално објавено на March 7, 2014  

Долго време немам пишано

Долго време немам пишано... делумно поради презафатеност со ствари надвор од работа, делумно поради немање на инспирација. Инаку се случија неколку битни работи во меѓувреме, па да ги набројам. Трчав Mountain man challenge на Ст.Томас, а два дена подоцна трчав и 5Км на Каставеј Ки. Запознав доста нашинци од Канада. Фоткав Бибиди Бабиди Бутик на пиратска ноќ. Ми стигнаа првите Коби патики и дресот од Антиќ. Имавме спа ноќ за цел тим. Пополнив барање за продолжување на договорот и за да бидам на ист брод со Карен во следниот договор, но сеуште официјално го немам предадено.... 

Енивејз, да почнам со трките :) Трката во Ст.Томас е ридска трка во должина од 1,4 км, не знам колку е висинската разлика, ама поприлично е висока со оглед на тоа што до целта до која трчавме има и жичарница. Пред трката имаше многу ремет меѓу мене и Тери. Кога почна трката Тери се залепи за Алан и не попушташе додека јас успорив некаде после 2-300 метри. На крај завршив на 6то место со време 14:46. Момент за гордеење беше тоа што во првите 10 имаше 4 фотографи, Карлос заврши на 10то место. Додека чекавме сите да стигнат на целта дојдоа двајца момци од Норвиџн Гетавеј и не прашаа што работиме на брод и Брендон им одговори, јас сум од ентертејнмент а сите овие околу мене се фотографи :) После трката со Тери кркавме пилешко во Хутерс. По два дена имаше трка на Кастевеј Ки за која се сменив со Соломон за да можам да трчам. Трката патем беше тематска, Принцес 5К. Имаше еден тип од театарот кој беше маскиран во Снежана ама наместо Snow White тој беше повеќе Snow What, потоа Сара беше нешто помеѓу Сара и Пепелашка па беше CindeSarah, Даниел од Future Cruise Sales беше Dandy Danny, и Розали беше Бел. На оваа трка Тери не дојде, изговорот му беше дека е презафатен со печатење на фотките од Каставеј Ки, јас цело време викав дека се исплашил од дождот. На оваа трка завршив втор со некоја минута задоцнување позади Алан и неколку минути пред девојките од карактер тим. После двете трки телото ми беше во болки неколку денови, за среќа имавме СПА ноќ за цел тим па се регенерирав малку и брзо заздравив :) 

Во меѓувреме имавме и проверка на бродот од US Coast Guard, или крајбрежна служба на Соединетите Држави. Поради тоа имавме еден куп сејфти тренинзи и подготовки за на крај сето тоа да помине мошне брзо и безболно. 

Овие три крстарења имаме доста канаѓани. Не се омилени муштерии на фото тим, ама тука се. Првото од овие 3 крстарења главно семејство беа Ник и Хелен со ќерката Анџелин. Заборавив како се викаа баба и дедо. Инаку егејци кои пребегале во Њу Јорк па од таму во Торонто. Ник многу го користеше зборот „сполајти“. На истото крстарење беа и Канѕурис, двајца браќа со семејствата, журка-журка беа последните два дена во Шатерс со нив. Си се помуабетивме фино на Македонски :) Второто крстарење имаше група од 4 семејства, босанци и хрвати, интересни луѓе, за жал беа голема група и не запамтив ниту едно име. Е третото крстарење нема нашинци, има еден куп луѓе од Квебек, и зборат француски. Родителите зборат и англиски, ама децата јок :( 

Фоткање БББ беше најинтересно нешто што правев на работа во последно време. Бибиди Бабиди Бутик е салон за трансформација на малите девојчиња во принцези, а на пиратска ноќ за трансформација на гостите во пирати. Кога ќе бидам на одмор ќе побарам да видам ако има видеа на ЈуТјуб од бутикот за да можам да доловам атмосфера. Како и да е, неверојатно искуство во кое јас целосно се внесувам во улогата на нинџа пират (бидејќи носам целосно црна униформа). Некаде при крајот на смената во БББ, менаџерот на бутикот Мајк кажа дека ќе му пише мејл на Алан цело време мене да ме распоредува за фоткање на БББ :) Единствена маана на фоткањето БББ цел ден е што почнуваш порано, а со оглед на тоа дека имав и сејфти тренинг, слободно време имав само за брз шопинг во Мега. Кога сум веќе кај работа, ноќта пред тоа имав 1 на 1 со Алан, и видов дека имам добри бројки, и пристојни коментари за мојата работа :) Нормално и многу простор за напредок :))) 

Од шопинг да се пофалам дека ми стигнаа дресот од Перо Антиќ и патиките adidas equipment elevation или попознати како патиките со кои Коби Брајат ја освои својата прва титула во забивање :) Уште од втора година средно ги сонувам тие петики и сеа конечно ги имам :) Со ова бројот на патики кои ми остануваат за купување го намалив на 2, adidas crazy 8 и Air Jordan XII. 

Инаку во последно време пополнив барање за продолжување на договорот и за да бидам со Карен на ист брод. Барањето сеуште на е предадено затоа што на секои 2-3 дена добивам различно инфо од Алан и од Карен за тоа како треба да гласи реченицата во која барам да бидам заедно со Карен на ист брод. Во меѓувреме Карен пополнила и отказ, ама не го предала официјално. 

И за крај магични семејства. Пишав погоре за нашите од Торонто од првото крстарење. Второто крстарење магично семејство ми беа Џорџија и Гери Расел од Орландо. Нивната пасија за дизниевите карактери е блиска од онаа на јапонците. Ништо чудно што досега биле во Дизниленд Париз и Токио Дизни Рисорт, и што крстареле едно 11 пати досега. Имаат албум во кој ставаат фотографии со различни дизниеви карактери. Морам да признаам имаа фотки со карактери кои не ми беа познати или со карактери кои ни на крај памет не би ми текнало дека се појавуваат во Волт Дизни Ворлд или во некој од дизниевите паркови низ светот за фоткање со посетителите. Им зборував за европските крстарења. Неколку денови подоцна видов писмо кое го пуштиле во кутиите за коментари во кое пишуваше како си поминале фино дружајќи се со мене и како сум ги убедил да уплатат европско крстарење, кое ќе до отплаќаат долго време после тоа. Татко ми би рекол, за меракот нема цена. 

Третото крстарење магично семејство ми се Ева и Шона Балтајан (пет и шест години). Прв пат ги фоткав за време на Њу Јорк сезоната, втор пат кога Меџик крстареше од Галвестон, и сега на Фентази.

Comments

Popular Posts