Дневник бр.72
Оригинално објавено на March 30, 2014
Догледање Надја Чарнаускаја и Тери Гарсијано
Некако ми стана навика да не го пишувам дневников. После две и пол крстарења фатив да пишувам пак. На крај на третото крстарење ќе го допишам дневников и ќе го објавам. До тогаш да сумирам побитни натани кои се случија. Прво, станав вујко по втор пат, се роди Јована Георгиевска. Претходно на одмор заминаа Надја и Тери. Надја оди на Вондер за нејзиниот последен договор додека Тери ќе се врати на Фентази по два месеца одмор. Трето на крстарење дојдоа Еје и Беверли Густафсон. Во поглед на работа можеби најбитно е што имаме ротација на театарската трупа и карактер тимот. На одмор заминуваат Фентази 4 и ни доаѓаат Фентази 5.
Од првото крстарење не се сеќавам на нешто посебно што се случи, освен дека беше фин ден во Ст.Томас. Првин трчавме маунтин мен челинџ каде што пак бев позади Тери, ама овојпат со помало заостанување, моето крајно време беше 13:03 што е минута и пол напредок во однос на првата трка две недели претходно. Потоа имавме тимски ручек во Чајна Кинг.
Ова крстарење беше последно за Надја и Тери. Надја е фотограф од Белорусија, фотки со неа имам кога имав слободна вечер со неа и Ли. За нејзиниот следен договор таа оди на Дизни Вондер за да ја види Аљаска по што ќе прекине со бродови. Тери е лаб менаџер од Филипини. Мој партнер во трчање и теретана. На негово место дојде Мартин со кој работев заедно на Меџик за време на Њу Јорк сезоната, а на местото на Надја не дојде никој. Недела претходно на брод дојде Рејчел од Филипини, мајка на 18 годишно девојче и врсничка на Маја. Тимот ни станува навистина стар :/
Да додадам дека се ишишав во Мастер Катс. Не сум задоволен од работата на берберот. Кога се вратив назад на брод морав да кратам испуштени влакна. Како и да е, добив комплименти за мојот изглед.
Ова крстарење немав магично семејство.
Второто крстарење беше троа пофино :) Започна со повторна средба со Еје и Беверли на терминалот. На формал најт позирав луѓе пред статуата и дојдоа Еје и Беверли и јас направив селфи со камерата на Еје, Nikon D4 со Sigma 24-70 2.8 или преведено во долари камера од 7.500 долари. Додека бродот беше во Коста Маја фоткав Ројал Корт Ројал Тии. Ли ми ги пофали фотките од тој настан и некој спомна дека може да ги фоткам сите РКРТ. Јас реков дека може да ги фоткам сите во Коста Маја, но во Ст.Томас трчам, и не можам да фоткам. Наредниот ден видов дека ќе фоткам и на шестиот ден од тоа крстарење. Овој Козумел не отидов во Коразон Контендо, само направив шопинг во Мега. Последниот ден беше многу стресен во поглед на работа, и уште постресен во утринска продажба, ама преживеавме. Интересен настан ова крстарење беше журката по повод Ст.Патрик, или ирската верзија на Св.Трифун. Имаше храна, имаше алкохол, имаше одлична журка со гостин ди-џеј.
Ова крстарење покрај Еје и Беверли, магични семејства ми беа Саундерс (ќерката Изабела и мајка и) и Кристен Фрост, заедно со маж и Стив. Стив не е нешто по фотки, ама затоа Кристен беше прва во скоро сите карактер линии, во останатите кај што не беше прва, беше некаде во средината. На Еје и Беверли им подарив магнет со фотографии од Скопје што нив многу им се допадна. Нивни следни две крстарења се во септември Панама Канал на Вондер и новогодишното на Фентази.
Да не заборавам дека во саботата го гледав Нид фор Спид филмот. Безвезно сценарио, одлични коли и ефекти и најпопрекрасното носе на Имоген Путс. Уште пократка рецензија би било нешто вака: бррррмммм, брррмммм, бум. брррммм-бррррммм-брррммм пау пау бррррррррррррмммммммм. Енивејз, преголем фан сум на играта така да филмот ми се допадна :)
Третото крстарење започна со слободна вечер со Маја, Ајк и Соломон. Вечерта ја искористив за гледање на новиот филм за мапетите, Muppets Most Wanted. Фино филмче, Мапетите идат на турнеја во Европа додека Кермит е заглавен во затвор на Сибир, а двајцата најопасни криминалци на светот се обидуваат да ја украдат круната на англиската кралица. Филм кој ќе им се допадне на сите кои пораснале со мапетите и на децата. Наредниот ден почна да ме боли грло, ама си реков ај ништо е, ќе помине, ама наредниот ден ептен ме болеше грлото, побарав медикал офф и доктор Ли ми одобри, и патем ми препиша Амоксицилин и некаков раствор за гаргара со име Magic Wash, со упатство за употреба "Shake well". Инаку во медицинскиот центар ме прими Константин од Романија на кој му беше многу чудно тоа што за земја на мојата картичка пишуваше Македонија, бифша југосло (и нема веќе простор за букви на картичката). Разврзавме муабет за балканската географија и историја додека да се упали компјутерот на кој тој впишуваше податоци за мене.
За жал таблетите не помогнаа и секоја вечер бев се поболен и поболен и на втората формална ноќ Селина му кажа на Алан да ме пушти да си одам порано од работа, а последниот ден отидов на доктор по нови апчиња. За среќа добив и нов доктор, Јохан, главниот доктор на бродот кој ми даде други апчиња и ми даде слободна вечер.
Поради болештијата не се спријателував со гости, но морам да ја споменам Синтија Јанг која ни подари ранци на цел фото тим.
####
Додека си на брод ствари се случуваат назад на копното, еден куп венчавки, неколку деца... тука ќе ја издвојам внука ми Јована Георгиевска која се роди пред десетина дена. Ја имам видено само на фотографија и веќе имам потрошено повеќе од 100 долари за стварчици за неа :) Скапите ствари е од Каставеј Ки, приватниот остров на Дизни, додека ефтините се од Волмарт :) Купив и по нешто за внук ми Алек, ваљда ја погодив величината :)
И можеби најбитното нешто на бродов, ротација на карактер и театар тимовите. Фентази 4 си одат дома додека на нивно место доаѓаат Фентази 5. Во поглед на нововработени и повратници односот е пола-пола. Во карактер тим назад се врати чичо Френки (Родригез) а во театар тимот Сиера. Во однос на карактери, од Фентази 4 одамна беше замината Аурора, заспаната убавица и на нејзиното место доаѓа Репонзел. Ариел замина за да дојде Ана, ама Ариел се врати и тоа со нов фустан. И за крај заминува Снежана и на нејзино место доаѓа Џесмин. Тоа значи дека од следното крстарење повотно ќе имаме полн принцес гедеринг со 6 принцези наместо досегашниот со 4. Баш ме интересира како ќе иде овој настан и дали ќе почнам пак да фоткам редовно наместо како досега само по потреба кога треба да заменам некој друг фотограф.
На план на љубов, Карен ќе дојде на Фентази на средината на јули. Јас пратив барање за продолжување на договорот и за враќање на Фентази, ама наместо продлжување најверојатно ќе добијам скратување иако уште не е официјално, а за следен брод... ќе почекам додека да добијам инфо :(
Comments
Post a Comment