Дневник бр.73
Оригинално објавено на April 13, 2014
Дизни Фентази кру гејмс
Како што одминува договоров се помалку ми се пишува. Овојпат ќе пишам дека официјално кон дома требаше да тргнам на 10 мај, ама последно инфо што добив од дирекција е дека кон дома ќе тргнам на 26ти април (ако пак не сменат нешто у последен миг, како што имаат обичај).
Од персонал на одмор замина Ли ван Хујстен, а назад од одмор се врати Џефри Бишоп. На местото Фотограф за Производство беше унапреден Хорхе. Главна разлика во целава оваа ротација е што повторно слушаме фина музика во фото-лаб од iPod-от и телефонот на Џеф.
Поради болеста не идев у теретана ни за трчање ни за тегови дигање. Последните неколку дена спиев по 4 часа само. Првин почна со вечерта после Козумел коа некако не ми се спиеше па упалив телевизор за да видам што филмови имаме овој месец за гледање и меѓу другото „Брзи и бесни“. Не бев сигурен кој од 6те дела е па го пуштив... и го изгледав до крај. Наредната вечер спиев само 4 часа поради утринска продажба. Па првата вечер од следното крстарење го гледав новиот филм за Капетан Америка. Уште еден филм кој откако ќе го изгледаш имаш толку многу адреналин што не можеш да заспиеш наредниот саат и кусур. После формал најт морав да идам у перална бидејќи останав без чисти алишта. Рејчел ме праша дали рециклирам, на што јас и одговорив, НЕ, понекогаш дневно менувам по 3 маички, 3 пара долна облека.
Вториот ден на море имавме средба меѓу фото и карактер тим. За жал карактер тимот не беше во полн состав поради натпреварот во доџбол. Средбата може да се подели на три дела. Првиот дел запознавање. Тука се претставувавме и ние кажувавме кои ни се омилени карактери а карактер тим кажуваа со кои карактери се пријатели. Вторио дел игравме човечко бинго. Пред средбата на Алан му дадовме ливчиња на кои беа испишани интересни факти за нас и ние требаше да погодиме која е личноста поврзана со тој факт. Третиот дел беше делот во кој разговаравме за начинот на кој можеме подобро да работиме заедно. Додуша имаше четири дела, првиот дел фсушност беше делот коа се нафрливме на пица и чикен тендерс. Јас си напраиф флека на мојата најпофенси зелена маичка. Дури и го прашав Алан дали може да идам да сменам маичка ама тој не ме пушти. Патем, имаше и поголем баксуз од мене. Џејлиза кога се претставуваше ја стави својата чинија на столчето и после претставувањето заборави дека има храна на него и целиот газ и беше со флеки од пица и скара сос.
Да пишам и дека после доооооолго време фоткав принцес гедеринг, принцеза бр.5 Бел. Малце мака мачев со позадинското светло, ама како и да е, фино е после дооооооолго време да се дружиш со принцезите :)
Ни стигна позадина за Капетан Америка која дојде без алуминиумска цефка па со Алан ја монтиравме. Бидејќи го направив тоа у мое слободно време неколку дена подоцна Алан ми даде „екселент сервис фанатик“ картичка која ја пуштив во извлекувањето за iPod. Ако добијам и бидам на друг брод може да ја добијам наградата, додека другите награди нема да можам да ги искористам бидејќи ќе бидам на одмор.
И сеа да пишам за она што е во поднаслов. Дизни Фентази кру гејмс. Отворањето беше мошне фино. Тејк Кавер свиреа, имаше широк избор на скара, гага сокови. Носев апарат и напраив нешто фотки, ама како што сум мрза којзнае коа ќе ги објавам и дали ќе ги објавам. Битното се случи на втората недела од игрите кога се натпреварував на трката на 5Км и на штафетата 4х100м. Трката од 5К не ја завршив бидејќи направив грешно свртување на една раскрсница и кога видов дека сум згрешил веќе беше доцна да се враќам. На штафетата трчавме со следниов распоред: Џефри, Мики, Карлос и јас. Алан го отстапи своето место за Џефри бидејќи не би било фер Џеф да не учестува кога веќе направил напор да дојде. На крај за 2 метри разлика ја изгубивме бронѕата од Детска грижа, ама јбг... подобри припреми следната година.
Од шопинг да пишам дека си купив уште едни џорданки. Овие се скроз бели, за наредните 2-3 договори. Многу се ТоБ :) Патем купив и златни чевлички за Анчи и високи бели старки за сестра ми Сања. Све на све 200$. A се двоумев меѓу идење у Мерит Сквер Мол и спиење бидејќи ептен ми се спиеше, ама никој нема спомени од спиење :) Истата вечер го купив и Фроузн на блу-реј. Кога ќе стигнам дома ќе морам да купам блу-реј плеер... аххх first world problem.
Второто крстарење беше онака... источно. На пиратска ноќ момците од фото лаб ми изгубија 73 фотки од ресторан па Маја мораше наредна ноќ да фотка неколку маси. Од настани што фотографирав да го издвојам и фоткањето пред статуата на Мини на втората формална ноќ каде што се фотографираф заедно со Џулиет. Тогаш многу мака ми зададоа блицевите, мојот и позадинскиот. На крајот на вечерта Рејчел ми кажа дека сум го земал расипаниот блиц за позадинско кој работи кога сака а кога не сака не работи, и плус мојот блиц самиот се ресетираше. Е таа беља ја решив дури наредниот ден на Каставеј Ки додека чекав да дојдат гости да се фоткаат со Плуто, имав вишок време и го расчепкав менито. Еве при крај на договор конечно да научам да користам Nikon SB-910.
Од културен живот да пишам дека Captain America - Winter Soldier е ептен добар филм. Пред да го гледам филмот видов дека другарка ми Маја што пишува за Кајгана ставила статус дека многу и се допаднал филмот. Поради тоа решив да го ѕирнам... и се воодушевив. Адреналин ме држеше саат време по завршување на филмот.
И за крај магични семејства. Не делев сертификати ама ќе ги пишам кои беа фини. Првото крстарење ќе ги ставам Гуцајт, со децата Емили, Ен и Џек. Се здруживме кога им ја враќав картичката правилно го изговорив нивното презиме, што не се случува често. Инаку беа редовни во карактер линиите и во студијата. На крај направив селфи со децата.
Второто крстарење имаше неколку интересни семејства ама ќе ги издвојам Софија и Мили Хорнеј. Се здруживме во линијата за Тинкербел. Мили беше хиперактивна и реков дека е rascal, бељаџика, или како и да се преведува тој збор. Кога фоткав статуа дојдоа откако заврши гужвата и ги испофоткав и се изгушкаме во децата.
Семејство за двете крстарења беше Кубичек, по потекло од Чешка, исто како и Гуцајт ретко кој правилно им го изговара презимето.
И магични за цел договор Мелоди Алакан и Џулиет Присила Иберт. Кога ќе бидам на одмор ќе закачам фотки кои ги направив заедно со нив. И на двете ова им беше втор договор на Дизни брод во карактер одделот и двете беа пријателки со глуфчињата и патките, и двете останаа една недела подолго за го им помогнат на Фентази 5. Џулиет подоцна остана една недела да крстари како гостинка заедно со Џенифер и Елизабет.
Ми остануваат уште две крстарења па одмоооооооооооор!!!!!!!!!!!! :)
*Бидејќи дома не напишав ништо за последните две недели од договорот, ова е последен дневник за третиот мој договор на брод.
Comments
Post a Comment