Дневник бр. 75

Оригинално објавено на July 2, 2014 

Прва недела на Фентази

По сплет на околности тргнав порано за Дизни Фентази. Она што за мене претставуваше новитет е што во летот на Јунајтед од Вашингтон до Орландо гледањето ТВ и филмови преку Дајрект ТВ се наплаќаше 8$. Патем да пишам дека во Вашингтон беше изненадувачки мирно, само мојот лет на имигрејшн, само јас во соба Б. Дури имав слободно време да гледам ТВ во чекалната :))) Во Орландо на аеродромот има телефони на кои што можеш бесплатно да се јавиш во околните хотели и да порачаш комбе да те збере :) Во Ла Кинта во Орландо за жал кадата не се затнуваше па не можев да ја наполнам и да лежам во неа. 

На Фентази прва ствар што направив е отидов во Шатерс. Мишел ми кажа во која кабина е Карен, и испадна дека е веднаш до мојата стара кабина. Таа според распоред требаше да фотка укрцавање така да уште спиеше. И се разлупав на врата додека таа не почна да пцуе, и кога ме виде врисна од радост и ме гушна силно, силно, силно :) Поминавме саат, два заедно по што решив да одам до мојата нова кабина која за жал сеа е во средината на бродот, далеку од другите фотографи. Да биде бељата поголема картичката не отвораше врата па отидов назад до кру-офис каде за среќа имаше неколку сервери кои воопшто и немаа соба, па со нив чекав и ни отворија од кру-офис иако официјално беа затворени. Цимер ми е Дражен, Дадо од Хрватска, фитнес тренер. Поради сплет на околности секоја недела добива нов цимер. Јас пак по сплет на околности еве веќе втора недела сум му цимер. 

Првата ноќ ми беше слободна што ја искористив за шетање низ брод. На сетот на Репонзел гритери беа Бејден и Кортни. Кога Кортни ме виде почна да вика од другата страна на лобито, Тониии, Тониии :) Покрај од неам добив силна гушка и од Репонзел :) Втората ноќ е формална ноќ и бев во Шатерс па гледав што се случува наоколу. Настан на ноќта беше групна фотка на 100тина гости. За сите нив платил еден дедо. Нема поголем доказ од ова дека започнала летната сезона. Наредниот ден во Козумел со Карен напраивме шопинг на основни намирници, по што кркавме во Хутерс :) На Гренд Кејман воопшто не излегов, го искористив времето за спиење. Првото крстарење е секогаш напорно :) Наредниот ден бродот беше во Фолмаут Јамајка. Првин излегов сам бидејќи Карен беше излезена порано за да се види со Керниф и мајка му. Кога се вратив видов дека ме барала по што пак излегов заедно, овојпат заедно со неа. Не купувавме ништо, само се задржавме малку во Филип Стајн продавницата. Имаат неколку ТоБ часовници. Среќа што уште не сме почнале со зимање плата :)))) Наредниот ден беше втората формална ноќ, а по неа принцес гедеринг за кру, јухуууу :) Фотки ќе објавам коа нема да ме мрзи да ги средам и одберам најдобрите :))) 

Во врска со тимот има неколку нови ликови и неколку унапредувања. Како прво, ова беше прво крстарење за Метани како АМС. Нејзин асистент е Мики, нешто што мене ми е ОК, помалку ќе го гледам :))) Покрај Карен од Експлорер оф д Сиис е дојдена и Јилинг, висока кинескиња и цимер на Карен, многу кул личност и најдобра другарка на Карлос Овиедо. За жал веќе на средина на следното крстарење добива трансфер на Вондер :( Маја конечно добива унапредување во Фотог3. По тој повод Тери вели дека кога може Маја, секој може да стане Фотог3. Инаку ова крстарење го поминавме без Фотог3, така да сеа вратата за унапредувања е повторно отворена во Имиџ. Сепак Маја наскоро си оди на одмор, и не знаеме кој доаѓа на нејзино место. Ли би сакала неколку ликови да се потрудат околу унапредувањето, меѓу нив и јас и Карен. На Карен и е сеедно, нешто не се возбудува околу Имиџ, и се повеќе размислува да се врати назад на копно. Јас само што дојдов од одмор и по еден неуспешен обид за унапредување на Меџик се двоумам дали повторно да се обидам, повеќе би сакал да направам трансфер во Дизни отколку да бидам унапреден во Имиџ. И за крај да ја пишам Мишел, девојчица која поминала месец-два на Селебрити и конечно беше унапредена во Фотог2. Доаѓа од Јужна Африка и е ниска со глемо срце. 

И за крај магични семејства. Не поделив ниту еден сертификат но да ги пишам Мелендез, мајката Мајда, таткото Луис, ќерката Мејлуиза и синот Исмаил. Ме памтат од медитеранските крстарења :) Имаше уште едно семејство од медитеранските крстарња, ама ги видов само два пати :( 

Како и да е, фино е да се биде назад на брод. Малку ми е жал што ќе пропуштам доста моменти од свеЦко, ама пак дојдов на време за да бидам со Карен. Секој ден и се пуштаа по барем 2-3 момци. Сега е раат, научија морнариве дека е со мене :)

Comments

Popular Posts