Дневник бр. 76
Оригинално објавено на July 16, 2014
Ме фаќа мрза за пишување
Во последно време многу време поминувам во гледање филмови со Карен. Некогаш заспивам на пола филм, некогаш гледам до крај. Како и да е, овој дневник е пишуван во два дела, првин првиот:
Второто мое крстарење започнува во иста кабина со Дадо, фоткајќи укрцавање. Цело време бев во студио 2, во средина и беше ОК. Вечерта бев во фото лаб, и откако ја разместив хартијата по магацини и слично умрев од досада :))) На формална ноќ фоткав карактери на балконот, на голема радост на Мелоди која дојде да биде дел и од Фентази5 карактер тимот откако ја побараа за да замени некого. На бродот дојде 2 недели пред мене и знаеше дека јас треба да дојдам крајот на јули, ама не и пречи што дојдов месец дена порано :) Инаку за споредба со формална ноќ на другите бродови, на Фентази таа ноќ немаше пауза помеѓу првиот и вториот сет на две студија, скалите и статуата на Мини, од едноставна причина што цело време имаше линија.
Третата ноќ Алан ни направи нов распоред за фоткање ресторани. Јас за беља не го видов распоредот и по навика си отидов на мое старо место за некаде на средина фоткање да видам дека сум упаднал во секцијата на Мишел и сум исфоткал повеќе од половина. После тоа отидов на мојата нова секција во Енимејторс Палет. Тимот дојде да ми помогне и на крај беше 6 фотографи во една секција :/ Второто фоткање беше подобро, немаше мешање секции и откако ја завршив мојата секција отидов да и помогнам на Карен. На крај кога ги расклопувавме студијата на нога ми падна држач за светло. Болеше, ама стиснав заби и продолжив со работа, по што престанав да чувствувам болка. Потоа отидовме во СПА центарот, скоро сите освен Карен. Беше накурч на неколку членови од тимот и не и се идеше. Сакаше да оди на „семафор“ журка, ама јас сепак повеќе сакам СПА отколку кру-бар.
Четвртиот ден бродот беше во Ст.Мартин. Утрото имавме обука со Сара. Овојпат тема беа принцезите на Дизни. Се поделивме во тимови по 4 и секој тим имаше различна принцеза. Мојот тим ја одбра Пепелашка. Ѕвезда на обуката беше Карлос Овиедо со неколку шеги на кои умревме од смеење. Потоа имавме кру-дрил. Туку тоа не е толку битно. Битното е што ногата што ја повредив ноќта претходно, тој ден навистина ме заболе. Дадо ми даде некој крем за мачкање, јас извадив „Масл раб“ и земав упат за доктор од Алан. Енивејз, она по што Ст.Мартин е битен за мене е продавницата на терминалот во која има одличен избор на европски чоколади и сладоледи. Со Карен порошивме еден куп пари за чоколади и бел Магнум сладолед, ама меракот не знае за цена, овај нали :) Потоа отидов во медицинскиот центар и докторката ми даде слободна ноќ. Барав да ми даде ограничување, да работам лесни должности, но таа ми кажа дека е подобро да одмарам отколку да го одложувам заздравувањето. За жал оваа пиратска ноќ не можам да му помогнам на тимот.
А сега вториот дел:
Остатокот од крстарењето беше ОК. Од побитни настани, фоткав портрет студио на Каставеј Ки. И на крајот од крстарењето надминавме таргет за продажба, така да ќе има фина плата :) Пред 4ти јули имаше фоткање со карактерите во нивните облеки за 4ти јули, онака сите на купче во Ди Лаунч. Го носевме пентаксчето на Карен. Фотки... кога нема да ме мрзи да спремам за објава и објавам :))))
Наредното крстарење, кога бродот беше во Јамајка, Јилинг замина за Дизни Вондер. Остатокот од крстарењето го поминав најчесто во собата на Карен бидејќи беше празна :) На крајот од ова крстарење заминаа на одмор Маја Вукелиќ Павков и Алан Карпентер. На местото на Маја го добивме Демион од Јамајка, а на местото на Алан дојде Рубен. Од шетање по пристаништа, овојпат во Козумел со Карен отидовме во Чи, кинескиот ресторан.
И ова крстарење што сеа е во тек да пишам дека сменив кабина, сеа сум во ист ходник со сите останати фотографи. Цимер ми е Демион, ама слабо го гледам бидејќи тој обично спие кај девојка му :) Главен настан ова крстарење е фоткањето со Ана и Елса, принцезите од Фроузен :) По огромниот успех и дооооооолгите линии во Епкот, Дизни реши да ги прати принцезите на Меџик и на Вондер, а потоа решија да ги пратат и тука. Пријателка на Ана е Бритни, поранешна принцеза од Вондер. Рака на срце, подобра Ана од Малиа од Фентази 4, ретко дека ќе се појави. Ама па затоа тука е Шарлот која е пријателка на Елса и е УАУ!!! Инаку нивните сетови се во Енимејторс Палет ресторанот кој е целиот во сино светло, и има пејзажи од Арендел и снегулки на екраните. Гостите добиваат термини и само во претходно одредениот термин можат да се сретнат со принцезите. Деновиве и јас ќе ги фоткам еден сет, па ќе можам да раскажувам повеќе :)) Друго во врска со работа е што правев лаб-сетап сам, и го истуркав сам, скоро до крај :)) Сепак помошта од Ли беше неопходна. Ова крстарење фоткав две позадини кои ги немам фоткано од поодамна, додуша и не се сеќавам кога последен пат сум ги фоткал, најверојатно 1-2 пати во мојот втор договор. Енивејз, бродот на формална ноќ и црното студио наредната ноќ беа интересно искуство, ама кога станува број за бројки, се надевам дека нема да ги фоткам пак, затоа што бројките слабо ми идат во такви студија. Единствено ми се добри за тепање муабет со гости во третата сесија :)))
Толку сега за сега. Утре стига мојата прва плата и може да почнам со мојот шопинг :)))
Comments
Post a Comment