Дневник бр.77
Оригинално објавено на July 21, 2014
Нека почне шопингот в.4
Да продолжам онаму каде што застана претходниот дневник. Додека бродот беше во Ст.Томас имавм сејфти тренинг на кој се запознавме со процедурата за внесување на гостите во чамците за спасување во случај на непогода. После тренингот прва стварчица што проверив онлајн беше плата, и... ја немаше. Решив да извадам од автомат и она ситно што ми беше останато на сметка и автоматот ми пиша дека имам уште едно 900 и кусур долари останати на сметка, што значи, шопиииинг :) Прво во К-Март со Карен купивме еден куп потрепштини и по неколку непотрепштини. Следна станица Футлокер :) Во врска со патики за трчање се двоумев помеѓу скроз бели air max и поприлично шарени acics. И двата бренда ги немам носено порано, и овојпат изборот падна на асикс, црвени Kayano 20. Наредниот ден ги трчав на трака и ТоБ се :) ако некој го интересира цена, 135$. Ми мириса дека ќе ги трчам два договора :) И за крај МекДоналдс. Шејкот од јагода е ммм, нешто што навистина ми недостасуваше. Питата од јаболка беше препржена, ама не беше страшно. Сепак strawberry shake rullzzzz. Вечерта Карен си купи онлајн Samasung Galaxy S5. 600$ ама вика дека и требало водонепропустлив телефон и дека не сака Сони. Неколку денови подоцна ја проверив продавницата на NBA, ама дресот од Кукоч веќе го нема во моја величина, и од Лејкерс нема фини пижамчиња :( Енивејз си порачав adidas the Kobe од Финишлајн. Изгледот на патиките е инспириран од Ауди ТТ и сметам дека се едни од најубавите патики досега дизајнирани. Со се данок и поштарина чинат 93$, ама чувството да носиш патика што си ја сонувал на времето и која никогаш не била достапна во Македонија е бесценето.
Во врска со работа, Дизни секогаш се обидува да ги унифицира работите. Ако нешто било успешно на едно место, сакаат да го има на сите останати места. Во Дизни Ворлд фотографите фотографираат само карактери и имаат сосема поинаков систем за продажба на фотографиите, и нормално имаат сосема поинаков начин на работа. Е сеа Дизни сака тоа да ни го наметне и на нас. Ова и наредното крстарење има некоја цуца која е пратена да следи како се имплементираат некои замисли на главучите од главните канцеларии доле на земјата, овај морето. Како ќе резултира ова во иднина, ќе видиме. И последниот ден ги фотографирав Ана и Елса во Ди Лаунч. Прво со Демион и Рејчел поштено се изнамачивме да го спремиме студиото, потоа фотографирав десетина семејства, додуша некои од нив ми беа навистина драги гости, и на крај со Ли го демонтиравме студиото. И потоа следи вистинското мачење, фоткање плажа :( изненадувачки но стигнав доста блиску до број на фотографии кои требаше да ги направам. Во текот на вечерта кога не бев во Шатерс бев во фото лаб каде што пакував цедиња :)
И за крај, интересни луѓе и семејства. Имаше еден гостин кој има иста торба ко мојата Lowepro nova 200. Интересно е колку муабет може да се разврзе кога ќе се сретнат двајца фотографи кои користат иста торба која не е популарен модел :))) Е сеа за луѓето кои ги запомнив. Први ќе ги пишам Дејвид и Холи Попа. Имаат многу килограми, многу позитивна енергија, многу се пријателски расположени и завршија со еден куп фотографии. Мислам дека не промашија сет на карактери, ниту пак студио. Потоа следат Видиновски од Канада. Мислев дека се од Австралија ама сум утнал :) Како и да е, Љупчо со жена му Џули и децата Касандра и Џорџ се мошне фини луѓе. И за крај Даниела Табони со семејството, мажот Џастин, ќерката Натали и свекрвата. Даниела е една од оние квалитетни македонци кои пораснале во Скопје, тргнале во светот и сега го живеат американскиот сон. Беше огромно задоволство во исто крстарење да се има две македонски семејства на бродот.
Comments
Post a Comment