Дневник бр.78
Оригинално објавено на August 10, 2014
3 недели немам пишано
Малку поради мојата мрза, малку поради презафатеност или премореност не стигнав да пишам нишо досега. Изминативе 3 недели може да ги поделам вака: 1. болест, пак :( 2. журкањееее :) 3. шознам....
Првата недела започна мошне интересно, со аквадак за вработените, второ издание, затоа што првото беше прекинато поради грмотевици. Овојпат имаше гужва, ама сепак стигнавме со Карен да се спуштиме 4 пати. На третото спуштање смислив поза за камерата, ама баксуз, камерата окина предоцна така да се гледа само мојата глава на фотографијата :( По 2-3 дена се разболев и остатокот од крстарењето ми беше онака, за никаде. Единствена светла точка е што за прв пат во мојата кариера како бродски фотограф направив 300 фотки на плажа.
Второто крстарење беше троа поарно :) Со подобро здравје, со Шелдон и Лорен на брод, овојпат со другарка им Бејли МекАби и нејзините родители. На ова крстарење на гости ни беше и сопственикот на Имиџ, Бринли Дејвис заедно со децата. Во Ст.Мартин со Карен бевме до еден ресторан наречен Грин Хаус, требаше да апдејтираме апликации на мојот и новиот телефон на Карен, ама интеренетот слабо врвеше. Затоа пак храната беше ТоБ, едвај се одвлечкавме назад до брод. Коа сме кај телефонот на Карен, таа си купи Самсунг Галакс С5. Многу е ТоБ :) Дури ме тура у мисла и јас да опрчам 600$ и да си купам еден, ама сеа за сеа ќе си се држам до мојот С2. Најбитен ден од ова крстарење беше Ст. Томас. Прво со Карен направивме брз шопинг на потрепштини од К-Март, па во Футлокер и купив најки за трчање, сребрено бели од серијата фри и на крај кркавме у МекДоналдс до прејадување за 12 долари :) После тоа Карен отиде да купи нешто за носење на вечера во Пало и да си ги среди ноктите. За среќа успеа да стигне на брод пред 3 саат, пред да замине бродот. Вечерта во Пало друштво ни правеше Мики. Ич не го сакам, ама коа се труди да и биде добра другарка на Карен, ќе му прогледам низ прсти. Карлос ме прашуваше дали после вечерата во Пало ќе имам незаборавен секс со Карен, му реков дека после вечера во Пало можеш само да легнеш во кревет и да лелекаш како стомакот ти е преполн. После вечерата поминавме низ Шатерс и Бринли не праша дали ќе го гледаме шоуто. За среќа Дејл К имаше шоу во 11 часот во Волт Дизни театарот. Со Карен го имавме гледано на Меџик кога правеше шоу со кру, така да ова ни дојде како фино потсетување и добра доза смеење доцна навечер. На митингот после ова крстарење Ли ме пофали дека имам највисок квалитет во било кој настан што го фотографирам. Малку ми е криво што не беше спомнато дека на првото фоткање во ресторан јас бев единствениот што отиде преку 500 фотки, ама неврмајнд.
И третото крстарење беше онака, фино на почеток па после Карен почна да трипа нешто дека не ја сакам веќе и слично. Туку да пишам дека го гледав Guardians of the Galaxy, најновиот филм на Марвел, море не филм, филмиште. 2 саати и нешто СФ авантура, акција, комедија и фанки саундтрак :) Филм после кој саат време те држи адреналин и не можеш да спиеш :))) Третиот ден направив ТоБ шопинг у Мега, најдов еден куп фини стварчици што ги немав купено претходно. И најбитниот ден беше денот во Јамајка, 6 август, денот на независноста на Јамајка. Ноќта пред тоа имаше журка во кру-бар и Карен частеше пијачки. Потоа требаше да продолжиме во кабина јас и Карен, мојот цимер Демион и девојка му (една од неколкуте) Саша, ама од премореност само се сеќавам дека после една минута спиев како топ. Наредното утро Карен ме разбуди за да одиме на екскурзија :) Отидовме на излетничкото место кое нејзината претходна фирма ЧАКА го има во Фолмаут. Добивме фин попуст за влез во паркот, и фин попуст за возење на АТВ, или квад, мотор за секаков терен на четири тркала :) Кркавме и свинско на јамајкански начин. Пристаништето во Фолмаут е изградено од страна на Ројал Карибиан пред неколку години. Фолмаут како место е многу тиња, скоро никој од јамајканците не иде таму. На пола саат возење од таму се наоѓа имотот кој пред 2 и пол века на владеење го добил некој англиски колонизатор. Сега тој имот е издаден на Чака и некои од колегите на Карен од паркот на Чака во Монтиго Беј сега работат во овој парк. Сакавме да пробаме и зип лајн, ама беше комплетно букирано тоа :( На враќање во пристаниште од Гифт Палас (една од продавниците за сувенири) си купив фудбалски дрес од Јамајка. Газдарицата на продавницата ја запознавме на нашата претходна посета на Фолмаут кога кркавме заедно пати, јамајкански специјалитет. Тогаш купив неколку маички, првата со Усаин Болт, другите две со натпис Just do it, Later, Jamaica. Енивејз кога добиваш фин попуст, искористи го :) Во врска со работа, Ли бараше од мене да направам упатство како се фотографира на Дизни Фентази, ама никако да најдам време и енергија, направив само нацрт план во мојата глава како да изгледа сето тоа. И за крај уште една весела работа, го победив Тери во нашиот натпревар во фрлање топка медицинка :) Сега имам болки во мускулите, ама ќе поминат :)
Овие три крстарења имаше фини гости, ама најдлабок впечаток ми оставија Шелдон и Лорен, сега и двајцата се над 18 години и ми беше мило што се видовме повторно. Тие се и првото мое официјално магично семејство за овој договор. Конечно земав и пополнив сертификат :)
И за крај, кога станува збор за настани изминатиот период, да пишам за денешниот ден кој испадна долг, но имаше и фини моменти. За почеток будење во 5 и пол, туш, појадок и утринска продажба. Завршивме нешто после 10 по што со Карен наполнивме машини за перење. Таа остана на брод, а јас скокнав до трговскиот центар. На мое големо задоволство ми се придружи и Мајк Волтано. Порано настапуваше на Дизни Фентази заедно со другар му Еш, а овојпат крстари како гостин. Си поправивме муабет од почетоците работејќи во Мекдоналдс па до неговото ново работно место како специјален гостин забавувач на бродовите кои пловат по индиски океан и пацифик. Потоа купив Стоби Флипс од европскиот кру корнер и андер армор ранче од спортс ауторити.На брод успеав да дремнам 20 минути по што следеше дрил за гости, па спроведување на хартија и останати работи по магацини, па сетап на белото студио со Џефри и на крај од 7 до 11 во Шатерс :( Шатерс на првата ноќ од крстарењето е поприлично досадна работа, ама некој мора да ја сработи. За крај ова го пишувам од дек 14 пиејќи пиво со Карен, Демион и Сиби.
На крај да пишам за измените кои го зафатија фото тимот последниве неколку недели. Од одмор се врати Демион од Јамајка кој воедно е мој цимер. Првиот договор го истерал на Фентази, а вториот на Вондер. За 3 недели смени 4 девојки, вистински морнар од Јамајка :) Во тимот се вратија и Хорхе и Дилија. Дилија е цимерка на Карен па понекогаш на шега му викам на Хорхе, еј цимер :) Денес ни пристигна тип со име Алистер, нов фотограф од Англија, ама уште го немам запознаено. И минатата недела трансфер од Кунард ни дојде Сиби од Јужна Африка, ситно, црнко, со убаво муце. Карен ме гледа попреку ако она е блиску до мене. Како и да е џек-потот го лапна Демион.
Толку сега за сега. Се надевам нема да должам многу до следниот дневник :)
Comments
Post a Comment