Дневник бр.79

Оригинално објавено на August 18, 2014  

Контроли од сите страни

Изминатово крстарење имавме секакви глупости и важности од контроли. На бродот имавме неколку старци од одборот на Дизни Круз Лајн кои само викаа ова не ми се свиѓа, она не ми се свиѓа... Енивејз, во Ст. Мартин имавме кру собрание на кое истиве овие одржаа мотивациони говори, споделија колку награди собрал бродот на разноразни избори за најдобри во круз индустријата, и слично. Имаа снимено и неколку безвезни видеа. Во Ст.Томас имавме тренинг со пожарникарите од Кејп Канаверал кој не беше лош, онака, лабаво. И за крај на ова крстарење имавме контрола од U.S. Коуст Гард. Е тука еден од офицерите помина кај мене и Мишел и ни поставуваше прашања, ама сите ги одговоривме како што треба :) 

Во поглед на работа работев од се по нешто. Првата ноќ во Шатерс, втората ноќ студиото со месечината, каде што ова крстарење утнав таргет за помалку од 10 фотки. Третата ноќ фоткав карактери. Четвртата ноќ го фоткав Џек Спероу што ми помати сметки во првата сесија во ресторан каде што утнав таргет за помалку од 10 фотки. Втората сесија се здивев и отидов преку 290, ама во извештајот што го пополнува Ли секоја сесија се бележи посебно. Петата ноќ не се ни сеќавам што работев. Шестата ноќ го фоткав студиото со бродот за позадина. 

Во поглед на шопинг си купив пижами долен дел со Мики Маус, многу ми се ТоБ. Потоа отидов на B&H сајтот и видов дека компјутерот на кој му се острев повеќе од пола година веќе не се продава, и дека имаат само една поефтина верзија која мене не ми се допаѓа. Затоа се фрлив на барање на нов и најдов нешто што е уште подобро а чини исто пари, најновиот гејминг лаптоп на Леново Y50 UHD со 16GB RAM. Toa дека има i7 процесор и SSD се подразбира :) Порачав и нов Логитеч глуфец, торбиче и сретство за чистење на монитор. Би требало да пристигнат на 23 август :) Ја обновив и листата на стварчици за следниот шопинг, ама тоа од следна плата. Како и да е, после купување на ова, плаќање сметка на брод, плаќање сметките за струја и телефон во Миладиновци останувам со само 100тина долари, ама ќе преживеам :)))) 

Највесел настан ова крстарење беше ручекот во Ројал Корт ресторанот додека бродот беше во Ст.Томас. Поради неколку добри тимски постигнувања Рубен успеа да издејствува ручек во Ројал Корт за тимот. Поради безвезни Дизни политики не може да идеме во група поголема од 6 и затоа во првата група Рубен не стави мене и Карен, Рејчел и Марвин и Демион и Сиби. Демион и Сиби сакаа да прават нешто друго тој ден па се сменија со Карлос и Мишел што испадна уште подобро. бидејќи има одлична хемија помеѓу нас 6. Ѕвезда на ручекот беше асистент серверот Гонзало од Лисабон, Португалија. Од платнена салфета направи кученце и ја извади Мишел од памет. И кажа да го погали кученцето и кога таа пружи рака тој го потфрли кученцето во воздух и залаја гласно. Мишел скокна од столче. Ние умревме од смеење. За Карлос потоа направи роза :) И за десерт јас имав 2 порции ванила сладолед, една моја и една на Карен која ја остави бидејќи отиде да си ги среди ноктите, и имав нешто на кое му го заборавив името, ама ќе го опишам. Во стаклена чаша на дното има слој обработени јагоди, потоа следи слој од пудинг од ванила и на врв има рендани бисквити. 

За крај магични семејства. Додуша не баш магични, ама остануваат во сеќавање. Први се Дурмуш. Таткото е турчин. Дојде во Шатерс првата ноќ и почна да се ценка за цедето со сите фотки. Кога му ја видов картичката ми текна дека го знам од порано, и го поздравив со Мераба ефенди. Секој ден се муабетевме по малку, ама ми беше страв да го ставам на листа на магични семејства бидејќи не знаев како ќе не оцени со оглед на тоа дена првата ноќ дојде со план. Втори интересни гости ова крстарење се две русинки со своите деца. Наталија со синот Дима и Ирина со ќерката Дарина. Од целата група само Наталија зборуваше англиски, децата разбираа ама не зборуваа многу. Додека фоткав брод на втората формална ноќ русинкиве се скараа со една арапка за тоа кој е на ред за во моето студио. Русинкиве попуштија и арапката отиде пред нив. Нејзе и семејството ги фотнав на брзинка 2-3 фотки само, а потоа русинкиве ги фоткав во разни комбинации и им направив 10тина фотки. Наредниот ден ги сретнав на плажата веднаш до Пеликан поинт и пак ги испофоткав малку повеќе. Вечерта додека ставав фотки во фолдерите пак се сретнавме и им покажав како да си направат фото бук, албум од крстарењето. Наталија ми се заблагодари за моето внимание и трпение и грижа која им ја укажав :) 

Толку сега за сега. Се надевам следниот дневник ќе го пишувам на троа поголем компјутер :)

Comments

Popular Posts