Дневник бр.80
Оригинално објавено на August 26, 2014
Купче магични пријателчиња
Ова крстарење започна со У.С. Коуст Гард. Веднаш после коуст гард со брзање отидов да почнам со фоткање на новите гости. За беља Демион се влечкаше, Сиби поим немаше што да прави и го чекаше Демион да и каже што да работи, Карен беше мрчаторски расположена и се влечкаше и на врв на се Алистер не беше на работа поради тоа што пропушти вет дрил, што значи Ворнинг 1, и забрана за работа наредното крстарење. Како и да е, некако ги склопивме студијата на време и почнавме со фоткање. Рубен го викна Џеф да дојде пола саат порано на работа а потоа и самиот тој ни се приклучи и фоткаше во студио 1 и студио 3. На крај бевме под таргет ама што е, тука е.
Потоа започнува веселото :) Слободна ноќ со Карен, Мишел и Мики. Започна со гледање на Кепт’н Америка, Винтер Солџер. Карен го немаше гледано а јас го имав гледано само еднаш. После тоа земавме кафе од Виста Кафе и го гледавме зајдисонцето од дек 4 старборд сајт, потоа еден гостин, Фил ни кажа дека на портсајт има двојно виножито. За среќа успеавме да видиме мал ден од тоа. И за крај, вечера во Енимејторс Палет, или на македонски палетата на аниматорот. За почеток другите се фрлија на леб и путер на што јас им кажав дека ќе се зафркнат, дека нема да можат да си го завршат главното јадење :) Потоа лобстер равијоли, крем супа од компир. За главно јадење земав лосос со печен компир и некако не ми легна. Е сеа главното за мене е десерт и овојпат добив два, Мики Бар, ванила сладолед на стапче обвиен со млечно чоколадо, производ на Нестле и куки сандеј, мешавина од ванила и чоколадо сладолед, рендани колачиња и прелив од карамела. Ги заборавив имињата на нашите сервери, се трудеа, не беа лоши, и покрај тоа што тој ден работеа од 6 наутро до 11 навечер. Чисто информативно, серверите, овај келнерите, на скоро сите круз компании имаат многу ниска основна плата. Она што им ја прави платата се мал процент од продажба на алкохол, фенси кафиња и милк шејк, и главното е бакшиш. Ако сум импресиониран од услугата оставам мошне фин бакшиш. Ако услугата е одлична, исто. Ако е просечна оставам мал бакшиш, ако е лоша, нема бакшиш. Не знам колку ова со платата на келнерите го знаат луѓево што беа со мене, ама Мишел и Мики не оставија бакшиш, Карен остави 10 долари што е ОК и јас оставив 20 бидејќи ме трогнаа со два десерта. После вечерата сакавме да се фоткаме во ЛСП, белото студио, ама Демион го затвори 10 минути пред време. Прошетавме низ продавниците без да купиме ништо и на крај завршивме во кру бар на по една пијачка. Назад во кабина Карен го пушти најновиот Спејдермен, јас погледав малку, следно на што се сеќавам е алармот наредното утро :)
Остатокот од крстарењето не беше нешто посебно. Во Козумел спиев поприлично. во Грен Кејман по обичај не излегувам од бродот. Во Фолмаут на Карен и дојде Керниф на гости на брод така да станав од спиење, јадев појадок и се вратив во кревет до 2. Во поглед на работа немаше ништо невообичаено. Имавме контрола за изглед од страна на Дизни ама тоа помина лесно. Шестото утро додека ставав фотографии во фолдерите ми дојде една тетка и ми вика, здраво јас сум контролорката од Дизни. Како што клечев за да ги пополнам фолдерите најдоле станав и се поклонив и таа ми рече дека добивам бонус поени за презентација :)
И вообичаено на крај магични семејства. Е овојпат поделив 3 сертификати и едно од моите магични семејства беше заедничко со Карен така да за нив оставив Карен да им додели сертификат.
Заедничкото семејство беше Салех, ќерката Надја, таткото Сем и заборавив како се викаше мајката. Тие се мои и пријатели на Карен од европската сезона на Меџик, овојпат со нив беше братот на Сем заедно со семејството.
Второ магично семејство се Mиљановски од Торонто. Таткото Андреа е роден во Скопје, додека мајката Лила е родена во Торонто. Беа дојдени заедно со ќерките Мишел и Мелиса. Еднаш додека сортиравме фотки на Карен и покажав фотка од ова семејство и и реков дека таткото е роден во Скопје на што таа ми одговори, дап, може да погодам според носот, имате слични носеви :)
Трето магично семејство, поточно магично пријателче е Ајуму Кобијама од Јапонија. Ја запознав за време на новогодишните крстарење на Фентази. Позната е по тоа што цело време се облекува како Мини Маус, овојпат дури го имаше и нејзиниот "peacock" (паун) фустан. Првиот ден додека со Карен го местевме студиото во ходникот таа стоеше до нас и едни гости се затрчаа од другата страна на бродот викајќи Миниииии... и кога се доближија, разочарано рекоа, ах, девојка облечена како Мини. Ми подари едно чудно јапонско чоколадо, зелено по боја со бисквити, нешто како мини верзија од чоко-бисквит. Вкусот не го бендисавме ни јас ни Карен. Како и да е, за среќа имав едно неотворено семејно пакување од Стоби Флипс па и го подарив.
- По сок од јаболко.
- И јас сакам сок од јаболко.
Кога завршив со мојот прв сет дојде со две чаши сок од јаболко, една за него и една за мене. Го внесовме сокот во вестибјул собата и го сркнав на екс по што излегов и дел од мојата пауза ја поминав дружејќи се со целото семејство. Патем да не заборавам да пишам дека крстарењето го завршија со 1078 (илјада и седумдесет и осум) фотографии. Еден од режачите беше заглавен саат и пол со нивните цедиња. Дел од фото тимот ми беше лут што се дружам со нив и што се мое магично семејство, ама што да им правам, јас и Консентино се здруживме на нивното прво крстарење кога јас сеуште бев фотог1. Сепак мило ми е што ги видов и се надевам дека ќе ги видам повторно :)
п.с. овој дневник го започнав и го завршив на Acer Aspire One, 10 инчното компјутерче на сестра ми Сања кое стана мое откако фатив да работам по бродови. Во меѓувреме ми стигна новиот компјутер Lenovo Y50 UHD, ама некако навикнат сум да си пишувам на малечкото компјутерче :) Инаку за споредба, ако ги споредуваме компјутерите со коли ова би изгледало како Fiat 500 со Lamborghini Aventador, и во изглед и во перформанси.
Comments
Post a Comment