Дневник бр 81

Оригинално објавено на September 14, 2014  

Пристигна Дорчо

Новооо, ново купујеееем, новоооо :)))) Крстарењето започна со утринска продажба на која се потпишав во тетратките за автограми на Ентони и Џош Консентино. Потоа од премореност решив да останам на брод. Наполнив 4 машини за перење со алишта, потоа ги префрлив од перална во сушална и легнав да спијам... ко топ. Пред дрил капетан Марко се обрати на целиот брод и кажа дека поради невреме се менува траекторијата на бродот и наместо Ст.Мартин бродот ќе оди во Ст.Хуан, Порторико. Такво навивање и викање во ходник немав слушнато досега во мојата кариера на брод :) За многу луѓе Ст.Хуан е омилено пристаниште а добар дел од тимот, вклучувајќи ме и мене никогаш не бил таму. До крајот на вечерта фоткав карактери во студиото во ходникот. Хух, терсене гости на прва ноќ од крстарењето... не ми е по ќејф, ама што е тука е, распоред со ротација, когаш работиш нешто фино, некогаш нешто лошо. Сепак за мене и Карен главната работа што ни се случи е што ни стигнаа неколку пакетчиња по пошта. За мене нов компјутер, Lenovo Y50 UHD, најновиот и воедно најсилен гејминг компјутер на Леново. Го нареков Дорчо, бидејќи е црн, пластиката е од јаглеродни влакна. Го начекав на B&H за 1400$ Дополнително купив глушец Logitech M510, футрола за компјутерот и средство за чистење на екранот. На Карен и стигнаа неколку работи, нови платнени чевлички Ралф Лорен, за неа и Керниф, потоа нов објектив Nikkor 50mm F1,8 D, и нов телефон, овојпат за Керниф, кинески телефон MANN, поприлично гломазен, отпорен на вода и удари, иии со мени на кинески :)))) наредната ноќ Карен се мачеше да го префрли на англиски, ама не и успеваше. И реков дај јас да пробам, и видов дека андроид верзијата е слична на мојот телефон и успеав во тоа :) 

Наредната ноќ за прв пат го фотографирав судиото со брод на првата формална ноќ. Рубен не смени мене и Дилија, сега Дилија ја доби месечината а јас го добив бродот. За крај на вечерта следеше најдолгиот состанок во мојата кариера, едно добри 2 саати. Третиот ден утрото ми започна со сетап на Фроузен по што останав во Шатерс, нешто што се нема случено досега овој договор. Имам чувство како цел ден да го поминав таму. Во меѓувреме Метани ме фотографираше како им помагам на гости :) Ноќта заврши со краток митинг затоа што дел од тимот воопшто не е сконцентриран додека работи и прави еден куп глупости. Меѓу другото некој ја извади камерата на Карен од торба и стави на под, нешто што ни е забрането затоа што од трескање на камерата од мермерниот под се оштетуваат објективите кои ги користиме. 

Сан Хуан беше интересно искуство. Долго време бил шпанска колонија а сега е дел од САД. Од пристаниште од трговскиот отидовме со такси комбе. Трговскиот е голем ко ГТЦ и е полн со интересни брендови. Со Карен кркавме во Бургер Кинг, купивме по некое крпче, јас си купив Левис пантолони со џебови од страните за 20 долари :) 

Остатокот од крстарењево не се сеќавам на многу нешта :р 

Магично семејство за ова крстарење е Ји од Њу Јорк, млад брачен пар со родителите на господин Ји. Мајка му посебно учествуваше во нивната шема за фотки со карактерите и на крај завршија со преку 500 фотки што за семејство од 3 члена (стариот Ји ретко се фотографираше) е голема бројка. Упс, да не заборавам да пишам дека Ји се другарчиња со Консентино. Се запознале лани на крстарење на Фентази и понекогаш одат заедно на театар во Њу Јорк. 

Се извинувам за задоцнувањето со овој дневник, но едноставно изгубив енергија во глобала. Животот на брод ти е нагоре-надоле, а јас долго време одев нагоре.

Comments

Popular Posts