Дневник бр.82

Оригинално објавено на September 14, 2014  

Догледање Фентази Фајф

Изминативе три крстарења немав пишано ништо, па затоа го довршив започнатиот дневник 81 а двете останати крстарења ќе ги ставам овде. Главен настан е смената на карактер и меин стејџ тимовите. Петтиот тим на Фентази оди на заслужен одмор а на нивно место доаѓа шестиот. Во меѓувреме имаа две крстарења заедно во кое новите момци и девојки се прилагодуваа на бродот после 2 месеци обука во Торонто. Журката за збогум беше неверојатна. Ди-џеј беше Тим и пушташе ептен добро, толку добро што немам слушнато дооооолг период, последен пат добра музика слушнав од Џони и Тадеус од Меџик 28 пред 2 години. Посебно интересно беше да се гледа како луѓе кои се профи танчари танцуваат кога се на журка :) На крај се фотнав со Кортни, мојот омилен член од оригиналниот Фентази Фајф (Мелоди ми е омилен член и од Фентази Фор и Фентази Фајф). 

Во меѓувреме имаше и промени во фото тимот. Мишел се врати на Вондер, и тоа на среде крстарење, така да нејзиното место како трафик контролер на дрил го зема Карен :( На одмор заминаа Рејчел и Марвин, а од одмор се вратија Џудит и Маја. Денес во тимот дојде уште еден јамајканец, Двејн. Исто така и Рубен отиде на Дрим денес а на негово место од одмор се врати Алан. 

Од активности по пристаништа да пишам дека во Козумел бев во порт менинг, па и дадов на Карен листа со ствари што требаше да ми ги купи од Мега. Инаку минатиот пат кога Карен беше во Мега купи фармерки, ама не и го извадија магнетот, така да сега отиде првин за да и го извадат магнетот, ама за беља заборави да ја понесе со себе сметката, така да ништо од бизнисот. На брод се врати ифрит љута, и нормално не купи ништо од стварите што и ги барав. 

Во Грен Кејман по навика не се случуваше ништо, ама со Карен имавме слободна вечер па бевме на вечера во Еншантид Гарден. После тоа бевме да го гледаме Вишис шоуто во Волт Дизни театарот. За мене втор пат (претходно го гледав минатиот договор) а за Карен прв пат и ептен и се допадна :) 

Во Фолмаут спиев до 2 попладне бидејќи не учествував во ниту една од двете битни активности кои се случуваа тој ден. Помалку битната е дека имаше екскурзија за кру, качување на водопадот во Очо Риос, а побитната е дека пола тим отиде кај Карен на гости и правеа ручек, пиеја, се журкаа, а јас... гледав фотки што се случувало после тоа. Карен не сакаше да ризикува да дојдам и да се сретнам со Керниф. Тој беше цел ден на работа, ама страв лозје чува. 

Наредното крстарење во Порт Канаверал повторно фотографираф укрцавање на гости поради смена на луѓе во тимот, а вечерта чистев принтер :( Како и да е, радост е што ми стигна блицот. Си купив Nikon SB 910, со додатоци, батерии, полнач, софтбокс, зиберче, сетоа тоа за 600$. 

Ноќта кога фоткавме во ресторани на мене, Карен, Џеф и Сиби ни дојде редот за одење во Кабанас ресторанот на вечера. Храната ТоБ, услугата безвезе, дружбата најтоб :) 

Во Сент Мартин бев во порт менинг, ама не ми пречеше :) Со Џим имавме тренинг поврзан со песни од Дизниевата продукција. Бевме поделени на 3 тима, и за жал резултатот беше 38-36- 31, мојот тим беше втор :( 

Во Сент Томас за прв пат овој договор трчав маунтин мен челинџ, и задоволен сум со времето, за 9 секунди бев пократок од 15 минути. Мое најлошо време досега, ама со оглед на тоа колку одам во теретана овој договор, не е лошо. Меѓу другото имаше и неколку измени, стартувавме во 1 часот попладне, и за жал бевме само тројца, јас, Џим и еден дечко од кујната на Ројал Корт. Потоа имав слободна вечер со Џеф и Сиби што ја искористивме за да кркаме пак во Кабанас, овој пат облечени во убави облеки и без Карен, и потоа го гледавме шоуто на Бакитс и Бордс во Волт Дизни театарот. Ова ми беше трет и четврт пат да ги гледам, ама секогаш ми се ТоБ. На Сиби и беше прв пат да ги гледа и ептен и се допаднаа. Остатокот од ноќта го искористив да си играм со новиот блиц :) Кога сме кај мојот нов блиц, полначот што го купив со него има можност за тестирање на батерии доколку некоја е цркната па дел од мојата слободна вечер го поминав во фото лаб тестирајќи батерии и од 20 и кусур батерии успеав да најдам 18 што работат. 

Денес конечно бев во утринска продажба која беше малку луда бидејќи бевме во принцип 3 човека мањак, ама работа си е работа, и некако ја завршивме :))) Потоа со Карен бевме во Волмарт и купивме еден куп потрепштини. За крајот на вечерта фоткав бело студио, за прв пат овој договор, и беше ОК :) 

Од магични семејства првото од овие две крстарења магично семејство ми беше Томохиро, посебно ќерката Мију. Погодувате, се работи за јапонци :) 

Второто крстарење магично семејство ми беа Пановски, мајката Џенифер и ќерката Сиена. За жал таткото Тони од Битола не можеше да дојде на крстарењето. Како и да е, Пановски ги гледав секој ден на различни делови од бродот. Кога фоткав „Ројал Корт кралска чајанка“ ја фотографирав Пепелашка и откако Пепелашка се фотографираше со Сиена, Сиена побара и јас да застанам до нив и мама Џен да не фотографира тројцата :)

Comments

Popular Posts