Дневник бр.83
Оригинално објавено на September 28, 2014
Речиси раскинав со Карен в.2
Изминативе две крстарења нешто што беше посебно битно е што Карен речиси раскина со мене. Додуша бевме стварно скарани неколку денови, ме избриша од пријатели на ФБ. Си ги зема сите нејзини работи од мојата соба и ми ги даде сите мои работи од нејзината и не зборевме 2-3 дена уопште а после тоа зборевме строго деловно. И после тоа она доби, и помина ПМСот, почнавме пак да збориме и се смиривме. У меѓувреме требаше заедно да имаме слободна вечер ама се сменив со Маја, така да јас имав слободна вечер наредната сабота.
Во врска со работа и понатаму никој не остварува таргет во продукција, ама битно е у продажба постигаме таргет, така да нема гајле :) Петокот додека бевме раскинале фоткав плажа и требаше да направам 300 фотки а јас едвај 200 и нешто. Можеби да знаев дека сум еден настан позади таргет ќе се сконцентрирав на работата и ќе сработев, ама едноставно не ми се фоткаше.
Од портови во Козумел скокнав до Коразон Контендо на малку брз интернет и фахитас. Грен Кејман по традиција не правев ништо, а во Фолмаут бев во ин-порт-менинг и спиев доооолго :) Во Сент Мартин повторно ИПМ, ама затоа во Сен Томас прво трчав по планината со Алан и Тери, после тоа купив резервна батерија за телефон и кркавме во Сабвеј. Трката беше забавна. Беше топло и со голема влжаност во воздухот бидејќи утрото врнеше пороен дожд така да беше мошне напорно за трчање. Ова беше прва трка за Тери и Алан после долго време па затоа се државме заедно скоро цело време. Негде при крај Алан викна шпринт и фати да јуриша, јас издржав малку а Тери се влечеше позади мене. Така да, овој договор 1:0 за мене во дуелот со Тери.
Во поглед на тим Џефри и Сиби заминаа на заслужен одмор. На нивно место дојдоа Џоан, моето старо другарче (преку 100 кила) од Меџик и Вилијам во Велс кој претходно бил на Оејзис оф д Сиис и Куин Мери 2. Демион побара смена на кабина и сега е цимер со Двејн, така да јас го добив Вилијам за цимер. Патем поради смената на двајца членови од тимот и еден човек мањак (сеуште) работев и утринска продажба и укрцавање, по што имав слободна вечер што ја искористив за да му го покажам бродот на Вил. Да не заборавам да пишам дека на бродов како гостинка (на Јуриј од енџин рум) крстари Лусијана од Аргентина. На Фентази ќе биде 2 недели по што оди на Дрим, ама бидејќи сме човек мањак Алан и рекол да дојде да работи, уште на првата вечер :)))
Од магични семејства, имаше неколку интересни семејства, имаше неколку палави дечиња кои одлично позираа во студио и имаше еден татко, му го заборавив името (бааги долго) инаку професионален свадбен фотограф кој ми кажа интересен трик за мојот апарат. На одмор беше дојде со Никон Д800 ама вика дека Д300с му е омилен апарат :)
Comments
Post a Comment