Дневник бр.85

Оригинално објавено на November 4, 2014 

Том Круз на Халоуин

Изминативе 7 дена решив да се сконцентрирам на работата колку можам повеќе. Вообичаено се мачам со постигање таргет во студио па надоместувам во ресторан, овојпат беше обратно, дури и плажа испукав ко што треба :) Инаку ова крстарење беше последно од Халооуин крстарењата и некако ми се погоди фоткање дрво на пиратска ноќ и фоткање мозаик на халоуин :) Во поглед на тимска работа, некои од членовите во тимот ме мразат поради она што и се случи на Карен, а некои поради тоа што бев бааги избувлив во последно време. Инаку не знам дали пишав дека иаме нова девојка у тим, Јунари Валди од Хондурас. Работела како хаус кипинг на Ројал и и текнало да аплицира за фотограф затоа што и е забавно да фотка со нејзиниот мобилен. За нејзина жал фотографија како хоби и фотографија, посебно на брод како професија се сосема различни, ретко сретнувам толку лош фотограф. Оваа недела во тимот ни дојде и Алана од Калгари, Канада. Верувам дека ќе ја биде. Следната недела добиваме уште еден нов фотограф, Ана... енивејз... И да пишам ред-два-три за луѓето кои заминаа. Марија од Аргентина имаше побарано трансфер на Дрим, ама сето тоа се оддолжуваше и таа се повеќе го засакуваше Фентази, ама конечно Јелена и Оксана од Дрим заминаа на одмор па се ослободи место за Марија. Метани доби трансфер на Алур или Оејзис (никако да запамтам кој од тие два брода она го доби :))) На нејзино место ја унапредија Џудит. 

Во поглед на забавни активности се случи роденденот на Џоан, 35 или 36... не е битно, частеше едно кампари у кру-бар, падна интересен муабет за што ни се случувало додека работевме на различни бродови. И секако настанот од насловот, Халоуин :) Голема прослава во Ди-лаунч. Преку Амазон си купив Топ-Ган костим :) Стигнав релативно доцна, веќе немаше гага алкохол :( Енивејз, Тери ми дозволи да земам објектив од фирма (единственото нешто што ми фалеше таа ноќ од фото опрема) и решив да фоткам фини луѓе у костими. Фотки ќе обесам коа нема да ме мрзи да праам постпродукција :))) Како и да е, Тери веќе напраи брза постпродукција на неговите и моите фотки и ги отпечати, и паддна опасна гужва у фото лаб :))) 

И од шопинг да не заборавам да пишам дека ми стигна Sigma 17-50 F2.8, сеа иам комплет пристојна опрема за фоткање наоколу :) За жал во Козумел бев во ин-порт-менинг а во Јамајка Али побара смена и бидејќи немав што да правам решив да се сменам. 

И рубриката за крај, магични семејства :) 

1. Кулуко :) Таткото Кент, кошаркарски тренер, мајката Џил, плавуша како од списание, 9 годишниот син Карсон кој веќе носи 41 патики и синот Џордан кој има само 1 година :) Кент и Карсон носеа Најк Зум Коби 7 и веднаш падна муабет за патики и спортови :) Крстарењето го завршија со 200 и нешто фотки, најголем дел од нив од момците, за жал на машкиот дел од фото тимот. Метани беше интересна кога кажуваше дека Кент ја зјапал а она у исто време ја зјапала Џил :)))) И да не забораам да пишам дека живеат во Њу Џерси :) 

2. Гулачи, таткото Доминик, мајката Дејна и ќерките Сани и Сиера. 

3. Кембел, Еприл и забораив како се викаше маж и. Ми кажаа дека сум им бил омилен фотограф. Ќе крстарат пак на фентази догодина, исто како и Кулуко :)

Comments

Popular Posts