Дневник бр.86

Оригинално објавено на November 25, 2014 

Мини Маус во два не баш лесни за кру костими

Три недели како немам пишано, и воедно уште три недели до крајот на договорот. Побитни работи што се случија се тоа што Дизни Фентази за последен пат беше во Козумел до некое догледно време. Тоа го искористив за да кркам појадок во Коразон Контендо, шопинг во Мега и во Еуропа, продавницата за алкохол и европски чоколади. На второто од овие три крстарења имав слободна вечер во Порт Канаверал што ја искористив за вечера во Enchanted Garden, маѓепсаната градина, заедно со Џоан и Рејчел. Истото крстарење имавме и СПА вечер :) Наредното утро требаше да бидам на сетап со Демион, Џоан и Јунари на Фроузен во Волт Дизни театарот, ама се скарав со Демион уште не почнати со работа и останав во лобито да го спремам студиото за Дизни Џуниор карактерите. Е сеа бељата е што никој од ни тројца не знае да го постави студиото за Фроузен. Мојот став е дека никогаш, ама никогаш не смееш да ги навредиш луѓето од кои зависиш. Ставот на менаџментот е: Тони тебе те ставивме во сетап затоа што само ти знаеш како да го поставиш тоа студио и не е професионално да го оставиш тимот на цедило. Јас реков дека Демион ме нарече глупав што е најголема навреда која може некој да ми ја упати и дека нема шанси да помогнам во таков случај. Наредниот пат ме ставија мене, Алана и Хорхе на сетап. Хорхе за жал не дојде па јас се мачев да и објаснам на Алана секој момент од сетапот. Бељата е во тоа што јас не зборувам многу, уште помалку рано насабајле, а Алана е девојче, башка што нема искуство во сетап а ова и беше прв пат на сетап на студио од овој тип. Како и да е студиото беше спремно на време, за разлика од претходниот пат кога горенаведениот идиот и двајца грешници не успеаја да спремат студио кое се мести за 20 минути во рок од саат време. Од останатите аспекти на работа, се вратив во топ фотографи на ресторан :) Тимот полека паѓа во замор што значи дека јас со мојата не толку добра форма пак сум во конкуренција :) Тери забрани неколку комбинации за фоткање ресторан на пиратска ноќ така да и тука ми се отвора шанса за влез во топ3 :) Едини бед е што веќе не сум во Еншантед Гарден туку во Енимејторс Палет. 

И сега за поднасловот. Мини почна да го носи нејзиниот свечен божиќен фустан. За среќа Алан ме става да ги фоткам карактерите на балконот на формалните ноќи. Мини во нејзиниот паун свечен фустан не е лесна за добивање затоа што линиите се вообичеано долги, а во нејзиниот божиќен свечен фустан го носи само неколку пати годишно. 

Од шопинг купив патики за Алек и Марко и саат за мене. Планирав овој договор да го истуркам без да купам саат ама се скина ременчето на белиот Армитрон кој го користев за спортски активности и работа на Каставеј Ки. За 25$ ја купив црната верзија (белата веќе не се произведува). 

И за крај магични семејства. Идеме крстарење по крстарење. 

- Прво крстарење: Неколку нови пријатели. 

1. Мелиса Шо, ова крстарење наполни 40 години. Се муабетевме додека чекаше во линијата за карактери во Прелудс. И оставив толку добар впечаток што на крајот од крстарењето пиша писмо до ДЦЛ во кое ме пофали :) 

2. Семејството Дејвис, таткото Џон, мајката Џери и децата Хејли, типична тинејџерка од холивудски филм, плава со убаво лице, згодно тело... Меги и Конор. Првата ноќ од ова крстарење фоткав ЛСП и почнав со децата и потоа реков ајде сеа и баба и дедо... не знаејќи дека се мама и тато :/ Џон и Џери ми се налутија ама децата се тркалаа по студиото од смеење :) Пред крстарењето купија пакет со сите принтови за во меѓувреме да додадат и ЦД, ама за беља кој и да ја правел дополната не порачал да се изреже ЦД па сабота наутро испадна не баш магично за Хејли кој чекаше пола саат додека да се изреже нивното ЦД :( 

3. Дедо Миле и баба Мира, родум од Битола сеа живеат во Њу Џерси. Ги запознав додека фоткав ресторан на третата ноќ од крстарењето. Дедо Миле почна да ми зборува на македонски и се зазборевме толку многу што другите фотографи дојдоа во мојата секција на пола секција незавршена :) На ова крстарење беа дојдени со една од ќерките, зетот и внуците. Од време на време се сретнувавме во лобито и им кажував како јас решив да дојдам да бидам фотограф на брод. На дедо Миле му се допадна тоа што работам фина работа од старт, не мијам чинии :) Тој ми раскажа како на времето со татко му и целото семејство се преселиле првин во Пула да работи на бродоградилиште и како потоа заминале за Америка. Ми раскажуваа различни случки од нашинци кои зимале брачни партнери од роден крај па секој од тие случаи завршил различно :) 

- Второ крстарење: Немаше нешто посебно. 

1. Марија и Олесија од Москва. Олесија има околу 10 години и омилен карактер и е Плуто. Беа редовни во линиите за карактери и беа мошне фини па решив да им дадам сертификат. 

2. Мур, постар брачен пар кои го зачувале детето во себе и беа редовни во линиите за карактери. На Каставеј Ки заедно се возевме во трамвајот од Серенити Беј до бродот што значи доста време за муабет. 

3. Рејчел.... Првата ноќ фоткав карактери во Прелудс и забавувајќи ја линијата Рејчел ме запамти. Иако потоа скоро и да не ја видов во линиите секојпат кога ќе се сретневме низ бродот весело се поздравувавме. Последната ноќ во Шатерс направивме селфи. Алан со неверување гледаше што се случува и само ми кажа браво. Патем, да не заборавам да пишам дека Рејчел има десетина години. 

- Трето крстарење: Неколку повратници и по некој нов херој :) 

1. Хајди и Херт од Белгија. Пријатно се изненадив кога ги видов на укрцавање. Вечерта се видовме додека се шетав низ бродот и ми кажаа дека мислеле дека сум на одмор. Им реков наскоро... наскоро :) Од минатиот пат кога се видовме кај нив е ново што сега живеат заедно. Јас им кажав за тажниот крај на мојата врска со Карен. Ова беше четврто крстарење на кое ја сретнувам Хајди и второ на кое го сретнувам Херт. Првиот пат Хајди беше заедно со другарка и Лени, вториот пат со родителите, третиот пат со Херт :) Ова крстарење донесоа белгиско чоколадо за мене, Ли и Диего. Во една од линиите за Мики Маус гритер беше Никол и им кажав дека Никол е најдобра, а на нејзе и кажав дека ова се мои големи пријатели со кои имам една заедничка работа. Подаруваме чоколадо на луѓето кои ги сакаме :) 

2. Чи и Керолин Чу од Тексас. Чи има кратка бланширана коса така да лесно е да ја запамтиш :) Првата ноќ се мачеше да се логира на својата мејл адреса, и јас се разбира, и го конфигурирав Самсунг телефонот за да може да го користи бродскиот интернет без да го потроши пакетот на автоматски софтверски надградби :) 

3. Алисон Ли со семејството. Алисон е исто така од Тексас и ме памти од Меџик од Галвестон сезоната како и претходното семејство. Има помал брат Џејден, и заборавив како се викаа нејзините родители. Патуваа заедно со уште едно семејство ама ова крстарење беше буквално журка-журка а јас слабо памтам имиња... 

4. Господин Фонг, или како што е на ФБ пишан Чарли Браун. Имам теорија дека само 2-3 проценти од полицајците на планетава се ОК момци. Фонг е многу повеќе од тоа. Долго ќе го памтам моментот кога ми дојде во студио на пиратска ноќ со Елса перика. Периката оригинално била купена за неговата ќерка, ама таа има бујна коса а периката не е баш голема така да не и се фаќала. Фонг пак има избричена глава така да периката некако лежеше :) Кога ми дојде во студио ми требаше некое време да се соземам од смеење пред да почнам да го фотографирам со семејството. 

5. Стиван, или Стеван како што се пишува неговото име. Малку постар господин, да не речам дедо со бела коса :) Го добил името откако мајка му и татко му не успеале да се договорат за име па добил кованица од две имиња. Беше изненаден кога дозна дека името Стеван било често на времето во Македонија и дека татко ми има вујко кој го носи тоа име. Мошне пријатен соговорник. 

Како што можете да видите послабо се грижев за работата отколку за дружењето со гостите на бродот. Направив и дооооооолга пауза од теретана и трчање. Дури минатата сабота истрчав 2КМ после месец и кусур пауза. Наредниот петок на Кајставеј Ки ќе има 5КМ за кру, ама за жал ќе фоткам плажа, така да не форсирам со тренинзи. Имам болки во десното рамо кои поим неам од кај ми се, ама се надевам ќе се оправам додека да ми заврши договорот. За следниот договор пуштив барање за Меџик. Во меѓувреме и Кевин дојде на гости на брод, бараше луѓе за следното лето на Меџик, стриктно европјани. Му понуди на Али да дојде на бродот во мај. Истото и го понуди и на Дилија, ама таа не сака да оди без Хорхе. Кевин се насмеа и му кажа на Хорхе дека има 5 месеци за да стане европјанин :))) 

Толку од мене сеа за сеа, се надевам ќе пишам уште некој дневник пред да ми заврши договорот. Кога сум на одмор не пишувам :)))

Comments

Popular Posts