Бродски дневник бр.87

Оригинално објавено на March 18, 2015  

Повторно на Дизни Меџик

И еве ме повторно на Дизни Меџик, мојот прв брод. Пред крајот на мојот претходен договот на Фентази пуштив барање за трансфер и ми беше одобрено. Причината е тоа што ова лето Меџик ќе плови од Копенхаген до Осло и еден куп фјордови, Стокхолм, Хелсинки, Рига, Ст. Петерсбург, Рејкјавик, Довер... и ќе ја заврши сезоната со седумдневно крстарење по медитеранот. 

Овојпат летав Скопје - Виена - Њуарк (Њу Јорк) - Орландо. На патот кон аеродром врнеше снег ама тато ме однесе безбедно до аеродром. На аеродром налетав на неколку другарчиња како на пример Габи од моето село, Дејан, професорот по физичко во едно од основните во општина Гази Баба, така да не беше досадно по пат. На летот кон Њу Јорк воглавно гледав филмови, освен кога правев муабет со чичко Исен, пензиониран даскал од Дебар :) Во Њу Јорк таман стигнав на време за да се качам на мојот лет. Чисто информативно, времето во Њу Јорк беше сончево, наоколу се беше бело и температурата беше -1. Среќа што цело време бев во аеродромот. Во Орландо беше тмурно облачно и температурата беше 20 степени :) 

Во Ла Кинта север на појадок запознав два пара, Дон со жена му и Лео со жена му. Тие волонтираат во соколана. Дап баш онакви какви што имало во Скопје пред еден век. Движењето сеуште е активно во Америка, поточно во Охајо. Оние што се поталентирани за гимнастика подоцна ги праќаат на други гимнастички клубови каде што натпреварувачкото ниво е повисоко. Како и да е. Момциве (додуша пензионери се сеа) на времето ја пропатувале буквално цела Европа па ми раскажуваа дешафки од балканот во 70тите. Овојпат беа трнати на крстарење на некој од ројал карибиан бродовите па паднаа доста муабети на еден куп теми. 

Првиот ден на работа утрото имав еден куп активности па не успеав да се видам со Шелдон и Лорен :( Стигнав само да се запознаам со Вероника која за жал реши да ја прекине дружбата со Имиџ и да продолжи понатаму во кариерата. Вечерта за мое изненадување фотографираф студио :/ Вториот ден утрото фотографираф принцес гедеринг, поточно Тијана. Вечерта карактери и ресторан. На Меџик, темпото на работа е необично за мене. Секогаш првото крстарење откако ќе се вратам од одмор ми е напорно. Бонус на тоа е што тимот беше еден човек мањак, и што се фотка во ресторан на двете формални ноќи и на пиратската ноќ. Третиот ден беше Козумел, моето омилено пристаниште. За жал имавме кру-дрил па не можев да отидам во Коразон Контендо на појадок :( Како и да е, направив фин шопинг во Мега, купив еден куп работи што ми требаат (новата линија долна облека од Фрут оф д Лум владее, а чини 5 пара за 150 пезоси ил преведено во денари еден пар е 100 денари). Грен Кејман ми е денот за перење алишта, дремење и одмор. Вечерта бев во Шатерс, ама цело време трчав некаде. Фоткав Пало, одев до лобито да помагам на колегите... Главен настан беше премиерата на новиот филм за Пепелашка. И како и пред премиерата на Фрозен, овојпат Пепелашка се појави за фоткање пред театарот, а јас и бев фотограф. Подоцна се прикрадов во театарот и го изгледав филмот и мојот коментар е: ТоБ! Фолмаут го искористив за спиење до доцна наутро по што скокнав до продавницата на Ниша на бош муабет и си купив приврзок за клучеви на кој ја закачив мојата мајкрос картичка. Видов дека има продавница на Карилоха (текстил произведен од бамбус, неверојатно мек и квалитетен), ама се воздржав да влезам :) Ќе почека додека да земам плата :) Втората формална ноќ не се сеќавам што работев :)))))) Уствари ми текна, студиото со месечна на позадина. На Кастевеј Ки фоткав на една од моите омилени локации Скатлс Коув, карактери на плажа :) Горе-доле ОК крстарење. 

Гостиии... имаше еден куп тексашани (ги обожавам). Ова беше првата недела од пролетниот распуст, и на бродот имаше околу 1000 деца од 2500 гости севкупно. Гости кои се паметат... имаше неколку :) Први, Дејвид и Холи Попа, поприлично елегантно пополнет пар кои со кои се гледав поприлично многу кога минатиот пат крстареа на Фентази. И овојпат беа редовни во карактер линиите и студијата и завршија со нешто над 300 фотки. Втор е Маверик Семлер. Маверик има скоро 2 години :) Имаше уште неколку гости кои ме памтат од Фентази :) 

Сега за бродот. Фото операциите се мнооогу изменети, на подобро за среќа. Сетапот на студијата е сличен на оној на Фетази со мали измени. Шатерс е многу убаво направен. Како недостаток може да се наведе тоа што не се надградени серверите во фото лаб, ама јбг, многу скапо би се фатило и тоа да се смени. Посебно затоа што драј докот беше во Шпанија. Од гостинска гледна точка Енимејторс е целосно обновен во мултимедијална смисла, Перот Ки е преправен во Кариока, од карипски во бразилски стил, а Лумие е потполно ист ко што беше. Баровите се целосно променети и целата таа област сега е многу поубава од естетска гледна точка. И главните измени се во лобито. Сменет е лустерот, и отстрнети се едни скали и е добиена оптичка илузија дека лобито е многу поголемо. 

И за крај тимот :) Светото тројство е мејд ин Фиипинс. Бизнис Менаџер е Елен, работела на скоро сите круз компании каде што Имиџ праќа фотографи. Пријателски расположена, прифаќа сугестии од фотографите, прави фин распоред. Многу сака чоколадо :) Ова крстарење некои денови ме ставаше на еден куп ствари, ама па наредниот ден ми даваше полесен распоред (тоа што ме извади од фоткање плажа е мнооогу ТоБ). Лаб менаџер е Мао. На прв поглед потсетува на Тери, немав некоја поголема шанса подобро да го запознаам. Шатерс менаџер е Ана, Кралицата Ана (бидејќи името Принцезата Ана е зафатено веќе со Фроузен). Многу ми беше ТоБ додека работев со неа на Фентази и сум среќен што таа е Шатерс менаџер овде :) Најчесто на Мао му помага Младен од Србија. Со него сум во ембаркејшн тим. И како вистински србин не пропушти шанса да убаци злонамерна шега на тема бјрм на што остро го погледнав и заќуте. Ваљда ќе биде ОК да се работи со него. Лидер на тимот за сетап и бејкдаун е Оксана Долга од Украина. Член на Буѓмо тимот која многу напреднала кога станува збор за бродска фотографија. Мој цимер е Хандер од Венецуела. Потајно/појавно е заљубен во Рајли, Принц Навин од меин стејџ :) Во некои работи потсетува на Федерико, мојот цимер од првиот договор. Во тимот има уште една украинка, Олена. После долго време пријателство на ФБ сеа сме пријатели и во реалниот живот. Инаку се работи за ниско, елегантно пополнето и многу весело девојче. Следна, Ирина од Молдавија. Работела како фотограф на МСЦ, ама некако не се снаоѓа баш најдобро на Дизни Меџик, веќе 4 месеци е фотог1. И за крај кралицата на плажата, парти енимал и девојка што вели „Што сакам, тоа направам“, Жељка од Загреб :) Во првиот договор беше најлошиот фотограф во ресторан, ама во овој тим е најдобра :) Додуша веќе е при крај на договорот па минатото крстарење ја победив за некои 30 фотографии севкупно. 

п.с. Враќањето на Меџик ме потсети на времето кога бевме среќни со Карен. Жељка ми кажа дека ми била многу лута затоа што раскинавме на толку брутален начин. Дејвид и Холи Попа ме прашуваа за неа, ми рекоа дека им е мило што ме гледаат, ама дека биле многу среќни со фото искуството кое го имале со Карен. Да не биде се така црно, имаше и поддршка за мене, пред се од Јасна од Црна Гора :) 

п.п.с. Добар старт на мојот петти по ред договор :) И како по обичај карактер тимот брзо ме засака и се среќни кога работат со мене :)

Comments