Бродски дневник бр.88

Оригинално објавено на March 24, 2015

Добредојде Алек од Македонија

Втората недела од овој договор ќе ја одбележи доаѓањето на брод на Александар од Велес. Сега заедно со Владо од броадкаст сме тројца македонци :) Аце е 31 годишен, порано работел хаус кипинг на Селебрити, асиситент собар. За работава му посредувала агенција од Романија, Оушн Џабс и не му зеле ни евро провизија (за разлика од овие нашиве ненаситните). На интервјуто барал да го пратат на Дизни, ама Џенет Мартин му рекла дека нема шанси бидејќи не се смее доволно, и го планирале за Радијанс оф д Сиис, ама по сплет на околности сепак го доби Дизни Меџик. На прв поглед ме потсетува на мојот комшија Горан што не е добар знак, ама оставам простор да ме предомисли. Инаку англискиот му е на мирко тепавац ниво (Борат), што исто така не е добар знак. Добра работа е што во ресторан за цел круз направи над 1000 фотографии со пристоен квалитет што е одлично како за нов вработен. 

Работно, првиот ден фоткав карактери. Нешто бааги напорно, луѓето прв пат доаѓаат на брод и мислат дека ако сеа не ти застанат пред камера и да го чкрапнат своето дете со Мики, веќе ќе немаат повторно шанса во својот живот. Како и да е преживеав :) На формал најт фоткав брод, хух малку напорно, не е толку лесно ко на Фентази, гостите имаат повеќе пешачење од линијата до позадината и тука се губат драгоцени минути. На пиратска ноќ фоткав Пирати во Карибите позадина, е тоа беше забавно. На втората формална ноќ фоткав пред статуата на Мики, и бев далеку од таргет :/ Во Гренд Кејман бев дела ноќ во Шатерс што беше нешто ново за мене, не памтам кога последен пат сум поминал цела ноќ во Шатерс. 

Е сеа од пристаништа, за прв пат во животот се симнав во Ки Вест. Имавме доволно слободно време па фатив бус од брод до центарот на туристичкиот дел од градот, прошетав барајќи продавница за спортска опрема па на крај решив некои потрепштини да купам од Волгрин, и после отидов на ручек во Хард Рок Кафе. Локал леџендари бургер се карактеризира со големо парче печен ананас што дава морска свежина на бургерот. После тоа кркнав еден Епл Коблер, ама наместо во чаша како во Малта, го донесоа во чинија, беше добар, подобар од тој во Рим, послаб од тој во Малта. Во Козумел касно пристига бродот па имав време само за шопинг во Мега и тоа набрзинка. Е сеа тука има дешафки кои идат во нов параграф. 

Карен наполни 32 години и баш на денот на нејзиниот роденден нашите бродови беа укотвени еден до друг. Жељка ми пренесе дека Карен сака Стич за подарок, ист како оној што го заборавила на Фентази (тој што и го подарив кога бевме среќни заедно). За жал немаше веќе таков во продавниците па и купив помала верзија но со 4 раце, и без простор за посвета. Од бродот излегов заедно со Жељка и Ема. Карен фоткаше генгвеј. Беше многу среќна кога го виде Стич и силно ме гушна. Инаку цело време ми беше тешко на душата и не кажав ништо. Кога се вратив во брод додека јадев во кру мес го понесов телефонот со мене и Карен ми пиша дека е во Хутерс и дека ќе ме чека на крајот на пристаништето. Имаше букирано екскурзија со својот тим, па се видовме повторно додека чекаа за водичот да ги поведе. Се помуабетивме кратко. Нејзиниот брод наскоро заминува преку атлантикот да крстари по медитеранот. Којзнае кога ќе се видиме повторно... 

Од тимски активности, ова крстарење беше поприлично богато :) на првиот ден отидовме во СПА центарот, а после Грен Кејман имавме вечера в кру лаунч со еден куп фина храна :) Елен не потсетуваше да му кажеме на Аце дека вакви работи ретко се случуваат :) И двете беа во чест на последното крстарење за овој договор на Жељка. Таа се враќа назад на Меџик кога бродот ќе биде во Копенхаген. 

И за крај магични семејства :) Први ќе ги наведам Џордан Гудман и Скот Висмонт од Омаха (инаку мразат американски фудбал, па кога ги прашав за Пејтон Менинг ми кажаа еден куп дешафки од Омаха, ама збореа со презир). Со нив направив фотка во Кариока ресторанот. Мао после тоа кажа: „Како е можно овој Тони цело време да се фотографира со гости и пак да има најголема бројка на фотографии од цел тим?“ На момциве сертификат за магично семејство им даде Оксана :) Втора ќе ја наведам Миа, мајка му на Брендон која беше дојдена со баба му на Брендон, и се шегуваа дека уствари она му е сестра, а баба му му е мајка, на што јас реков, да, исто како јас и сестра ми 10 години разлика :) И за крај едно македонско девојче, по потекло од Битола а родена во Торонто, Јулијана. Беше дојдена заедно со мажот и Марсело и децата Адам и Дејвид. Адам се интересира за животни, и додека дедо му бил жив ги научил македонските имиња за еден куп животни, со посебен акцент на нилски коњ и на носорог :)))) 

п.с. го проверив ивент тракерот и видов дека во моето прво крстарење сум направил најмногу фотки во ресторан, додека во второто крстарење Оксана ме победи со резултат 1145:1140.

Comments