Бродски дневник бр.90

Оригинално објавено на April 23, 2015 

Сем

Овој дневник поради сплет на околности пишувам за три круза по ред. Првиот круз започна со започнување на Фотог3 чеклистата. Имам поддршка од менаџментот, имам поддршка и од тимот, така да овојпат би требало се да биде во ред. Елен е многу посериозен менаџер од Луи (никогаш нема да му простам што не ја предаде мојата претходна чеклиста на верификација во дирекцијата во Мајами). 

На ова крстарење мој цимер беше Флечер од Индија, асистент менаџер во бевериџ департмент (одговорен за баровите на бродот). Мене ми беше супер, ептен ретко се гледавме бидеќи имавме сосема спротивни смени. Наредниот круз мој цимер конечно стана Аце. Е сеа бељата е што со него си збориме на македонски што значи јас ќе си го заджам мојот акцент, а тој нема да научи англиски побрзо. Како и да е, му помагам со онлајн тестовите за Фотог2. И најдобро нешто, за аларм ја има „Еј ти младо момче“ од Гиш :) 

Од интересни работи што фоткав ова крстарење морам да пишам дека за прв пат фоткав Фрозен на Меџик. На Фентази бев дифолт Фрозен фотограф, ама тука за цел месец само еднаш фоткав Фрозен, обично сум на принцес гедеринг. Не дека не сакам принцес гедеринг, ама има посебна магија во Арендел.... Вечерта Кристи ми кажа дека Ана и Елса биле многу задоволни од мојата работа и дека би сакале почесто да ги фотографирам. 

Кевин Фајк повторно дојде на брод на кој работам. Пола круз, ама се брои :) Имав 1 на 1 разговор со него. Од битните работи, го прашав да продолжување на договорот така да ќе фатам драј док и трансатлантскиот круз назад кон америка на што тој ми одговори дека тоа оди во негов и во прилог на одделот за правење распоред бидејќи ќе ги спаси од неколку главоболки :) Друго ми даде време од 2 недели да ја завршам мојата чеклиста :) 

Второто крстарење има неколку настани кои се издвојуваат, па да почнам првин со славењето на Велигден на Дизни Меџик. Имаше богата велигденска трпеза, што не ми е нешто посебно, и она што е важно е дека Белиот Зајак од Алиса во земјата на чудата дојде за фоткање, а Мики и Мини носеа велигденски костими. Тоа е еден од костимите кои ми фалат, ама бидејќи претходниот круз имаше многу гости болни од стомачен вирус не ни беше дозволено да се шетаме во гостинските зони освен ако не сме на должност. 

Од интересни настани фоткав на пристаниште со бродот позади гостите. Ставив крема за сончање на лице и на раце, ама сепак сонцето на бахамите не простува, и нозете пристојно ми изгореа, ама не е страшно. 

Од шопинг морам да издвојам дека си купив американски фудбал дрес ХУТЕРС 83 :) Едноставно морав да го купам, бидејќи Хутерс фин ресторан, сакам американски фудбал и 83 е година на моето раѓање :) Видов уште неколку фини маички, ама тоа некој следен пат :) Во Мега даваа торби за на плажа со секој купен крем за сончање, а бидејќи ја носев маичката со Мики Маус, типката што работеше таму ми даде торба со Мини Маус :)))) 

И сега она што ми стои во поднаслов. Сем е всушност Саманта Силвија од Зимбабве, тазе  вработена во Детска грижа одделот. Малку пониска од мене, со убава бушава коса, убави очи кои ги крие позади очила (не добацува на далеку), тело... ремек-дело :) Голема муабетџика, и девојка која е пресреќна што работи на Дизни круз лајн. Морам да нагласам дека е голем верник, и дека има дипломирано теологија. И сеа доаѓа битното. За разлика од Јоланда која вриштеше Џизас кога бевме интимни, Сем не верува во предбрачен секс, дури не дава ни да ја бакнам, а толку убави усни има.... И сеа можете да претпоставите дека после недела дена упорно шетање и све по ред се откажав од нејзе. Тошо Малерот вели „пеглал - не пеглал, време пегли пролази“. 

И третото крстарење имаме 500 гости помалку отколку на претходното крстарење. Интересен за спомнување е денот поминат во Ки Вест. Започна со принцес гедеринг рано наутро, дружејќи се со Пепелашка и Хана. Потоа дремнав малку и требаше да одам надвор со Сем, ама таа уште беше на работа, па излегов со Аце. Купив по некоја потрепштина во Волгрин, кркнав сендвич во Хард Рок и сладолед во една сладоледџилница на пристаништето. Корнетот беше ТоБ, горниот крај беше натопен во чоколадо и дробени лешници. За жал следоледот не беше на соодветно ниво, уште помалку споредено со цената од 8 долари. После тоа бев саат време во Шатерс и после до крај на вечерта во фото-лаб. За прв пат после доооооооолго време :) 

Наредниот ден беше ден на море и имав мнооогу фин распоред. Старт во 10, шатерс, расклопување студио, фоткање карактери... фин живот :) Е вечерта беше интересното. Повторно го фоткав Комодор Том. За крај на денот отворање на кру гејмс во Кариока. Дримерс  беа задолжени за музиката, секој оддел имаше различна храна, се на се, мошне фин настан :) 

Остатокот од крстарењето беше онака.... вообичеано. Хорхе ме победи во фоткање ресторан со 4 фотки разлика :( 

И за крај мојот роденден :) На Каставеј Ки фоткав карактери на Скатлс Коув, мала плажа со бродот во позадина. Откако завршивме со работа скоро сите фотографи (ова и беше последна вечер на Ирина, ама и онака не не дружеше) се собравме во кру бар и пиевме до кај 2 и пол, 3 :) Наредното утро на морнинг сејл бев на дискови, бидејќи не ми работеше баш многу мозокот :) Прославата на роденденот продолжи наредниот ден, но за тоа во наредниот дневник :) 

Трач мантра: Олена раскина со Шебаз :) Се имаа венчано во Насау, Бахами и седеа во иста соба, ама Шебаз реши да прекине да работи на бродови и да се врати во Индија и ја викаше Олена да дојде со него. Е сеа има неколку работи кои на Олена не и идат у прилог. Шебаз е муслиман и жените во принцип се робови на мажите таму и еден маж може да има повеќе жени. Таа е единка и е растена во Украина и има високо (сосема оправдано) мислење за себе. Има останато уште месец и нешто од договорот и се обидува да се врати у условно кажано у нормала, т.е. да се дружи со луѓе, да запознава мажи, да се пијанчи во кру-бар и останати убави работи :) 

Втор случај е Ирина. Тоа дека е очајно лоша на работа и нема шанси да се промени. На бродов имаше еден гитарист, Родриго, бааги постар од неа, ама се дружеа. Човекот разведен, свири по бродови, ама му истече договорот и си замина дома. Ирина е троа тажна, ама јбг, бродски живот. Е сеа нешто што ќе ги израдува карактер тимот и меин стејџ, по сплет на околности, таа мора да го напушти бродот. Одделот за распоред на Имиџ направил утка во распоредот и ни доаѓа Карлин, така да некој мора порано да го напушти бродот. 

И за крај интересни гости: Првото крстарење ќе ги издвојам Линет и Карина. Карина наполни 15 години и со мајка и го прослави тоа крстарејќи. Беа редовни во студијата и карактер линиите и и беа магично семејство на Ирина. И сега нешто што никогаш не би ни помислил, но еве, ќе ја спомнам кучката Тинкербел. Мешанец од малтезер и некое слично мало кученце. Нејзината газдарица има некој здравствен проблем па ја има Тинкербел како кученце чувар кое ја предупредува за одредени медицински состојби. Е сеа името на газдарицата и другарка и го забораив, ама се работи за две фини релативно млади дами кои често се фоткаа, ама на крај купија само 4 фотки и една рамка. Во рамката ја ставија фотката што јас ја напраив од Тинк на пиратска ноќ. Мислев да им побарам авторски права за да се пријавам на Имиџ натпреварот за фотка на месецот, ама пошто ме удавија барајќи да им дадам уште некоја фотка за беспари решив само да се откачам од нив. Можда мислеа дека ќе паднам на шарм, ама ноу уеј Хозе :) плати па клати ;) 

Второто крстарење ќе ја наведам Џена која има 8 години и крстари со родителите. Има книга за автограми која ја почнала со посетата на Волт Дизни Ворлд кога имала 5 години. Беше прва во редот за Ана и Елса и додека чекавме на сестрите да дојдат јас и се потпишав во книгата за автограми :) Втори ќе ги пишам Триџиани. Брачен пар во доцни триесетти кои првин бараа една фотка од ЛСП на цедето без рамка затоа што не им се свиѓаше рамката која велеше среќен Велигден 2015. На крај испадна цеде со 20тина фотки без рамка, плус затемнување на позадината на фотките од ресторан... мислев дека ќе потрошам многу време на спремање на нивното цеде ама испадна да го сработам за пристојно кратко време. Елен ме гледаше од време на време додека ги средував фотките и наредниот ден ми го потпиша фотошоп делот во мојата Фотог3 чеклиста :) 

Третото крстарење имам и официјално магично семејство :) т.е. магична гостинка, Ери Нагата. Се имаме запознаено на некое претходно крстарење. Овојпат крстари сама бидејќи друштвото и се разболело :( Кога оди да се фотка со карактерите го фоткаме целиот процес и испаѓаат некои навистина интересни фотки :) На ова крстарење имаше и 80тина гости кои работат за глушецот што значи слаби шанси за продажба на фотки, ама сепак имаше некои кои го купуваа голмиот пакет. Најубава беше Мелани Хукер, црнкиња со плави очи, и коса во ситни плетенчиња, сонценце. Крстареше со мајка и и баба и. Ја убедувавме да дојде да работи на брод :) Најистакнати сепак беа Сузан и Џејмс и „децата“ кои ги „посвоија“ на ова крстарење Мет и Ејми. Сузан го скрши објективот на својот Канон и бараше ако може некој да и позајми, ама у тимот само Хорхе и Дилија користат канон и немаат абер од позајмување опрема на гостин. Инаку оваа четворка беше редовна во студијата и беа интересни за фоткање :)

Comments

Popular Posts