Дневник бр. 91

Оригинално објавено на April 27, 2015  

Азилија Бенкс во Плејбој

Овој дневник ќе го почнам со вториот ден од славењето на мојот роденден. Отидов во Мерит Мол на шопинг. Си купив нови пантолони и кошули за работа, ме чинеа скоро 90 долари, ама многу се фини :) И ваљда ќе ми траат до крај на кариера :))) Потоа бидејќи имав роденденски купон скокнав во Спортс Ауторити кај што си купив блузонче и дускче Чемпион. Со купонот и попустот за морнари на крај платив 30тина долари (во Македонија само блузончето би ме чинело толку). Видов и бежичен звучник за 14 долари, и се мислев дал да го земам, ама си викам ајт, немам баш пари, друг пат. Кога се вратив назад на брод Аце ми се налути малку, бидејќи сакал да му купам звучник, ама цело време заборавал да ми каже. Како и да е, после скокнав до Букс А Милион кај што купив мали камерчиња и неколку списанија. За жал го немаа веќе Плејбој бројот со Азилија Бенкс :( Си купив и нови фармерки од Аеро :) Назад на брод бев на сетап, по што фоткав прв сет карактери. Потоа отидов во Пало, ама немаше гости па го фоткав Пало тимот :) На Маријана и кажав дека одам да се пресоблечам и ќе дојдам на вечера :) 

И сеа следи интересното :) Туш на брзинка, облекување и право у Пало на вечера. Стигнав прв, а и онака немаше никој, па се муабетев со Владо, ми раскажуваше како си поминал во Македонија кога бил последен пат :) Потоа дојдоа Хандер и Дилија и со мало задоцнување и Оксана. Кркавме, се прекркавме :) Потоа отидовме да се фоткаме со Мини Маус и по студијата. 

Формал најт фоткав карактери на дек 4. За разлика од Фентази кај што карактер линијата е доооооооолга и фоткаме ептен брзо со 3-4 гритери, овде нема премногу долга линија и имам само 2 гритери. Откако заврши буката го прашав Мао да ми потпише она што ми преостана од П3 чеклистата. Мао ме праша зошто не сум го прашал вчера, ама сепак тоа што ми беше останато за потпис требаше да се направи и таа вечер така да засукавме ракавите и на крај завршив со комплет потпишана листа :) 

Интересен ден беше утрото во Козумел. Отидов со Сем на појадок во Коразон Контенто. Во меѓувреме пуштив торент на телефонот да симнува некои ствари :) (нормално и Плејбој бројот со Азилија :) ) Во Коразон седевме во новиот дел, проширениот, со големи прозорци од кои има поглед на... паркинг :) Нема некој фин поглед како од другите ресторани, ама доволно беше што има доволно светлина :) Кркавме пилешки фахитас што на Сем ептен и се допадна :) После тоа брз шопинг во Мега и назад на брод. На брод првин тренинг со Дарија, па тренинг со секјурити офицери од Меџик Кингдом и сетап... јас, Олена и Дилија и 5 (пет) студија. Сепак успеавме да наместиме се за саат и пол. При крај на сетап Елен дојде да не провери и и реков „Елен, само тројца за 5 студија?!“ и таа беше онака како И? Енивејз, остатокот од вечерта бев во Прилудс со карактерите кај што најголемото шоу го приредија Џордан и Гуфи :) Луѓето во редот се смееја, аплаудираа... вистинско шоу :) Да не заборавам да пишам дека и кажав на Елен дека ја коплетирав чеклистата, но таа ладно ми одговори дека Имиџ не унапредува поради проблеми со серверот на Имиџ Универзитетот. Вечерта му пишав на Кевин за проблемот, но тој ми одговори дека ај ти и човечки ресурси тимовите работат на средување на бељата. 

Утрото пред да стигнеме на Кајманските Острови ми се спиеше ми се плачеше и за беља имав да фоткам Дизни Џуниор карактери :( Претходните ноќи спиев многу малку. Како и да е, преживеав некако. После имав дооолга пауза што добро ми дојде и за крај на вечера студио со месечина :) На паузата се мислев да кркам набрзинка и да одам во театарот да гледам Виланс Тунајт, ама планот ми се расипа кога ја видов Сем :) нормално дека останав во кру-мес да се муабетиме :) 

Наредниот ден во Јамајка не правев ништо посебно. Вечерта на пиратска ноќ фоткав карактери на дек 5. Беше интересно, ама сетовите ми се поклопуваа со времето за фоткање ресторан така да многу слабо исфоткав во ресторан. 

Наредниот ден преку пладне бев во Шатерс а потоа фоткав карактери. Поради ваквиот распоред ова крстарење паднав под 1000 фотки во ресторан. И последниот ден на Каставеј Ки го фоткав Капетан Џек Спероу. Журка-журка беа и двата сета :) 

Ноќта пред Каставеј Ки славевме роденден на Олена. Го славевме во кру лаунчот на „вино и сирење“. Оксана имаше купено поклони за Олена, ама бидејќи се знаеме долго време и мене ми беше роденден недела дена претходно ми купи и на мене, вратоврска и чорапи, и двете со Мики Маус :) После тоа скокнавме до кру-диско, кај што освен нас имаше уште тројца :/ Интересно е што во диско сите пиевме сокови :)))) 

И нормално на крај магични семејства, поточно деца :) Џордан Кесел, 14. Го запознав лани на Фентази. Енергијата која ја поседува ова дете е неверојатна, начинот на кој комуницира со карактерите е исто така посебен. Никол, ниската, од карактер тим му подари почесен нејм-таг со неговото име. Сака кога ќе наполни 18 да работи на брод, и еден ден да стане круз-директор. 

Второ магично дете е Џена, 12. Ја запознав во карактер линиите во Прилудс. Сака кога ќе порасне да работи во Волт Дизни театарот или во карактер тимот. Додуша целото нејзино семејство Арбакл се забавни и сакаат фотки, и прават интересни пози. Завршија со преку 300 фотки :) 

И за крај две јапонки. Рие, и заборавив како се викаше другарка и, цело време ја скенирав картичката на Рие. Ја прашав другарка и како се вика, ама некако комплицирано и беше името, а јас слабо памтам кога некој ќе ми рече нешто :/ Како и да е, двете се најпопрекрасни. Рие има канон апаратче со Мини Маус ремен :)

Comments

Popular Posts