Дневник бр.92

Оригинално објавено на May 11, 2015 

Последни карипски крстарења за 2015

Овие две крстарења беа последни крстарења по карибите за 2015 на Меџик, и имаше еден куп настани што се случуваа па не стигнав да напишам дневник за секое крстарење поединечно. На почетокот на првото крстарење чувствував општо незадоволство. Слабо на работа, слабо со унапредувањето, слабо со жени... општо за никаде... Како и да е, фоткав укрцавање по што имав пауза па фоткав последен сет карактери. Потоа имавме тим митинг во СПА центарот. После СПА центар се е во ред :) 

На Ки Вест фоткав принцес гедеринг, ама после тоа започнав многу рано со попладневната смена, така да немав баш време за да излезам надвор. Како и да е, имав долги паузи меѓу сетовите така да беше ОК. Наредниот ден фоткав формал најт карктери во прилудс, што испадна како фина активност :) 

Грен Кејман утрото почна со голем митинг со хотел директорот во Буена Виста театарот. Сите се сремивме, се облековме во униформа, за на крај хотел директорот тотално да не изигнорира. Потоа имавме тренинг со Дарија на кој игравме Милионер со информации поврзани со балтичката сезона. Доцна вечерта работев на чек листата со Елен. Завршив доста работи, освен great корисничка поддршка и енвајронментал пола од ставките. Неколку дена после тоа Мао на Оксана и Хандер им даде тестови на кои Оксана не знаеше неколку од прашањата кои Елен ми ги постави, а сепак доби унапредување претходниот круз, нешто што страшно ме изнервира. Остатокот од крстарењето беше онака.. мехх... вообичаени работи. Патем да пишам дека ова крстарење слабо стоев со фотки во ресторан, навистина слабо. Неколку пати карактер сетовите ми се поклопуваа со времето за фоткање ресторан, така да немаше баш време за се да постигнам :/ 

Енивејз, магични семејства :) Први ќе ги пишам Топалоглу, турци кои сега живеат во Америка. Не им ги памтам имињата, ама беа мошне фини и дружељубиви. Нормално дека знаат се за Македонија :) Потоа ќе го пишам Ејс, кој на ова крстарење наполни 2 години. Единствената фотка на која тој е насмеан е фотката кога јас упаднав во црното студио и му покажувам да гледа во камера :) Тој и неговите родители направија еден куп фотки, ама остатокот беа онака... просек и завршија со це-де со 10 фотки. Таткото Џими личи на НФЛ играч, црн со мускули и голема насмефка а мајка му на Ејс заборавив како се викаше, ама личи на црнкиња од спотови :) Имаше уште неколку, ама кој да ги памти :) 

Следното крстарење бев на кафе во Барнс енд Ноблс по што скокнав до Мерит Мол и си купив нови патики. После дооооолго време купувам патики под 100 долари :) Купив ниски кошаркарски кожени најки, малку постар модел, ама многу убави на изглед и држат топло, таман за кога ќе одам во Исланд и Норвешка :) Кога се вратив на брод ме пречека непријатно изненадување, сторс во 3 и пол. Мислев дека нема да стигнеме на време за сетап. Сетапот на студијата го стартувавме малку подоцна од она на распоред ама пак стигнавме на време за да ги отвориме студијата. Елен мрчеше затоа што фоткавме прв сет во црни маички, ама тоа е :) После тоа бев на вечера в Енимејторс Палет, но пред тоа се шетав по лобито и добив силна гушка од Пепелашка :) За крај на вечерта го гледав новиот Авенџерс филм :) Трае долго, ама одличен е :) 

Наредниот ден наутро фоткав Дизни Џуниор карактери, и преживеав :))) Вечерта го фоткав капетан Џон. При крајот на првиот сет немавме луѓе во студиото па тепавме бош муабети. 

Утрото во Козумел почна со редење на фотки во шатерс по што имавме дрил, кој за среќа траеше кратко, така да имав време да отидам до Коразон Контенто кај што кркав фахитас со Карлин. Таа беше ин-порт-менинг, ама дечко и ја смени во последен момент така да можеше да ужива во појадок во ова магично место за последен пат оваа сезона. Вечерта фоткав Корал студио. Елен го замислува тоа студио да биде фоткано со трипод. Јас порано го фоткав со трипод кога ме мрзеше да држам камера, ама ако фоткаш без трипод имаше многу поголема слобода во движењето. Енивејз, два сета исфоткав без трипод по што морав да почнам да го користам. На среде втор сет ми дојде во студио и ептен се наљути кога виде дека не го работам студиото онака како што таа го замислила. И реков дека и со слободна рака имам перфектен хоризонт, ал јбг, на кучка не се објаснува. 

Грен Кејман вечерта имаше два битни настани. Првото беше последните прашања од чеклистата со Елен. Ме исцеди, ме изнервира, бев решен комплетно да се откажам од работење за Имиџ (додуша ова го имам решено и ќе го извршам некаде пролетта 2016, толку доцна поради сплет на околности, инаку би го направил тоа уште порано). Овој пат за среќа лаб менаџер е Џеф кој ми дава многу повеќе поддршка од Мао. На крај ја потпиша чек листата, и мојата и таа на Аце. На него му беше чудно што мене ме цеди 2-3 ноќи со прашања а него скоро ништо не го праша, ама му реков дека е сосема различно фотог2 и фотог3. Е после тоа следат убавите работи :) Во Д Лаунчот Остин и Хејли ја поставија својата претстава Wings of Fire. Претстава инспирирана од трагичните настани кои се случиле во Триангл фабриката во Њу Јорк 1911 година. Хејли 10 години го работи текстот, а Остин 3 години ја работи музиката за оваа претстава и можам да кажам дека имаат одличен производ и дека веќе преговараат за да ја постават во театар на Бродвеј. Претставата трае малку долго, двата чина се по саат и десетина-петнаесет минути, ама вреди тоа што останав буден до скоро 3 сабајле. 

Наредниот ден беше мојата последна посета на Фолмаут, Јамајка. Овојпат отидов само до Гифт Палас за да се помуабетам малку со Ауриан :) Потоа разгледував што да купам па една од продавачките ми се закачи, што мене воопшто не ми пречеше, ама му пречеше на менаџерот на продавницата, најверојатно некој роднина на газдарицата Ниша. Таа е моментално во Индија и се спрема за својата свадба. И додека овој мрчеше во продавницата влегоа Мију и Нодока. Нодока сакаше да купи поклон за брат и, и ги однесов до делот кај што има облека за мажи. Тогаш овој индиецот рече, аа добар дечко си, ќе ти дадам попуст, само носи ми муштерии :)))) 

На Каставеј Ки фоткав студио пред пристаништето. Од 8 до 12 саат под жешкото сонце, најжешко досега оваа година на Бахамите. Нормално, преживеав :) Ама вечерта ме фати таква летаргија, ептен ме мрзеше да работам во Шатерс :) 

Магични семејства, како што пишав погоре Мију и Нодока, две луди јапонки, ептен фини девојки. За жал Мију е тазе мажена, така да ова и беше последно крстарење со Нодока. Го завршија крстарењето со 475 фотографии, највеќе што имам видено досега за пар. Имаше уште неколку фини семејства :) 

п.с. Се случија еден куп промени во тимот.... Моменталниот состав, и таков и ќе биде во наредните месец-два е следниот: Бизнис Менаџер - Елен. Кучка е, ама прави најдобар распоред од сите менаџери со кои сум работел досега. Ако направи утка у распоред и на некого му стави многу работа е малку одмор, наредниот круз му дава помалку работа и повеќе слободно време. Лаб Менаџер е Стјепан Хорват - Џеф од Хрватска, мој поранешен цимер. Интересна личност, и многу подобар лаб менаџер во споредба со пред две години. Мило ми е што е на бродот. Шатерс Менаџер е Стефани Гоманс од Јужна Африка, хаотична е на моменти, да видиме колку се променила во според со пред две години. Споредено со Ана... нема споредба, Стефани е неколку класи послаба. Потоа сме јас и Александар од Велес. Ја разбира работата, добар е во делот на фоткање, слаб е во делот интеракција со гости, ама за жал и двајцата сме од Македонија па скоро цело време збори на македонски што значи дека којзнае кога ќе научи да збори пристоен англиски. Оксана од Украина е сеуште на бродот. По 20 и кусурти пат му раскина на барменот Тони, да видиме до кога ќе и трае. На моменти се губи. Ај ваљда сеа ќе се оправи доколку почне да спие повеќе бидејќи како што вели, раскинала за озбилно. На моменти сум многу лош кон неа, затоа што доби унапредување во фотог3 а не знае некои основни работи и како што пишав погоре на моменти се губи, касни на работа... Олена од Украина го напушти бродот, на нејзино место доаѓа Даниела од Србија. Наредните крузеви ќе видиме колку е подобрена во споредба со пред 2 години. Хандер од Венецела е сеуште на бродот, и конечно доби унапредување во фотог3. Баш ми е мило за него затоа што е добро момче е добар фотограф. На моменти е драма квин ама не ми пречи :) Некои други се имаат пожалено, јас не. Дилиа и Хорхе ќе ги пишам заедно. За разлика од на Фентази овојпат не се караме. Најверојатно затоа што има помалку стрес на Меџик. Патем и тимот е помал, така да нема на кого да му се префрла работата, сите работиме заедно. И за крај Карлин од Јужна Африка. Долго време беше шатерс менаџер ама по сплет на околности сега е фотог3 (официјалното соопштение од Имиџ е дека Стефани е шатерс менаџер само затоа што аплицирала за позицијата на Меџик неколку дена пред Карлин). Се ухода во работата и мило ми е што е во тимот. 

п.п.с. Следното крстарење е пет дена до Бахами, и на него доаѓа Меџик 34 карактер и меин стејџ каст (супер возбуден).

Comments

Popular Posts