Бродски дневник бр.93

Оригинално напишано на June 4, 2015  

Прекуокеанско крстарење

Овој дневник ќе пишувам за две крстарења, вкупно 20 дена :) Првото е пет дневно крстарење до Ки Вест, Насау и Каставеј Ки, а второто е петнаесет дена и ги вклучува Њу Јорк, Халифакс, Ставанџер, Осло и Копенхаген. 

Првиот ден од крстарењето беше во Ки Вест. Отидов сам до Хард Рок кафе. Додуша по пат купив сладолед од трафика, и беше онака... мех, не вредеше за парите. Потоа во Хард Рок порачав Тексан бургер. Сендвичот е огромен!!! Значи голема чинија, големо лепче, дебела говедска плескавица и врз неа паниран кромид и уште неколку пржени зеленчуци. Од страна многу помфрит покриен со некој интересен сос што личи на топено сирење и ситно сецкана и потпечена сланина, плус добивач три метални чашки едната полна со зелка салата, другата со гравче а третата со павлака. И бидејќи ми се виде интересен го фотнав и ја закачив фотката на фејсбук и ја означив локацијата. По некое време дојде една постара жена од позадина и ми вика, Здраво Тони. Јас таков целиот збун а таа продолжи, сигурно се прашуваш од каде ти го знам името :) Јас само кимнав со главата. Ми рече дека го видела мојот пост на ФБ и и се допаднал. Кажа дека се вика Дајен и дека е асистент менаџер за продажба и дека ќе ме части десерт. Не можев да изедам се што беше во чинијата од тексанот ама порачав Хат Фаџ Брауни. Тоа е колаче, интересно потпечено, три топки сладолед и шлаг. Бев толку полн што едвај стигнав до брод. Среќа на пола пат накај Волгрин ја видов Џесмин, келнерка во ресторан од Јамајка, и таа ми правеше друштво накај брод и пазеше да не ми се слоши. 

По два дена бевме во Насау, Бахамите. Островот на кој се наоѓа Атлантис рисорт, место што го има на еден куп рап спотови затоа што е ултра луксузно. Аце сакаше да идеме, ама јас му реков дека немаме доволно време, а и дека тој нема доволно пари за карта. Затоа направивме краток круг покрај пристаништето и се вративме назад. Инаку првин јадевме во Сабвеј, по што јас сакав да јадам во Данкин Донат, ама Аце беше без пари, а и страв му е да јаде толку, се обидува да ослаби. Вечерта го фоткав Капетан Џек Спероу, што е една од моите омилени активности :) 

Последниот Каставеј Ки од сезоната фоткав карактери од 9 до 11 по што фоткав плажа уште еден саат. Нормално дека после тоа само јадев ручек на брод и заспав како бебе :) Вечерта отидов до кру бар на кру гудбајс ама завршив надвор под отворено небо на дек 5 зборувајќи со Кристи која работи во детска грижа и доаѓа од Нов Зеланд. 

Магично семејство ова крстарење ќе го ставам семејството на Трејси Белцер од Њу Јорк. Тука беше со двете ќерки, 7 и 5 години, плави, убави, фотогенични.... знам дека завршија со еден куп фотки, на мал број од фотките ги имаше и маж и, свекорот и свекрвата :) Една ноќ во Шатерс цел саат ни збореше за тоа што може да правиме кога ќе дојдеме во Њу Јорк :) 

Наредниот ден на морнинг сејл бев на аутопилот. Среќа Стефани ме остави на цедиња па истерав смената :) После тоа ни стигнаа хартија, хемикалии и останати потрепштини, дури 7 палети, мислев дека нема да стигнеме да средиме се до 10 саат, ама ете успеавме :) После тоа имав запаление на мускули, ама тоа е помалку битно. После тоа излегов со Аце до Волмарт кај што купувавме некои потрепштини и ситнурии. Од Волмарт фативме накај трговскиот. Во Бест Бај Аце си купив нов телефон по што имавме време само да јадеме и да се вратиме назад на брод. Додека кркавме ги видов Расел и Корд, излегуваа од киното кај што го гледале Пич П'рфикт 2. Нормално, филмот е ТоБ, а мене ми останува да се надевам дека ќе го видам некогаш наскоро :/ 

Наредниот ден беше ден на море и формал најт, ама бидејќи е прекуокеански круз нема многу деца, гостите се углавно постари парови и фоткање ресторан идеше ептен брзо. Обично формална вечера завршувам со над 200 фотки од секој сет, ама овојпат бев нешто над 100. 

Вториот ден на море фоткав студио со корал позадина, моето најнеомилено, ама за среќа Џеф реши да прави некои измени во фото лаб и за тоа му требав и ја прати Карлин да фотка студио наместо мене додека ние двајцата прередувавме хартија и останати работи во лаб. После тоа кркавме на дек 9 и смрзнавме :) 

И големиот ден, Њу Јорк. Скоро цел тим фоткаше влегување на бродот во Њу Јорк, скоро смрзнавме од што беше ладно, ама после тоа набрзинка излеговме надвор. Јас, Аце, Хандер, Хорхе и Дилија фативме пешки до Тајмс Сквер од кај што фативме туристички бус. Турата траеше повеќе од 2 и пол саати. Хорхе, Дилија и Хандер се симнаа во Мала Италија. Јас имав друг план па продолживме со Аце понатаму. Некаде кај Рокафелер центарот бевме блиску до Тајмс Сквер па се симнавме и продолживме пешадија, турата веќе стануваше досадна и напорна. Кркнавме по еден бургер во Баба Гампс што навистина не освежи на енергетски план и фативме накај Б&Х, најголемата продавница за фото опрема во свет. За споредба може да се искористи Веро Центар, Б&Х има два такви ката. Аце кога го виде од далеку викаше абе ова малечко е, ама на крај викаше лелеее :)))) Јас си купив LG G3 со 32 гиги меморија, плус мемориска картичка од 64 гиги, а за беспари добив Спиген футрола. Аце си купи 50мм објективче. Инаку падна во депресија кога виде дека за истите пари што тој ги фрли во Кејп Канаверал овде ќе купеше многу подобар телефон, ама јбг... На враќање ми викаше сеа ќе пешачиме полека, да го уживам Њу Јорк, ама јас му реков дека Кристи ме чека па убрзавме чекор. Стигнав на време за да се видам со Кристи на кратко. Е тука за жал додека таа ми седеше во скут влезе цимерката нејзина па испадна беља, ама јбг.... 

Многу интересен ден беше денот во Халифакс. Јас искрено се надевав дека ќе добијам слободно време за да отидам некаде на кафе и да искористам гага интернет за да го наполнам телефонот со апликации ама Елен ме стави да фоткам екскурзија што на крај ќе испадне многу подобро. Турата ми беше посета на Пеги'с Коув и гробиштата на Титаник. Мене ми се падна турата со деца, а на Хандер турата со возрасни. Во мојот бус беа Констанца и Паоло со Камила и Кристобал, многу фино семејство кое го запознав уште во мојот прв договор кога пловевме од Тексас. Николас и Себастијан останаа во детскиот клуб бидејќи се многу малечки за ваква екскурзија. Имаше уште неколку интересни семејства кои веќе го имаа купено големиот пакет така да беше лесно за работа :) Водичот Елен беше одлична, цело време кажуваше различни приказни и не го ни осетив патувањето со автобус. Халифакс се наоѓа во Нова Шкотска, дел од Канада со богата историја во која има еден куп интересни настани. Целото патување низ времето и просторот беше како бајка. Единствена маана на Халифакс е што снегот им се стопил пред 2 недели. Тој ден беше магловит. На фотките со гостите се гледаа гостите, друго се беше бело, освен црвен квадрат позади нив, бидејќи толку се гледаше од светилникот. На пат накај гробиштата Елен раскажа еден куп приказни за луѓето биле жртви од Титаник и кои се погребани во Халифакс. После тоа имав 3 саати смена во Шатерс која ја искористи за дружење со гостите по што отидов да се сликам со Доналд и Гуфи. Е тука ме собраа Мејми и Кевин и ми рекоа дека морам да бидам со нив на фотка. Кад је бал нек буде маскенбал па на фотката ни се приклучи и Џен Рудел :) Потоа се качив на дек 4 од кај што сетот го набљудуваа Џулиет и двајца момци од Меџик 34. 

Шесте дена на море поминаа поприлично мазно. Еден од тие денови со Аце имавме слободна вечер па го гледав шоуто на Џереми Џордан. Ако не знаете кој е типот, ќе дознаете во блиска иднина :) Одлично шоу на овој млад актер и пејач од театрите на Бродвеј. Потоа почнаа 4 дена на море со менување на часовни зони што значи тие 4 дена траеја 23 часа :( Најинтересно нешто последниот од овие денови беше што го фоткав Олаф. Дру новиот карактер менаџер ме фотна мене со Олаф. Тиња фотка, ама лоша фотка е подобра од никаква фотка. Потоа со фотнав и со Ана и Елса. За Никол и Кристи (од карактер тим) ова беше последна сесија за договорот. Вечерта Џулиет ми кажа дека таа била во еден од Олаф сетовите :) 

Настан што не смеам да го испуштам е кру-талент шоу. Ноќта пред шоуто видов кај мене и Даниела во распоред дека имаме талент шоу и прашавме дали ќе го фоткаме шоуто на што Елен ни кажа дека ќе стоиме на бина и ќе ракоплескаме. Наредниот ден видовме дека тоа е всушност цела кореографија со влегување од двете страни на театарот, малку играње на скали, качување на бина, уште малку играње таму и заминување од спротивната страна од која дојдовме. Имаше по два претставника од неколку оддели и на крај фино испадна :) За второто шоу останав да ги гледам Кристи и девојките и момците од детска грижа и беа ТоБ :) 

Првото европско пристаниште беше норвешкиот град Ставангер. Веднаш позади градот се дирекциите на еден куп компании од бизнисите со нафта и енергетика. Карактеристично за Ставангер е што има еден куп дрвени куќи обоени бело. На времето белата боја значела богатство и било поприлично скапо да ја обоиш фасадата бело. Тук-там има по некоја сина куќичка што дава дополнителен шарм. Американците беа изненадени од бројот на кружни текови во градот, на прсти се бројат семафорите во овој град со над сто илјади жители. Јас им реков на тие што беа околу мене, добредојдовте во Европа. Веднаш позади Ставангер е земјоделски крај во кој се одгледуваат житни култури, јагоди... пред секоја фарма стои паркиран џип гранд чироки... По 45 минути возење со бус стигнавме во местото наречено Пекарски рај. Таму јадевме вафли и се качивме на траект. Најпофенси траект во кој се имам качено. Долниот дел беше со убаво обликувани седишта, климатизиран, со тоалети и бифе во кој можеше да се купат ужина и сокови. Горниот дек беше отворен ден од кој се набљудуваше пејзажот кога не врнеше надвор. Патувањето со траект беше 2 саати и беше ТоБ. И овој пат имав извонредни водичи. Во бус тоа беше Џеки од Мичиген која од Америка отишла во мировна мисија во Авганистан, па во уште две земји на крај да заврши во Норвешка. На траектот тоа беше Гудру која беше журка-журка. Скокаше наоколу, раскажуваше многу драматично па дури и ја испеа химната на Норвешка. 

Наредниот ден бродот беше во однапред предвиденото Осло. Излегов надвор со Кристи. Таа накисна малку додека да стигнеме до Хард Рок Кафе кај што кркавме и си го апдејтирав Г3 телефонот. Чисто информативно за локал леџендари бугер и сок платив 40 долари, дупло повеќе отколку што би платил на Флорида. Келнер ни беше Камил од Полска. Кога ми го виде презимето мислеше дека и јас сум пољак, ама го разочарав. Ни кажа дека дошол во Норвешка пред 8 години и нема абер да се враќа назад во Полска. Во Копенхаген преку ден имав релативно напорен распоред па не излегов преку ден. Вечерта во Шатерс имаше една идиотка која успеа максимално да ме изнервира па отидов у теретана да трчам и да вежбам да се ослободам од стресот. Потоа гледав документарец на ЕСПН за Доминик Вилкинс. Остатокот од мојот тим излегоа надвор да шетаат. 

Ова беше мое прво крстарење како Фотог3 :) Севкупно крстарењето беше успех и од финансиска гледна точка и во поглед на рејтинг. А за рејтинзите, одам сеа со магични семејства :) 

Имаше неколку луѓе кои можда не купија ниту една фотка, или купија фотка-две, ама поминавме доста време муабетејќи и им останавме јас и мојот тим во добро сеќавање. Од друга страна имаше семејства кои завршија со преку 800 фотки :о Добив неколку поклони, подарив неколку магнети од Скопје и сертификати за магични семејства. 

Први ќе ги спомнам Билингс од Англија, заборавив како се викаа мажот и жената, ама имаа извонредна смисла за хумор, британски хумор аф корс. Најзабележително беше што мажот имаше блуза со Окан, трговецот од Фрозен што вика Јухууу фемили :) 

Следно блесаво семејство се Џон и Кандида Пилкингтон од Канада. Кандида е мајстор за фоткање на животни. Од друга страна се мачи со панинг, техника која јас ја обожавам :) Остануваат и на следното крстарење. 

Потоа одиме со Дизнијана Девенпорт со мајка и и тетка и. Колку треба да си дизни фрик да си го крстиш детето Дизнијана :) Многу пријатни луѓе. Се надевам дека ќе ги сретнам пак на некое крстарење. 

Сепак најголем дизни фрик на ова крстарење беше Мејми Мејсон заедно со син и Кевин. Мејми е кинескиња крстена според жената на некој американски претседател, потоа мажена за белец. Кевин има 22 години така да веќе не спаѓа во групата 18-21, инаку сигурен сум дека ќе и киднеше на Мејми. Таа беше во секоја карактер линија, буквално, и нормално го влечеше Кевин со себе. На целиот фото тим ни даде бакшиш и плус банкноти од 2 долари, поприлично ретки. 

Од четири жени од Тексас добив тексашко чоколадо. Ниту еднаш не им направив фотографија, ама застанував да се муабетам со нив додека фоткав ресторан. Имавме слични ставови на неколку битни теми меѓу кои и американската надворешна политика што пријатно ме изненади. Сепак тексашаните не се сложуваат за многу работи со остатокот од Америка. И за крај да пишам дека чоколадото испадна мошне фино како за мејд ин америка. 

И додека зборувам за чоколадо да пишам дека добив и чоколадна бомбоњера од Јапонија. Подарок од семејство од Сингапур. Це Кианг Тан заедно со жена му Шармејн и ќерка им Шивон ги запознав на Фентази. Шивон пораснала малку повеќе, ама сеуште е срамежлива. Добра ствар е што е многу фотогеничка. Додуша како не би била кога татко и има три апарати кои заедно со објективите чинат секој над десет илјади долари (10.000). Мојот тим го запамти Це Кианг како Лајка типот :) 

Ова крстарење имавме уште неколку мошне фини деца како на пример Паркер Адамс (магично семејство на Хандер), потоа Оливија Кремароса, и Аспен на која и го заборавив презимето. Таа и нејзините родители беа на прекуокеанскиот круз пред 2 години. 

Од сосема друг крај на свет, од Чиле дојдоа Челе, Констанца со маж и Паоло и децата Камила, Кристобал, Себастијан и Николас. Дознав дека Паоло е голем Топ Ги'р фан :) 

И за крај да ги пишам Густафсон од Канзас, Еје и Беверли со децата Андерс и Емили. Тие беа со една голема група која беше водена од Беверли и си имаа свој навигатор и се по ред и останува на следното крстарење :) Андерс беше во детскиот клуб вајб 14-17 и беше онака кул, додека Емили беше во Еџ 11-14 години и кога Еје ме запозна со неа таа му рече престани да ме срамиш :) Јас и реков не се секирај, и мојот татко е резил, ама што да му правам. 

п.с. Ова беше последно крстарење за Меџик 33. Извонредна екипа од млади актери, пејачи, танчари. Некои од нив веќе добија договори на Фентази. Расел и Никол (ниската) остануваат на уште едно крстарење како тренери. Остатокот замина на шетање низ Европа :)

Comments

Popular Posts