Бродски дневник бр.94
Оригинално објавено на June 9, 2015
Прв пат во Русија
Крстарењето почна со нормално, фоткање на луѓето кои доаѓаа на брод :) Во терминалот имавме ептен малку простор, и згужвавме три позадини таму. Жената што беше задолжена за терминалот од страна на Дизни мислела да ни даде простор за само две позадини, ама ние и рековме дека нема шанси само две, мораме да имаме три. Во меѓувреме таа забележа дека нема гужва за чекирање на деца во детските клубови па дел од просторот што го планирала за нив ни го даде на нас, па конечно се раширивме малку. На почетокот јас и Даниела имавме студија едно спроти друго и буквално бевме грб со грб залепени. Нешто што ми се допадна во врска со терминалот е тоа што на кровот има земја и на неа расте трева. Данциве кога градат индустриски објекти не забораваат на зелените површини па ги ставаат на кров. Друга ствар што ми се допадна е тоа што сите вработени на терминалот беа убави. Аце беше веднаш до излезот а до него стоеше Ева, млада, тазе дипломиран правник, висока, убава, и за разлика од овие нашиве македонкиве му пришла на Аце и му правела муабет. После и јас се убацив у муабетот кога се намали гужвата.
После тоа дремнав малку додека Кристи да заврши со работа па со неа отидов на кафе и на шетање по продавници. Вечерта го гледавме Тумороуленд, ама некако долг ми се виде и заспав некаде на средина на филм, се разбудив кога беше тоа интересното. Се на се, оцена, шознам :)
Наредниот ден преку утро фоткав Дизни Џуниор карактери, а вечерта фоткав формални карактери. Ме болеше грлото ама Тиган и Мелани беа добри гритери. Првиот сет Мелани беше со Џен значката па ја зафркавав малку.
Следниот ден бродот беше во Талин Естонија, ама мене ме умори сетот утрински карактери и не излегов надвор. Бонус на сето тоа беше изненаднот кру-дрил кој го побара естонската крајбрежна служба. Минатиот круз ми ја сменија должноста и веќе не сум лајфрафт командер, сега немам никакви должности и баш сум раат :) Вечерта конечно отидов на доктор и добив слободна ноќ.
Следниот ден бевме во Сент Петерсбург, Русија :) Фоткав тура со пешачење од црквата Св.Исак до Ермитаж и потоа црквата на пролеана крв. Ст. Петерсбург е мошне убав град. Го спремаат за светското првенство во фудбал, и градат ново пристаниште на кое се укотвивме, моментално може да прими 8 брода а планот е да може да прими до 16. Водичот кажа дека градот не е спремен за толку многу туристи одеднаш, ама тоа е. Инаку за влез во Русија, макар и преку море мораш да имаш пасош и да поминеш пасошка контрола. Друга ствар што ме изненади е тоа што по улиците видов еден куп поршеа, тук-там по некоја лада, ама у принцип возниот парк е машала. Вечерта фоткав позадина со мотиви од Русија која беше паа, најтесна позадина досега што имам видено, фоткав само вертикали.
Трето пристаниште беше Хелсинки, ама малку време се задржавме таму, а и онака имав густ распоред и не се симнав да прошетам во оние малку саати што имав слободно време. Башка што настинката баш ме фати па отидов на доктор да ми даде апчиња и слободна ноќ.
И последно пристаниште за ова крстарење беше Стокхолм. И тука се укотвивме на ново пристаниште кое е малку подалеку од градот. Мојата тура беше со посета на градското собрание и на една црква во центар на стариот град. Карактеристично за градското собрание е што е поприлично асиметрично и градено во различни стилови. Ако добро се сеќавам, долго време било сметано за грда градба за на крај да го прифатат какво што е. Освен тоа за Стокхолм можам да кажам дека е преубав град. Единствена маана е што зимата е долга. Се останато е убаво, улиците, градбите, луѓето. Водичот кажа дека пред Романија да влезе во ЕУ немале питачи по улиците. Кога сме кај водичот се вика Ана, и го нема гледано Фрозен :) И кажав дека мора да го погледа. И најубавиот дел беше испловувањето од Стокхолм, се плови меѓу архипелаг од голем број мали острови, богати со шума и тук-там по некоја викендица, ко Равензбург сложувалка, кој од кој поубав. Вечерта фоткав Фрозен парти на дек 9 и 10 и си поминав ТоБ. Журката почна у 10:15 а на запад уште беше портокалово небото :)
И за крај магични семејства. Покрај веселата дружина од претходниот круз Еје и Беверли, Мајкл и Емили, Лин и маж и, имаше неколку мошне интересни гости, пред се од Јапонија. Од порано ги памтам Јасујо и Казуаки Хара. Ги запознав Сато, троа помлад брачен пар во споредба со Хара. И моја нова голема пријателка Каору Кимура :) малку е повисока од мене, и е голем фан на Мини :) На терминалот беше облечена како Мини во нејзиниот морнарски костим :)
Comments
Post a Comment