Бродски дневник бр.95
Оригинално објавено на June 13, 2015
Седум ноќи по Норвешка
Ова е прво од крстарењата кои се насловени како Норвешки Фјордови 2015. На ова крстарење ги посетуваме Ставангер, Олесунд, Гејрангер и Берген. На бродот дојдоа еден куп од шефовите на Дизни Круз Лајн кои работат на копно. Поради тоа ќе имаме еден куп карактери во текот на крстарењето и кру собрание.
Крстарењево ми започна со фоткање на Мики и Мини на терминалот. Мислев дека ќе биде страшно, ама преживеав :) После тоа поминав малку време во Шатерс.
Наредниот ден беше ден на море. Го фоткав Мики Маус на приемот за златни и платинум гости. Златен се станува на шестото а платинум на единаесеттото крстарење. Имаше таму и гости со преку 50 крстарења, ама тоа е друга приказна. Потоа го фоткав Спајдермен и вечерта пак со Мики и дружината. И таман кога мислев дека карактерите ќе прекинат, Спајдермен и Капетан Америка се фоткаа со вработените.
Во Ставангер рано посабајлечки со Дилија фоткавме генгвеј. Елен се надеваше на убав пејзаж позади бродот, ама имаше грд француски брод позади нашиот така да горе доле немаше некој избор, нашиот брод од позади и куќичките позади терминалот. Потоа имавме дрил, па кру собрание... е тука покрај досадната презентација од еден од шефовите имаше два интересни настапи, првиот беа на Репонзел и Флин Рајдер, а потоа Бјанка ја пееше насловната песна од Лајон Кинг. Од битни информации може да наведам дека слушнав дека шоуто Дримс е изменето, па ќе се потрудам некој ден да го ѕирнам да видам колку е променето. Вечерта фотографираф два сета Дизни Џуниор карактери, најнеомилени на фото и карактер тимовите ама после ги имав Стич а по него Капетан Кука и Г-дин Сми, карактери кои обожавам да ги фотографирам. И за крај си купив ракавици и ќебенце. Елен ме праша зошто сум купувал кога таа купи ракавици и капи за тимот, на што јас и одговорив дека секоја зима купувам по два пара ракавици :) Башка убави се :)
Олесунд утро, Фрозен утро :))) времето беше ѕивра, јас претпоставував дека ќе биде толку ладно па си се облеков убаво. Фоткав отворени декови, и во првите саат и кусур ги фоткав буквално сите 20-30 души што беа излезени надвор :) После тоа се згреав во пералните додека перев алишта :) Шо убаво греат сушалните :)) Е после отидов да споделам топлина со Кристи. За крајот на вечерта фоткав Фјорд позадина, моја омилена затоа што можам да правам блесави пози. Насмеав еден куп гости кога ги терав да се преправаат дека се смрзнуваат на ладно.
Во третото пристаниште Гејрангер имав поприлично бизи ден :/ Започна нешто после пладне со тура до врвот на планината Далсниба. За почеток да пишам дека Гејрангер има 220 редовни жители кои живеат таму цела година. Во лето бројот на жители се зголемува на 800 и нешто. Максимумот е кога заедно со туристите кои доаѓаат со комби приколки или изнајмуваат викендици, плус гостите кои доаѓаат со бродови бројот на луѓе достигнува 8000. Во текот на турата првин застанавме на еден видиковец над гратчето. Јас седев веднаш до средната врата и излегов прв и почнав да ги редам гостите за фотки :) Имаше неколку девојки од карактер тим па една од нив ме фотна мене :) Следна станица беше смрзнатото езеро. Водичот... заборавив да ја претставам, Марта од Рим, кажа дека обично езерото се одледува во јули и пак заледува во септември, ама за оваа година прогнозите се одледување во август. До езерото има одморалиште во кое кркавме мини пити со јаболка. Претпоставувате дека беа превкусни и покрај тоа што имав доста добар појадок, па мавнав две :) Тука на маса седев со семејството Ферари. За нив ќе пишам малку повеќе подоцна. И на крај врвот на планината, уствари првин патот до таму, беше исто како на интернет што гледав патишта помеѓу снегови од ѕид. И на крај врвот кој за жал беше во магла, не се гледаше од еден до друг крај на паркинг и вееше снег. Дап... 10ти јуни, ден кој е крај на школската година и кој го памтам по криење од сонце во сенка, тој ден се криев од снегот во автобус. На враќање спиев во бус. После тоа фоткав сејлавеј , па трчав набрзинка да се пресоблечам и да фоткам во ресторан, па трчав да спремам студио за Спајдермен во Ди лаунч, па пак во ресторан, па Пало, па Шатерс и на крај сортирав фотки во лаб скоро до полноќ.
Последното од пристаништата беше Берген. Пристојно голем град, Википедија вели дека има 280.000 жители. Утрото требаше со Дилија да фоткам генгвеј, ама пристаништето беше бааги грдо па Елен не стави на сорт и дисплеј и завршив саат време порано од планираното. Одлична шанса за да излезам и прошетам низ град со Кристи :) Берген е познат како дождливиот град и за вој град кружи виц кој оди вака: Некој турист поминал неколку денови во Берген и цело време врнело. Последниот ден на пристаништето сретнал едно дете и го прашал колку време врне дожд. Детето одговорило: Не знам, јас имам само 12 години. Енивејз, со Кристи свртевме крукче од пристаниште до центар. Видовме неколку пекари, скоро сите американски ресторани, старбакс, ама не застанавме никаде. Мене ми се седнуваше повеќе за брз интернет, ама... некој друг ден... Кристи немаше многу слободно време, а и онака поради нејзините алергии не седнува да јаде по пристаништа. Најинтересен момент беше кога видовме една градба која личи на палата со темна фасада и решивме да ја ѕирнеме од љубпитност. Пред градбата имаше статуа на Ибзен, и на голема радост на Кристи испадна дека тоа е театар :) Ја фотнав и фативме пат назад кон брод. Претходно шетајќи најдовме супермаркет во кој си купив 400 грама норвешка млечна чоколада :) Не беше на нивото на Милка и Кедбери, ама сепак е подобар од американските чоколади :) Вечерта со Кристи го гледавме филмот за Ени Либовиц, Живот низ објектив.
И за крај магични семејства :) Всушност ќе почнам со неколку гости кои беа интересни ама не им поделив сертификати. Прв е Еди Шапиро, малку постар од мене, малку повеќе откачен, писател и организатор на геј настан во Волт Дизни Ворлд. Не беше толку чест во карактер линииите како на Фентази. Потоа да пишам дека Кајл и Ешли кои беа дел од неколку театарски групи на Дизни бродовите се верија. И за крај Ивон Шиндлер, пензионерка од Дизниленд со ќерка и. Цело време беа во норвешка облека. Ќерка и често носеше Ана и Елса фустани. Да не ги заборавам Тим и Оди, средовечен брачен пар кои ме засакаа откако им направив ТоБ фотки на турата во Ст.Петерсбург :) Седеа на маса со луѓе кои не се многу по фотки, ама откако овие им кажаа дека сум им направил одлични фотки луѓево од нивната маса правеа се што ќе им кажев :) И за крај Кребтри кои цело време ме поздравуваа со ЈУХУУУ ФЕМИЛИ. На претходното крстарење додека фоткав ресторан на Фрозен најт на сите маси приоѓав со фразат на Окан, Јухуууу фемили :)
Е сеа луѓето на кои им дадов сертификати за магични моменти :) Погоре го спомнав семејството Ферари. Не се од Италија, од Кајманските острови се. Бабата Робин се знае сопственикот на Имиџ Џон Дејвис. Мајката Кристин е висока и плава а ќерката Габриела има 8-9 години и одлично позира :) И тие беа на претходното крстарење.
На претходното крстарење беа и Казуаки и Јасујо Хара. Ова крстарење не заборавив да им дадам сертификат, а тие на цел фото тим подарија марамчиња од Токио Дизниленд а на мене ми подарија мајца со Гуфи :)
И последните две семејства ќе ги пишам заедно затоа што патуваа заедно. Рик и Елизабет плус Даг и Ребека. Од нивниот личен живот знам само дека Даг е директор на зоолошка. Освен муабетот за неговата и скопската зоолошка сите останати муабети беа за фотографија. Рик има Никон 810 а Даг Никон 750. Двајцата беа со 24-70 објективи и плус Рик носеше 80-400. Интересно за овие луѓе е што носеа плетени капи кои личеа на викиншки шлемови со рогови од страните, а Даг имаше и нарвал капа. Нарвал е кит кој има еден рог. Им кажа дека знам за нарвалот од Животинско царство и веднаш станавме пријатели. Рик и Елизабет поделија еден куп подароци на фото и карактер тимовите, а можда и на уште некои од вработените. Јас добив Викторинокс клешти и батериска ламба :) Ова крстарење ми дојде на памет за следниот договор да понесам еден куп сувенири од Македонија за вакви фини семејства.
Comments
Post a Comment