Бродски дневник бр.98

Оригинално објавено на August 30, 2015  

Заминување

На две недели пред одење дома да пишам уште ред-два-три :) Се вклопив во шаблонот овде на Алур. Единствено мака ми е кога почнувам со работа во исто време со Оливер, троши многу време во бања. Кога сум веќе кај него, да пишам дека под мое влијание конечно купи први патики од бренд кој јас го признавам како бренд за патики (и воедно чинат повеќе од 20 долари/евра). Долго време му зборев како неговите старки се фалц. Ме прашуваше од каде знам дека се фалц, на што му одговорив за мојата пасија кон патики. Е кога сме кај мојата пасија за патики, не издржа срце јуначко, и опрчив 100 евра за скроз црни adidas zx flux (нова верзија на патиките кои во 90тите беа познати како „торзионки“). Ги купив во трговскиот центар во Ла Специја. Потоа на патот накај Ло Сфицио во другиот Футлокер најдов зелени, преубави за 60 евра, ама си викам ајт, доста е :) 

И сега за поднасловот. Во тимот се случија еден куп промени. Откако неверојатно но вистинито еден круз бевме во комплетен состав од никаде го пратија Џулијан на друг брод. Луси беше многу тажна, ама јбг, бродски живот. Следното крстарење и Луси замина на одмор. 2 дена по неа Златан замина на Азамара. Не ми текнува по кој редослед, но Флојд и Алекс заминаа на одмор. Наскоро и Енди ќе си оди поради медицински причини. Најлошо во сево ова е што новиот систем за пресметка на плата не ти дава повисока плата доколку на бродот има помалку фотографи отколку што е потребно, така да работиме повеќе, за да надоместиме за тие што фалат, а не добиваме финансиски надомест за тоа. Некој спомна дека Имиџ ќе ја врати таа опција во пресметката на плата, посебно затоа што на некои бродови фалат повеќе луѓе, како на пример Оејзис се 6 човека мањак. Како и да е, јас си заминувам за две недели и немам намера веќе да размислувам на темата Имиџ. Разгледувам неколку опции, си го потсредив ЦВ-то (забележав дека во цв-то што и го пратив на Џулиет имам доста правописни грешки, според американскиот правопис). 

Од позитивни работи на работа да пишам дека Филип ме пофали за мојата шминка како пантомимичар :) Кристи се најде како покажана со прст затоа што смета дека таа најдобро се шминка како пантомимичар, ама на фотографии сепак јас изгледам подобро :) Исто така, додека фоткам ресторани претрчувам преку отворениот дек и фатив неколку навистина убави зајдисонца со гости. И она на што сум посебно горд... Фоткавме укрцавање во Чивитавекиа и имаше едно детенце со мајца со суперхерои кое не сакаше да се фотографира. За да го натерам да се фотографира почнав да ги правам позите на секој од суперхероите кои ги имаше на мајцата (Ајронмен, Капетан Америка и Халк). Позади мене стоеше Дејан и откако завршивме со тие гости ми кажа дека на Дизни ми го испрале мозокот. Јас му реков дека секогаш сум бил таков, само што на Дизни тоа малку повеќе се нагласи. Тој ми кажа дека тоа и не е лоша работа. Како асистент во галеријата ме гледал како комуницирам со гостите и дека би му било драго да има уште 2-3 како мене. Тоа ми го направи денот, и му се заблагодарив :) 

Од весели работи, имаше Crew WOW недела. Поради распоредот и премореност не учествував во ниту една од активностите, но за среќа момците од броадкаст снимаа доста па погледав нешто на телевизорот во соба. 

Од гости не би издвоил никого затоа што ми се случува да запознаам фини гости, да поминам некое време муабетејќи со нив и потоа никогаш да не ги видам пак затоа што бродот е едноставно преголем :( 

Обично досега пропуштав да ги ставам во Бродски дневник последните крстарења од секој договор. Дали ќе биде случај и со овие... ќе видиме.

Comments

Popular Posts