Бродски дневник бр. 203
You’ll never walk alone
Ова крстарење имаше
9 портови во 10 дена. Јас излегов само еднаш ама вреднаш :)
Ова крстарење патувавме од Амстердам кон Саутемптон заокужувајќи ја Велика Британија. Во Амстердам требаше да излезам преку ден, меѓутоа поради пореметен распоред за работа на првиот ден немав доволно време за да излезам и да се вратам назад на брод па решив воопшто да не излегувам. Останатите портови или времето беше лошо или немаше ништо наоколу за да ме натера да излезам, освен во Ливерпул.
Се докиравме во
центарот на градот и излегов рано наутро, каснав појадок набрзинка и излегов
надвор. Бидејќи моите другарчиња Орце и Маја се големи фанови на фудбалскиот
клуб Ливерпул решив да одам до Енфилд, стадионот на кој игра нивниот омилен
фудбалски тим. Гугл мапс вика дека стадионот е на саат пеш, и така тргнав по
пат. Блиску до пристаништето имаше продавница која работи 24/7 ама кога видов
дека пола литар кока кола е фунта и 80 пени веднаш излегов од таму. По пат
најдов друга продавница каде што купив шише вода за 99 пени, се уште скапо, ама
бев жеден. Потоа најдов уште поефтина продавница ама веќе имав вода и не сакав
да трошам уште пари. Патот ме однесе низ Евертон парк и низ населбата Евертон.
Фина населба на ридче, со ниски куќи, најчесто двокатни и тук-там некоја
еднокатна и некоја трикатна. Прва работа на која што помислив беше колку високи
згради би изградиле тука да имаа градежна мафија како во Скопје :)
Кога стигнав до
стадионот размислував дали да правам тура во стадионот или не, ама си викам
којзнае кога ќе бидам тука пак, 25 фунти може да се потрошат за да се види
стадионот одвнатре. Кога плаќав влезница дечкото на каса ме праша дали доаѓам
од бродот, и го прашав дали толку сум очигледен :) Тој само се насмеа и ми кажа
дека имам попуст од 5 фунти бидејќи доаѓам со брод. Кога внесуваше податоци за
мене ме праша од каде сум и му викам Македонија, и нормално не можеше да ја
најде под М, потоа му викам, можеби република, можеби северна, можеби поранешна
југословенска... и нормално го мрзеше да скролува низ листата од преку 200 земји
и ме стави англичанец :)
Зедов таблет и слушалки
и чекав да почне турата. Турите се на 15 минути или кога ќе зберат доволно
луѓе. Во групата видов две девојки и еден дечко од бродот од други департменти.
Кога влеговме внатре започнавме на 6ти кат каде што гледавме видео на проџектор
на кое наратор е Јирген Клоп, и потоа излеговме на трибина да видиме поглед од
горе. Потоа кога влегов пак во внатрешниот дел од бродот ги видов Лукас и
Алекс, млад брачен пар кои што купија неколку уметнички слики од нас некој ден
пред тоа, остатокот од турата ја поминав заедно со нив, тие ја направија
фотографијата во прес центарот на Ливерпул каде што изгледам ко да потпишувам
договор, потоа јас ги фотографирав нив. Се муабетевме за фудбал, за НФЛ, за
НБА. Лукас е роден во Аризона и кога Феникс Санс изгубиле во финалето од
Милвоки Бакс, цел ден не зборел со никого. Ми кажа дека втор омилен кошаркар му
е Јокиќ и дека да го гледаш Јокиќ во живо е посебно доживуваме поради неговиот
стил на игра.
По прес центарот турата продолжи во гостинската а потоа и во домашната соблекувална. Во гостинската соблекувална висат 11 дресови одбрани од Стивен Жерард, водичот што беше таму кажа дека ова се 11те најдобри фудбалери против кои играл Стиви Џи. Голман е Буфон, од одбрана го запамтив Кафу, напаѓачи ги запамтив Меси, Роналдо (во дрес од Јунајтед), Анри, среден ред беше Иниеста... можеби требаше да направам неколку фотографии, ама сега ми текна на тоа... Од просториите кои би ги издвоил е Карлсберг лаунч, бар во кој може да се влезе само со посебна покана, пивото таму е бесплатно :) Турата завршува со илегување до теренот. Нормално не ни дадоа да стапнеме на тревата, само на просторот за загревање на играчите.
Потоа отидовме во
тимската продавница која што е на 2 ката и таму се разделивме. Да имав повеќе
пари ќе купев повеќе работи, вака само маичка за мене и сувенири за Маја и
Орце. Од продавницата продолжив во музејот каде што имаше стари дресови,
копачки, пехари... еден куп меморабилија. Меѓу другото имаше и подароци кои
биле разметеи во финалињата од лигата на шампиони. На финалето 1999 Баерн
Минхен подариле статуетка фудбалер од Ромеро Брито, еден од уметниците кои ги
продаваме на брод. Во музејот пак ги најдов Лукас и Алекс и заедно излеговме од
таму. Ми кажаа дека ќе викаат убер за да се вратат назад на брод, и ме прашаа
ако сум за да поделиме убер. Малку себично од моја страна, не ја ни прашав
Алекс колку ќе чини тоа, ниту понудив да дадам некој долар/евро. Тој ден фирма
пушти плата, ама додека да стигне на мојата сметка тие веќе ќе бидат надвор од
бродот, а со кеш бев тенок...
Од останати
активности на бродот, го гледав повторно шоуто на Нејтан Честер, ама овој пат
од почеток, и можам да кажам дека беше ептен добро. Посебно изведбата на In
the jungle the lion sleep tonight :) Од лошите работи, на бродот се качија контрактори и обично работат ноќе
кога бродот е во меѓународни води и работат баш под мојата кабина, така да има
малку бучава, ама лесно заспивам, така да не е толку страшно.
Во поглед на персонал,
на бродот се качи една црногорка што работи во казиното, висока 6 стапки, или
183 цм по нашки, плава, убава, цел брод збори за нејзе. Се вика Снежана :)
Откако пишувам
бродски дневник оваа сезона немам пишано за магични семејства, ама ова имаше
две. Погоре пишав за Лукас и Алекс, а сега ќе пишам за Артур и Кери. Долгогодишни
колекционери на Парк Вест и уште неколку галерии, собираат модерни американски
уметници како Вајленд, Мет Бајрер, Ештон Хауард, Либо, Џејмс Колмен... за него
имаа забелешка дека малку од неговите дела имаме на брод и дека го обожаваат.
Кери посебно е голем Дизни фан и планира да ги истрча сите Дизни трки во следната сезона, вклучувајќи ја и 5К на
Каставеј Ки. Повторно ќе бидат на Норвиџн Дон во јануари и им покажав дека во
телефонот си ставив потсетник за 13 февруари кога пак ќе се качат на бродот :)
Следното
крстарење е од Саутемптон до Амстердам во обратен распоред од претходното со
мали промени во портовите (нема веќе одење во Ливерпул).
Comments
Post a Comment