Бродски дневник бр.205

Ја видов Белгија, сакам да се женам :)


Ова крстарење почна со 5 дена изолација. Кашлав гласно и Рос ми кажа дека треба да се пријавам затоа што ако не се пријавам на време ризикувам ворнинг. Иако кашлав веќе 2-3 дена кога се јавив кажав дека кашлам од попладнето :) За жал ме сместија во внатрешна кабина, така што мојата англиска сим картичка не работеше. Бидејќи бев во изолација добив 120 минути бесплатен од добриот интернет кој го потрошив набрзинка, и потоа купив уште 2-3 пакети од по 55 минути. Првите два дена спиев цело време и се опоравував, третиот ден веќе бев подобар. Четвртиот ден земав да учам за уметниците кои ги имаме на брод а не учевме за нив за време на тренингот пред качување на брод. Петтиот ден почнав да експериментирам со камерата на мојот телефон.

Во Кирквол се вратив во својата оригинална кабина. Сакав да излезам и да прошетам меѓутоа додека да дозволат излез не можев да дочекам. Затоа следниот ден во Инвергордон излегов уште рано наутро, пред дождот :) купив чоколадо и слични работи од супермаркетот и на враќање застанав во една голема продавница каде што имаше облека и покуќнина и си купив горна памучна адидас тренерка, мека, најмека на свет :) ја користам како пижама. Купив и долен ден пижама затоа што другиот пар е многу години носен, овај спиен :) купив и две драј-фит маички, беа на попуст 2 за 20 фунти. Дали ќе ги носам во теретаната, не знам, ама оптимистот во мене сака да се спреми за во теретана :)

Во Њухејвен можев да излезам ама ме мрзеше да чекам тендер чамец, а во Њукасл имавме аукција.

И сега она од насловот. Конечно стапнав на белгиско копно :) Зибруж е пристанишно градче блиску до Бриж. Бидејќи беше сабота голем дел од работите беа затворени, ама Керфур работеше и си направив фин шопинг :) чоколадо, кока кола, локално пиво... се она што му е потребно на еден морнар :) Кога се вратив ја видов Снеки, сакаше да си купи јакна, ама во недела во Белгија... т’нко. На терминалот имаше брз интернет и ги апдејтував апликациите кои ги користам и се вратив назад на брод за да јадам ручек во гарден.

Од персонал на бродот се врати Лика, и за жал Македонија изгуби од Грузија, така да во стаф мес збореше колку нејзината фудбалска репрезентација е добра, бла-бла-бла... Во круз стаф има и нов круз директор, Џејми од Колумбија, изгледа ко глумица од теленовела, плава, танка, изгледа совршено што и да облече. Додека бев во изолација ги гледав сите шоуа со нејзе. Во групниот чет коментиравме колку добро изгледа и јас пишав дека за прв пат во 10 години го гледам шоуто на круз директорот од почеток до крај, Рос само пиша дека знае зошто е тоа така :)

Следното крстарење на сред крстарење имаме смена на менаџмент. Рос заминува од Парк Вест по 11 години во фирмата а Едер оди во Мексико на заслужен одмор.

Comments

Popular Posts