Бродски дневник бр. 206
Ветер на промени
Насловот на овој дневник може да се употреби со две значења, прво имаме промена во менаџментот и второ поради лошо време бродот не отиде во Шкотска, но со ред.
Крстарењето
започна од Саутемптон. Првиот порт, Портланд беше откажан поради лошо време. По
ова следеа двата порта во Ирска каде што јас не излегувам бидејќи немам seaman
book, или морнарски пасош на нашки.
Во вториот порт
во Ирска Рос замина накај дома бидејќи после 11 години во Парк Вест реши дека
му е доволно во фирмата. Заедно со него на одмор требаше да замине и Едер, ама
тој испадна позитивен на ПЦР тестот и беше ставен во изолација. Некаде околу 1
попладне дојдоа новиот шеф Блејз од Индија и новиот колега Конор од Ирска кој што
официјално се уште е Арт Асошиејт иако се надеваше дека ќе биде Галери
Директор. Џорџ го прошета набрзинка Блејз низ бродот а јас го прошетав Конор.
Кога го ставаше неговото име на вратата видов дека се презива Ноулс и го прашав
да не е роднина со Бијонсе и тој шегобијно ми одговор, нормално дека е роднина,
не приметувам дека си личат? :)
Во Белфаст не
излегов надвор бидејќи имавме аукција која што беше организирана ептен
набрзинка и бидејќи Рос не пратил мејл на девојката задолжена за
конференциските соби. Ги собравме гостите ко сардини во малиот простор кој што
ни беше на располагање :)
Наредниот ден
требаше да бидеме во Кирквол, ама поради лошото време бродот сврте назад и
непланирано застана во Ливерпул. Сакав да излезам надвор ама Блејз реши да ги средуваме
магацините. Во она кратко време што го имав за излегување, баш тогаш се погоди
да врне како од кофа. Кога се вратив на работа веќе грееше сонце...
По ова следеа два
дена на море и имавме две аукции во Аква ресторанот, со промена на саатот на
брод нанапред бидејќи одевме кон Белгија. Ноќта помеѓу двете аукции мислам дека
спиев само 5 саати.
Потоа бродот беше два дена во Зибруж, Белгија. Првиот ден по пат се најдовме со Џорџ и отидовме на шопинг во Керфур по што тој се врати на брод а јас заминав да барам аптека за да купам витамини. На враќање застанав во продавницата за чоколади која што се вика фабрика за чоколади :) внатре имаше интересни работи меѓутоа си купив само чоколадирани бадеми. Вториот ден илегов само до терминалот за да користам гага интернет, симнав нешто спотови и неколку подкасти.
Од интересни
гости ова крстарење ќе ги издвојам Елмер кој што има снаа македонка родена во
Америка. Нејзиниот татко бил партизан по што завршил факултет и емигрирал во Америка.
Елмер кажа дека кога би бил тој тука на бродот би уживал во конверзации со
мене. Втората е гостинка, Дона од Флорида која што сама патуваше на бродот и
често седеше на клупата блиску до масата каде што вршевме промоции, се муабетев
со неа кога немав гужва на маса.
И за крај промени
во персонал, на бродот дојде нова фризерка, Мари од Јужна Африка, мало плаво
тркалезно девојче. Работата на брод и е прво патување надвор од Јужна Африка и
е среќна што ќе има шанса да види неколку европски земји и потоа уште неколку
карипски.
Следното
крстарење ќе работиме по шаблонот кој што Блејз сака да го воспостави. Џорџ ме
праша чиј менаџмент го сакам повеќе, оној на Рос и Едер или на Блејз и Конор,
му кажав дека иако Рос и Едер беа хаотични сепак повеќе го сакам нивниот стил
на работа.
Comments
Post a Comment