Бродски дневник бр. 207

Џорданки 13 :)

Секој договор на брод си купувам по еден пар скапи убави патики. До сега имав Џорданки 1 и 12, ми остануваат да купам 11, 13 и 14, и ова крстарење си купив бели 13ки.

Ова крстарење оригинално требаше да биде круг околу Велика Британија, ама повторно имаше промена на планот. Останавме подоцна во Амстердам, отидовме до Белфаст и свртевме назад кон Саутемптон.

Првиот ден во Амстердам имав таман време меѓу смените на маса да отидам до Хард Рок Кафе, да каснам Локал Леџендари Бургер и да се вратам назад на брод, што и го направив. Мислам дека ова е 15ти ЛЛБ кој го пробувам, и е ОК, има паниран кромид врз плескавицата и малку сланина под и е сосема добар бургер. Додека одев натаму цело време мислев дали ќе има слободна маса, и за моја среќа ми најдоа маса во барот, таман двајца момци заминуваа и јас седнав на нивната маса.

Следниот ден отпловивме од Амстердам кон Зибруж каде што излегов рано посабајлечки за да симнам по некој подкаст и по некоја песна од ЈуТјуб. Сега имам доволно за гледање до долго време со оглед на тоа дека сега работиме дупло повеќе отколку претходно.

Следните неколку пристаништа ги прескокнав бидејќи или имав STCW тренинг или времето беше лошо. Излегов само во Ливерпул, и вредеше за сите пари :) Поарчив преку 200 фунти тој ден, ама меракот не прашува за цена :) На 10 минути пеш од бродот има трговски центар со 5  спортски продавници и тимските продавници на Ливерпул и Евертон. Можете да претпоставите дека продавницата на Ливерпул беше раздвижена додека во продавницата на Евертон продавачите си правеа муабет меѓу себе. Првата продавница во која влегов се викаше Кикс нешто а-у... заборавив како точно се вика. Имаа некои навистина интересни патичиња вклучувајќи и црни More Uptempo кои за жал, не дека сакав да купам уште едни Мор Аптемпо, чинеа над 350 фунти. Потоа влегов во Футлокер каде што видов неколку интересни примероци на џорданки, меѓу кои и бели 13ки. Потоа влегов во JD Sports каде што имаа интересна селекција на More Uptempo што дури и се размислив дали да фрлам 120 фунти за уште едни :) Како и да е, на крај пак свртев во Футлокер и си купив Џорданки :) На брод добив еден куп комплименти од филипинците и од црнците :)

Додека бродот беше во Ков, Ирска, рано посабајлечки, уште беше темница имавме wet drill, вежба за спасување која се прави во базен. Воздухот беше мнооогу ладен, водата во базенот не беше толку ладна, ама сепак Буч реши да прескокне една од петте вежби кои требаше да ги правиме. Бевме поделени во две групи и додека една група беше во базен, другата група се грееше во џакузи. 10 души во џакузи, ама битно не се мрзневме надвор.

Во врска со работа, сега работиме дупло повеќе отколку кога Рос беше аукционер. Кога Блејз ми правеше евалуација останав скоро до 2 наутро во канцеларијата бидејќи ми кажуваше како можам да бидам подобар во работата. Поради тоа пропуштив да се збогувам со Дејан и Благојче кои завршија најпосле со вет-докот. Цело време збори дека сака да работиме паметно а не напорно, ама сепак работиме дупло подолго отколку со Рос.

Од гости имам неколку за издвојување, ќе почнам со Фил и Еми за кои ова беше второ по ред крстарење, Фил има долга брада, Еми плете со една игла, кроше, или како и да се викаше тоа :) Некои од гостите викаа, види го, хипик, а јас им викав, јас обожавам хипици :) Втор е Боб кој ова крстарење пола го помина во изолација поради бронхитис, вика ќути барем не е ковид... Јас само му посакав побрзо да оздрави за следното крстарење да ужива во топлите краеви на Шпанија. Трета е Ајлин која ме препозна во Ливерпул додека одев накај трговскиот. Ми кажа дека не сака да ме вознемирува и јас и одговорив дека ми годи кога гостите ме препознаваат додека шетам по портовите.

Мурал на зграда блиску
до HRC во Амстердам
Има уште една интересна дешафка со гости на бродов ова крстарење. Лео ја пееше и свиреше Fast Car од Трејси Чепмен во атриумот и од Блис накај театарот одеа три гостинки, кинескиња, ниска црнкиња и висока црнкиња, претпоставувам во групата од четириесет и нешто години. Додека поминуваа покрај мене ниската црнкиња ме праша дали би се возел во нејзината кола (стих од песната која ја пее Лео)? Јас и одговорив, Не. Зошто? Да не си женет? Ѝ реков дека не сум. Дали некоја жена ти го украла срцето? Ѝ реков дека една девојка од Северна Каролина ми го украде срцето. Високата црнкиња кажа дека девојките од Северна Каролина се нешто посебно. Ги прашав дали сакаат да ја видат девојката што ми го украде ссрцето и откако климнаа со главите им покажав фотографија што Јоланда ми ја прати на месинџер. Високата црнкиња воскликна “I knew she was woman of color” (Знаев дека е црнкиња) :)

Од персонал, има нова козметичарка на бродот, Ленче од Битола, втор договор во Спа. Ѝ ја пуштив Ленка Манекенка и таа ми кажа дека учела заедно во основно и на факултет со Лилјана Сипкоска која ја испеа песната во 93та.

Следното крстарење конечно фаќаме накај потопли краеви, одиме преку Шпанија и Португалија до Чивитавекија (Рим).

Comments

Popular Posts