Бродски дневник бр. 210
Преку атлантикот
Одамна немам
пишано, три недели веќе. Многу работи се променија на бродов, но со ред :)
Прво за новите членови во тимот. Роберт дојде во Барселона како замена за Блејз. Блејз пред да замине ни направи многу напорен распоред за кросингот велејќи дека тоа е барање на Роберт. Кога дојде Роберт на брод почна да крати и вади работи од распоредот бидејќи имавме нешто над 1000 гости и 14 дена со нив. Кога тој бил Арт Асошиејт имал луда аукционерка што цело време ставала настани што во еден момент имале аукција на која не се појавил ниту еден гостин. Патем Роберт е од Србија, работел 5 договори како фитнес тренер и ова е негов прв договор кој што го започнува како аукционер, претходно бил помеѓу галери директор и аукционер. Ја обожава Лепа Брена :) Кога стигнавме во Тампа, порано од планираното Џорџ замина на одмор и на неговото место дојде Џек, роден во Полска, повеќе од 10 години живее во Англија и е поголем енглез и од англичаните кои ги знам, се однесува ко да е веќе аукционер. Дали отсекогаш бил преамбициозен кретен или за време на парк вест академијата му го испрале мозокот не знам а и не ми е гајле. Како и да е, тоа е мојот тим до мојот одмор (замената за Багеш треба да дојде пред да одам јас на одмор).
Е сега за крстарењата кои се случија во меѓувреме. Прво пристаниште беше Палма де Мајорка каде што се видов со Ивана од Плац. Имав среќа да ја видам на мојата последна посета на Палма пред корона, летово се видовме во Илинден пред да одам на брод, и сега ја начекав во Палма пред таа да замине за Индија. Се најдовме рано посабајлечки блиску до центарот на Палма и тргнавме да пешачиме во делот од Палма каде што обично излегуваат локалците. Времето беше најпопрекрасно и после долга прошетка по патеката покрај плажата седнавме на кафе и кифла во еден кафич каде што искачаат локалците. Потоа назад седнавме во Хард Рок Кафе на бургер. Ивана кажа дека само со мене јаде џанкфуд, прво пица во Потковица, сега бургер во Хард Рок Кафе :) Секогаш е прекрасен ден кога се дружам си Ивана.
Следниот ден бродот беше во Картахена каде што по обичај не излегов надвор, ама затоа следниот ден во Малага отидов до Музејот на Пикасо, но прво Меси (според фудбалерот Леонел) Бургер. Релативно мал (за Хард Рок Кафе) и полн со изненадувања бургер, по што се упатив во градот. Првин ја најдов родната куќа каде што поради ограниченото време некако не ми се влегуваше и се упатив кон музејот. Музејот е на два ката и опфаќа 12 соби, ако не грешам во кои се изложени дела од различните периоди на Пикасо. Интересно патување низ времето и низ делото на Пикасо. На горниот кат сосема случајно успеав да ја најдам собата со керамики. Додека работев како фотограф на брод дел од керамиките на Пикасо без изложени во Музејот на Современа Уметност во Скопје, ама јас не успеав да ја видам. Сега со многу повеќе знаење за Пикасо целосно уживав во посетата на овој музеј.
Во Кадиз повторно излегов со Др. Клаудија. Во Кадиз има музеј на Кадиз кој што е блиску до пристаништето и музеј на литографијата кој што е малку подалеку. Бидејќи Клаудија имаше малку време отидовме само до музејот на Кадиз. Првин седевме на клупа на еден од плоштадите кој што е полн со дрвја. Таму имаше многу луѓе излезени со своите миленици на што Клаудија реагираше многу емотивно, и ми зборуваше за нејзините миленици во Мексико. Музејот е на 3 ката и влезот е бесплатен. На приземје има уметност од палеолит до 12 век. Интересни беа скулптурите од римско време и накитот од феникиско време. На првиот кат има ренесансна уметност. Импресивни беа платно на кое беше насликан моментот кога Шпанија станала официјално кралство. Платното е со димензии 5 на 3 метри, ако не грешам. Друг импресивен момент беше едно платно на кое беше насликано распнувањето на Исус. Најдобра слика на таа тема што ја имам видено досега. Требаше да ја сликнам со телефонот... И на вториот кат има современа уметност. Прва е слика од Хоан Миро. Клаудија почна да ја интерпретира и ме праша за мислење на што јас само и одговорив, Андре Бретон, таткото на надреализмот кажал за Миро дека е најнадреален од сите надреалисти, така што нема да со обидам да ја толкувам сликата. Она што не знаев тогаш е дека Роберт ќе ми даде да зборувам на еден од семинарите и тоа токму за Миро :) Останатите дела на тој кат беа мошне интересни по што се вративме назад на брод. Имав време за да одам до музејот за литографија, ама немав енергија и се вративме на брод.
Во Лисабон повторно се видов со Синтија. Излегов малку порано од договореното и се најдовме на местото каде што јадевме тарт и пиевме кафе минатиот пат, ама овој пат ова ни беше само место за да се најдеме по што се упативме назад во туристичкиот дел од градот каде што пиевме кафе и јадевме во едно местенце кое е слично на Паблик Рум во Скопје, само што ова ми се виде многу поубаво. Дел е од синџир ресторани во Барселона, Мадрид и Лисабон. На две маси од нашата имаше еден пар млади дечко и девојка, штракаа на нивните мекбукови со бежични слушлки во ушите. Девојката беше иста како другарка ми АлекСС кога ја запознав пред речиси 20 години, танка, висока, со виткана коса, најпопрекрасна. АлекСС ми пиша да ја сликнам девојката, ама мене ми беше незгодно да ја вознемирувам и само си седев и се муабетев со Синтија.
Наредниот ден
бродот беше на море, и имавме аукција и промена на сејфти кард. Сега сум лидер
на станица за евакуација и имам портокалова картичка, што значи дека еднаш во
четири дена нема да можам да излезам од бродот бидејќи сум дел од тимот кој се
грижи за бродот, и да биде баксузот поголем моето следно пристаниште Понта
Делгада не можев да излезам од бродот. Во исто време беше докиран уште еден
Норвиџн брод на кој што е другарка ми Менди со која заедно имав обука за Парк
Вест и нејзиниот брод одеше од Америка за Европа, и баш сакав да ја запознаам
во живо ама нече среча поштеног човека.
По ова следеа 7 дена на море и 4 аукции. Првиот ден бродот е нишаше малку повеќе но потоа беше помирно. За да ни помага на аукции ја ангажирав Сабрина, пејачката во парти бендот мислејќи дека таа започнува нов договор, но на крај ми кажа дека е само на замена. Зошто Норвиџн ја леташе од Аргентина до Барселона и потоа од Америка за Аргентина за само 2 недели на брод, не знам, тоа ми е сеуште мистерија. Друг интересен момент е семинарот на кој што презентиравме неколку од мастерите кои ги имаме во нашата колекција. Јас зборував за Хоан Миро и за Питер Макс. За Миро колегите ми кажаа дека сум бил одличен, а за Питер Макс ми беше малку тешко затоа што веќе имаше семинар за него и плус Роберт зборуваше за него на две аукции пред тоа. Колегите ми кажаа дека е ОК и тоа малку што го зборував за него.
За време на ова
крстарење почнав да спијам во кабината на Клаудија. Таа е сама во кабина и нејзината
кабина е потопла од мојата. Обожава цртани филмови и е вистински гик. Блејз не
ми е омилен од шефовите кои ги имав на брод, ама ќе му бидам благодарен што ме
запозна со нејзе.
На ова крстарење
имаше неколку интересни гости со кои се дружевме за време на тие 14 дена, ама
ќе ги издвојам Вини и Гејла. Имаат 40-50 години, Вини, скратено од Винфред е
германец а Гејла е филипинка и сега живеат на Филипини, што, како и зошто, не
ги прашав, претпоставував дека некој од моите колеги веќе ги имаше прашано ова,
па не сакав да ги повторувам, ама се гледавме секој ден и зрачеа со убава
енергија. Вини и ги купи на Гејла двете кученца од Брито и плус уште нешто.
Следното крстарење
започна со Коуст Гард дрил (крајбрежната стража на америка) и имиграциона контрола.
Првин сакав да застанам во линијата за имиграција, ама видов дека е долга и
Владо и Миа ми кажаа дека споро се движи линијата па решив да се истуширам
барем. Потоа застанав во линијата заедно со Јасмина и Диме од казино и Вељко од
сплеш академи, и чекавме, чекавме, чекавме... и дојде време за дрил. Дрилот
помина ОК. Офицерите од коуст гард поставуваа некои прашања кои мислеа дека се
трики, ама им дававме одговори. Подоцна дознавме дека сме поминале одлично на
нивната инспекција. После дрил решив да поставам маса за „погоди ја тежината“
игра на која се муабетиме со гостите и ги запознаваме со арт програмата на
брод. Кога помина Џенерал Менаџерот на брод кажа дека не смее да има маси, и
дека пратил мејл синоќа. Јас само кажав ОК, и ја спакував масата и ја однесова
во Хонг Конг собата. Потоа додека колегите биле доле им кажал дека не смее ни
штафелаи да стојат. На крај Конор ја стави скулптурата Анабел на две мали
масички. Џенерал Менаџер беше ОК со тоа. Потоа отидов за имигрејшн и немаше
никој во линијата, завршив за 1 минута.
Наредниот ден имавме аукција бидејќи бевме цел ден на море, и потоа бевме во Козумел. Јас сакав да станам порано, ама на Клауција и се спиеше, така да излеговме од бродот нешто пред 12 по што се упативме кон другиот терминал затоа што Клауција носеше ботокс за еден од Ројал бродовите кој што останал без ботокс. Конечно фативме такси кон Мега, еден од моите омилени супермаркети. На приземје Клаудија купи милкшејк а јас си купив мултивитамини и тргнавме на горниот кат за голем шопинг :) Од Мега се префрливме во Но Нејм Бар. На Клаудија и се допадна турското кафе, уште повеќе и се допадна кога и кажав како во Македонија гледањето во филџан е ритуал.
Во Хондурас не
излегов поради ИПМ, ама затоа Харвест Ки на Белизе беше супер. Со Клаудија отидовме
на делот од плажата за вработени каде што ни се придружи Роберт. Времето беше
облачно и имаше медузи во морето, така што ништо не испадна од пливање. Само
седевме во лежалки, грицкавме чипс и се муабетевме. На враќање кон брод купивме
3 чоколади за 20 долари, ја поддржуваме локалната економија :)
Во Коста Маја
излегов околу 12 и пол и видов порака во групниот чет дека треба во 1 да се
најдеме во Хонг Конг (мислев дека се збираме во 3 и пол). За среќа веднаш ја
најдов Клаудија и отидовме во еден од рестораните да каснеме нешто. Поефтино ќе
ни беше да земеме такси до селото и јадеме таму и да се вратиме, ама немавме
време. Интересно во ресторанот на пристаништето е што имаше 2 балерини и 2
балетани што танцуваа, и баш беа интересни за гледање, посебно помладата
балерина :)
Од гости на ова
крстарење ќе ги издвојам Дуган, Баба Дуган, Мама Дуган, Тато Дуган и Ерин,
мошне привлечна млада дама. На претходното крстарење прописно се истрошиле,
така да за ова крстарење буџетот им беше тесен, ама сепак се дружевме.
Најинтересно ми беше кога и кажав на Баба Дуган дека имав коса подолга и
побујна од косата на Ерин, потоа и покажав стара фотка од мене, со долга коса и
таа беше изненадена :) Генерално на ова крстарење имаше голем број млади луѓе,
околу 100 на возраст меѓу 18 и 21. Џорџ да беше на бродот ќе се заљубеше 100
пати :)
И пред да го
завршам овој дневник да пишам дека Норвиџн одзеде еден куп привилегии од стаф и
ентертејнмент позициите. Станаа полоши од Ројал. Веќе немаме хаускипер, мораме
сами да чистиме кабината, мораме сами да менуваме посталнина и да фрламе ѓубре.
Не смееме да одиме веќе во гостински ресторани. Среќен сум што со Роберт бевме
2 пати на вечера во Аква и 2 пати на вечера во Венецискиот ресторан. Мислам
дека конечно ќе почнам да слабеам сега кога веќе не можам да одам во Гарден.
Таму секоја втора вечер јадев палачинка.... Има уште неколку привилегии кои ги
изгубивме, ама тие мене не ми значеа многу ама за Гарден...
Следното крстарење
е повторно 14 дена. Веќе имаме елки и украси низ бродот.
Comments
Post a Comment