Бродски дневник бр.212

Во Сан Хуан на кратко за прв пат по 8 години

Ова беше 11 дневно крстарење со 6 портови и дури 5 денови на море што е многу, ама преживеав :)

Првиот интересен настан беше роденденот на Мари во кру бар. После 5 дена напорна работа (2 дена на море, почеток на ново крстарење и уште 2 дена на море) Клаудија ми пиша да дојдам со нејзе во кру бар бидејќи на Мари и е роденден. Ги зафркавав девојките дека имаат репутација за одржавање, Стајнер девојките се парти енималс :) Јас си поминав ОК. Клаудија беше среќна што дојдов и што и купив сок да пие после сето вино што го испи. Беше толку пијана што купи 2 нови шишиња и едното го однесе во кабина. Наредното утро и кажав да погледне што има во фрижидер. Кога виде што има внатре и падна малку незгодно :)

Наредниот ден бродот беше во Пуерто Рико каде што со Клаудија отидовме во трговскиот центар. Трговскиот центар е толку голем што 2 саати не се доволни за да се помине ни набрзинка. За почеток сакавме да јадеме во Олив Гарден, ама се чекаше 20 минути па отидовме во фуд корнер каде што таа купи кинеска храна а јас земав КФЦ. Имаше еден куп интересни работи кои што сакав да ги купам ама се воздржував. Во Волгрин си купив шампон Пантен (го нема по другите портови) и Клаудија си купи нови чевли за на работа, еден пар црвени и еден пар црни.

Во Сент Томас за жал бев ИПМ, па следно пристаниште каде што излегов беше Аруба. Тогаш Клаудија беше ИПМ па шетав сам и сам го откривав островот. Почнав со појадок во Сабвеј и на враќање назад решив да ги видам продавниците во фенси-шменси хотелот и видов Зара позади хотелот, видов уште еден куп продавници позади Зара. На крај само шетање испадна. На враќање назад решив да го истражам хотелот и го најдов Старбаксот, и во Старбакс, Ија, девојката што работи во Старбакс на бродот. Ја прашав, Ија, навистина? И таа самоа кажа дека таа работи во Старбакс, пие во Старбакс, таа живее Старбакс :) Каучите и столчињата таму се ептен фини, и кажав на Ија дека следниот пат ќе се сликам таму, а таа ми кажа да и го дадам мојот телефон, таа ќе ме слика веднаш :) Потоа отидов во Булчанд да видам што имаат, и за жал сега имаат малку фото опрема и таа е скапа како во другите продавници. Во Литл Свицерланд прашав за цените на неколку ТАГ Хојер саати и видов дека овој договор нема да купам тагче :) Пред да се вратам назад на брод го фотографирав бродот Фриуиндс кој што беше докиран веднаш до Дон. Фриуиндс е бродот на скиентолошката црква.

Во Курасао имавме дрил и рано заминувавме така што не излегов пак од брод. Ама затоа излегов на Грен Кејман, исто така после 8 години од моето последно излегување таму. Бидејќи не знаевме што и каде има, тргнавме лево од пристаништето. За да каснеме застанавме во Манки Вафли. Скапи ама превкусни вафли, и интернетот беше многу брз, го симнав Спиритед, филмот во кој танцува другарка ми Кортни, покрај неа во филмот се појавуваат Рајан Рејнодс и Вил Фарел :)

Од смени во персонал на бродот има неколку смени, меѓутоа она што е битно е дека фризерката Тамера доби трансфер на некој мал брод.

Во Арт тимот ништо ново, Џек и понатаму е идиот, или според Коузон жаргонот, тој е машка Мартина. Од убавите работи, на Багеш му беше роденден, само што не го славевме како Мари, само малку шампањ во Арт канцеларијата.

Гости кои би сакал да ги издвојам со Џим и Кристи со ќерката Али и заборавив како се викаше бабата. Али работи како дизајнер во маркетинг агенција и во семејните бизниси. Купи слика Тенглд од Томас Кинкејд Студио, прво уметничко дело кое го купува :) Дружбата со неа почна со тоа додека ги чекаше мајка ѝ и татко ѝ, видов дека носи Док Мартинс сандали и почна муабетот :) Џим ни даде на мене, Конор и Роберт по 20 долари бакшиш. Мој прв сериозен бакшиш откако сум во Арт :)

Следното крстарење е божиќно крстарење со полн брод. 

Comments

Popular Posts