Бродски дневник бр. 214
Догледање Багеш Наик
Ова беше последно крстарење од договорот за мојот цимер Арт Препараторот Багеш од Индија. По 8 месеци договор си оди на одмор, вика дека веќе нема да работи договор подолг од 6 месеци.
Ова крстарење
започна со одолговлекување. Оригинално планирав да излезам во Тампа затоа што
немав пакс дрил, ама бродот заглави во магла, па додека да ни дозволат да
влеземе во порт, па додека да се симнат старите гости... Новите гости почнаа да
се качуваат на бродот во 9 навечер. Поради тоа беше откажан Ки Вест, наместо
тоа бевме цел ден на море, и штом сме цел ден на море, тоа значи аукција. По
тоа уште една аукција... и по тоа Сент Томас.
Во Сент Томас имавме закажано конференс кол за да имаме тренинг за тоа како да правиме повеќе пари на аукции. Роберт кажа дека пред ковид на Емералд Бич имало добар интернет и плажата била одлична и се најпопрекрасно. Излеговме од брод најрано што можевме, негде околу 11 и пол. Се качивме во првото камионче такси и стигнавме на Емералд бич на време, ама нивното ви-фи не работеше баш сјајно меѓу маси. Јас Роберт и Конор седевме пред телефонот на Роберт а Џек отиде на рецепција за да фати подобар сигнал. Предноста на слаб интернет е што можеш да ја исклучиш камерата и да јадеш бургер на раат и да пиеш пиво :) По тренингот отидовме на плажа. Јас за жал наместо шорцевите за бањање ги носев џордан шорцевите, така да само си седев на плажа. Во еден момент онака додека седевме, Роберт само ми кажа види десно, и од десно доаѓаше црнец што носеше хокејарски дрес од СССР. Ваква надреална ситуација немав доживеано од едно од моите последни искачања со Кришо :) Го прашав дали може да го сликам и тој кажа да :) Во меѓувреме Клаудија беше излезена со Коко, и случајно се погодивме да се враќаме назад накај кабина у исто време па си раскажавме како си поминавме.
Во другите
портови не излегував што поради тоа што јас бев ИПМ, што поради тоа што
Клаудија беше ИПМ или едноставно поради кру-дрил.
Овој пат не бев
на кру-дрил поради медицински причини. Ми зарасна нокт во месо. Имав чуено за
таква ситуација но не знаев колку досадна болка е тоа. Претходниот круз отидов
до медикал и медицинскиот техничар Слободан кого јас го викам Докторе ми кажа
дека само треба малку да се засече ноктот и ќе бидам ОК. Ми даде вати, суви и
потопени во алкохол. Клаудија го засече малку ама уште ми предизвикуваше болка.
Таа препорача да одам до медикал, да ми стават локална анестезија и да засечат
подлабоко. И отидов јас во медикал, Докторот беше ноќна смена, па ме прими
регуларниот доктор. Му кажав дека 2 дена ме боли, и дека Клаудија засече малку
ама уште боли па дојдов кај него, и тој само ми направи преврска, ми даде
антибиотици и крем, сакаше да ми даде 3 слободни денови, јас му реков 1 ми е
доста, не сакам да го оставам тимот на цедило на аукција. Поради тоа што тоа
беше денот пред дрил, бев ослободен од дрил. Инаку по три дена антибиотици
болката престана, ама ме болеа мускулите на левата нога бидејќи кривев. Како и
да е, сега сум ОК.
Следното
крстарење е 4 дена и цимер ќе ми биде Џек. Како ќе преживеам, ќе читате во
следниот дневник.
Comments
Post a Comment