Бродски дневник бр.216
Дневникот што требаше да биде последен за овој договор.
Ова крстарење требаше да биде последно во мојот прв договор со Парк Вест, меѓутоа бидејќи на моето место доаѓа дечко кој е прв пат на брод а за Џек сеуште нема замена девојките што го прават распоредот по бродови ме прашаа дали може да останам уште едно крстарење и бидејќи не сакам да го оставам тимот на цедило, посебно не двајцата Роберти, прифатив да останам.
Првиот порт во
кој излеговме беше Ки Вест. Со Клаудија решивме да одиме по друга улица наместо
по Дувал и веднаш налетавме на фестивал на кој локални уметници презентираа
свои ракотворби. Видовме голем број интересни работи ама не купивме ништо.
Потоа продолживме по улицата и најдовме таи ресторан каде што по обичај јас
јадев суши а Клаудија јадеше морски плодови и ориз. Потоа продолживме понатаму
по улицата до другиот крај каде што направив неколку фотографии со телефонот.
На враќање таа сакаше да застане во ЦВС за да купи спреј за коса, и бираше
спреј пола саат... На враќање одев брзо и ја влечев и ѝ викав дека ми се спие,
морам да спијам пред работа, побрзај. Таа како што е влечка ми се налути. Ѝ
мрчев дека оди бавно како гостите (проссечна возраст 64 години), дека треба да
оди брзо како морнар.
Во Амбер Коув јас бев ИПМ а во Сент Томас таа беше ИПМ. Ѝ реков дека морам да излезам, да купам куфер. Тоа беше времето кога уште не знаев дека ќе ми го продолжат договорот. Куферите во К-Март чинеа 100 или 120 долари, а изгледаа онака, мехх... не ми се даваа толку пари за куфер кој ќе го искористам само еднаш. На крај само купив чипс за Клаудија и чоколадо за мене и се вратив на бродот. Вечерта требаше да држам семинар за Макс, Брито и Агам, ама се појавија само Кич и Дороти па останавме да си правиме муабет.
Во Аруба бев ИПМ а на Курасао имавме аукција, ама имав малку време да излезам до Старбакс со Клаудија каде што јадевме сендвич, пиевме кафе, сурфавме, се обидувавме да направиме фотографии еден од друг кои изгледаа лошо бидејќи рано посабајле :)
Во поглед на
работа, Роберт е задоволен од она што го давам. Откако замина Џек од тимот имам
многу подобри резултати на аукциите. Ми даде мошне фина евалуација.
И за крај да
пишам магични гости. Први ќе ги ставам Кич и Дороти, доаѓаа на сите настани, аплаудираа
гласно, поттикнуваа други гости да купуваат, беа журка-журка. Другиот магичен
пар беа Тим и Синди, оригинално Чарлс Тимоти и Синтија, ама се претставуваа
како Тим и Синди. Беа и на претходното крстарење, ама не им ги запамтив
имињата, на ова морав да ги прашам како се викаат бидејќи тие секогаш викаа
добро утро Тони или добар ден Тони... беа потивки од првиот пар, ама пак
поттикнуваа гости да купуваат и на последната ноќ од крстарењето вишокот вода
ни го дадоа на нас.
Следното
крстарење ќе имам цимер, знам само дека се вика Габриел.
Comments
Post a Comment