Бродски дневник бр.219
Одиме за Европа
Во овој дневник ќе пишувам за крстарењето од Америка за Европа и за првото крстарење околу Велика Британија. Во Њу Јорк на тимот му се придружи Багеш, а на крајот на првото крстарење околу Велика Британија Блејз ќе се врати на бродот Норвиџн П’рл, но со ред :)
Прво пристаниште
на патот кон Европа беше Халифакс, едно од моите омилени места (кога не е
смрзнувачка надвор). Се спремивме со Клаудија да излеземе, се изнаоблековме и
на генгвеј и кажаа на Клаудија дека не може да излезе надвор поради ИПМ. Од
преголема возбуда таа заборави да поднесе барање за смена на ИПМ. Прошетав по
брегот и на враќање решив да одам меѓу згради, да видам што ќе најдам по пат, и
најдов супермаркет во кој купив чипс произведен во Канада. Блиску до бродот
најдов продавница за сувенири во која купив ракавици за Клаудија, плетени од
волна со четирите прсти заедно и палецот посебно, виолетово-бели. Досега во
животот никогаш немала потреба од зимски ракавици. Кога се вратив на брод и ги
покажав и таа многу се израдува.
Следните две пристаништа беа откажани поради ризик од санти мраз, па така имавме 4 дена по ред на море додека да стигнеме на Исланд. Во 9 и 20 наутро не разбуди капетан Асен преку звучниците кажувајќи ни дека во 10 саат ќе имаме дрил по барање на исландските поморски власти. На пола дрил Џејми кажа дека дрилот е успешно завршен, по што се спремивме за излегување надвор :) Менди облече скоро се што имаше топла облека на себе за на генгвеј да и кажат дека не може надвор. Јадната таа погрешно ја прочита својата сејфти карта, веројатно затоа што за прв пат во нејзината кариера доби сејфти карта. Јас, Клаудија, Блејз и Кристин продолживме кон Рејкјавик. Веднаш надвор од бродот Клаудија почна со правење селфиња затоа што за прв пат во живот има снег за позадина. Во Рејкјавик утрото врнело снег ама повеќето беше стопен ама на околните ридови имаше снег и изгледаше убаво за слики. Решивме да каснеме нешто и да се напиеме и во уличката со пабови и ресторани го најдоме барот Леми. Класичен рокерски паб со голем избор на пива, но и вафли. Единствена маана на местото е што е скапо како и сите барови во Исланд па така за порција вафли и точено пиво платив околу 2000 денари, меѓутоа да пиеш точено пиво Леми во барот Леми е бесценето :)
Од тука излеговме да вртиме крукчиња низ Рејкјавик и влеговме во музејот за пениси. Од влезот до официјалниот влез има скали и ходник со уметнички дела на темата пенис по што се стига до барот и влезот за кој се плаќа 800 исландски круни или околу 400 денари. Бидејќи не ни се трошеа многу пари а и немавме многу време продолживме понатаму. Блејз се врати на брод по што ние продолживме да го бараме музејот на исландска панк музика. Нормално имаше мала вратичка која водеше кон скали кои водеа кон подрум. Тука влезот беше 1000 круни и под тоа имаше напишано: Овие пари ги давате за да не ги продадеме вашите органи на црниот пазар. Од тука скокнавме до продавничка за сувенири по што јас и Кристин се вративме назад на брод а Клаудија со Агустин кој не најде додека бевме во Леми, продолжија да се шетаат бидејќи не работеа тој ден. Подоцна Клаудија ми кажа дека правела снешко и дека е пресреќна што имала искуство кое не може да го доживее во Мексико.
Следно
пристаниште беше Белфаст каде што не излеговме затоа што Клаудија беше ИПМ а и
затоа што ни требаше одмор од еден куп денови на море по ред со губење саат
спиење кога бродот се префрлаше на локално време. Во Дан Лири не излеговме
бидејќи поради грешка на џенерал менаџер Витор се направи гужва околу тендер
бротчињата и на крај не дозволија за вработените да излезат надвор. Во Л’ Авр
јас бев ИПМ а и веќе бев пред ковид неколку пати па не ни барав да се сменам со
некого.
И за крај на ова и почеток на следното крстарење, Саутемптон :) Станавме уште во 8 наутро и излеговме надвор, на генгвеј го видовме Капетан Рони, омилениот капетан :) Со такси отидовме до трговскиот центар ама беше рано, ништо не беше отворено па излеговме до Бургер Кинг да каснеме појадок. Од овде отидовме до Лондон Камера Ексчејнџ за да си купам друг апарат бидејќи мојот Д610 кој го купив за време на одморот и со него бев во Словенија едноствано реши дека неќе да работи. Во Лондон Камера Ексчејџ ни кажаа дека имаат углавно нови апарати а од стари никон апарати имаат само 2 ефтини модели, но продавачот кажа да не се грижам бидејќи имаат уште една продавница на 10 минути пеш од оваа продавница и таму имаат повеќе стара опрема, и тоа поскапите модели. И пат под нога, тргнавме кон втората продавница и видов апарат кој долго време сакав да го купам, овој пат користен за 500 фунти (кога беше нов модел беше 1500 па го спуштија на 1100 кога веќе излезе неговата замена). Продавачот нормално почна од Д5 кој е 2200 фунти и кој е одличен апарат, па Д4ѕ за 1000 и нешто... Д3 за 400 и нешто... ама јас сепак си останав до Д750 :) И кажав на Клаудија дека долги години го меркав апаратот и таа само ми кажа, значи затоа ти си толку среќен :) Од тука се вративме во трговскиот за да купиме сим картички и се вративме назад на брод со такси бидејќи Клаудија почнуваше со работа.
До нас беше докиран бродот Селебрити Апекс кој е на крстарење од Америка до Европа со последно пристаниште Амстердам. Уште додека одевме накај трговскиот утрото и пишав на Џубилант, ама таа ми одговори дури кога се вратив назад на бродот. Имав уште слободно време и изглегов надвор пред нејзиниот терминал. Истиот терминал на кој започна мојата приказна со Хајнеманн 4 години претходно на Индипенденс оф д Сиис. Таа имаше навистина долг одмор помеѓу двата договори ама Апекс е одличен брод за нашиот департмент. Тоа што ја видов после 3 години ме направи навистина среќен. Таа ми кажа дека мајка ѝ прашувала за мене, бидејќи Џуби и кажала дека личам на татко ѝ. Умрев од смеење.
Прво пристаниште од новото крстарење беше Њу Хевн и беше тендеринг порт. Тендер бродчето кон копно беше скоро празно, го видов Флинстон од кидс клаб и со него заедно отидове во АСДА, тој да купи сим картичка а јас да купам скоро се останато :) Времето беше типично англиско, тмурно, росеше... Купив марс, сникерс чоколади и еден куп чипсови за Клаудија. Таа не можеше да излезе бидејќи работеше.
Следно
пристаниште беше Инвергордон каде што јас не можев да излам поради ИПМ. Потоа
беше Кирквол каде што ем кратко време имавме надвор, ем имавме аукција веднаш
штом бродот исплови надвор.
Ама после тоа следи Белфаст. Конечно и јас да излезам во Белфаст. Накај град фативме такси со Анте и Стефа по што се разделивме од нив. Прва продавница каде што влеговме беше Футлокер за да купиме исти/слични патики, ама тој футлокер беше многу мал и имаше мал избор. Потоа отидовме во Док Мартинс ама Клаудија не сака чизми бидејќи мисли дека не може да ги носи во Вера Круз, ќе и биде премногу жешко во нив. Од тука продолживме во Викторија Мол каде што купив нов каиш од Фосил. Продавачот кажа дека нивниот терминал за картички не работи со сите банки па на крај Клаудија плати со нејзината картичка откако две мои картички беа одбиени. ЏејДи Спортс имаат фина продавница и имаат Adidas ZX Flux. На Клаудија и кажав дека тоа се најдобри патики за пешачење, ама на нејзе не и се допаѓаат. Кога ќе замине на одмор ќе си ги купам :) За нејзе патиките тука беа многу досадни, на што и кажав дека интересни шарени патики требаше да купиме додека бродот беше на карибите. Во северна Европа нема шаренило во патики.
По ова отидовме
на втор кат во киното. Долго време зборевме како би било кул да одиме во кино и
конечно најдовме кино што има проекции преку ден :) Во вторник картите за кино
се поефтини ама има преку 20 минути реклами и трејлери што беше добро за нас
бидејќи во 2:10 купивме карти за проекцијата од 2:00 :) Како вистински Марвел
фанови нормално отидовме на Гардијанс оф д Галакси 3. Салата е мошне фина,
пуканките вкусни, кока колата стандардно добра и филмот... ПРЕДОБАР. Клаудија
плачеше неколку пати, јас само еднаш :) Не кажувам на кој дел, неќам да пишувам
спојлери на интернет. Од тука на одење назад кон брод земавме стробери
фрапучино за мене и куки фрапучино за нејзе. Таксито што застана на такси
станицата имаше натпис „само кеш“ на што му кажавме на таксистот дека идеме
назад кон брод и тој само кажа, ќе застанам до банкомат, не берете гајле :) И
застана до банкомат кој беше од другата страна на булеварот. Во стилот на
вистински современ македонец претрчав преку сред улица, извадив пари претрчав
назад до такси :)
Во Гринок прво
имав сејфти тренинг во 10 наутро во училницата по што во 1 попладне имав Парк
Вест тренинг така што решив да не излегувам надвор бидејќи реално немав доволно
време и решив само да перам алишта помеѓу двата тренинга и да дремнам пред
работа. Во Дан Лири заборавив дека сум ИПМ така што останав на брод.
Во Ков излеговме со Клаудија рано посабајлечки и гледавме кај да пиеме кафе или да каснеме и на крајот на брегот најдовме кинески ресторан и се прејадовме :) Малку необично е во Ирска да се иде на кинеска храна, знакот FREE WI-FI беше доволно голем и веднаш влеговме внатре :) После кркање влеговме во спортска продавница за да купиме ист модел патики, ама не знаевме дека Клаудија во обединетото кралство носи број 7 што е еквивалент на американскиот 10, а баш имаше убави асикс патики по околу 100 фунти. Од овде се качивме нагоре по ридот да ја видиме катедралата. Голема, убава од надвор, а внатре не влеговме бидејќи имаше свадба.
И последно пристаниште за ова крстарење и овој дневник, Портланд. Утрото имавме аукција рано посабајлечки од 10 до 11 по што излеговме надвор. Она што многу пријатно ја изненади Клаудија беше бројот на кучиња, мноооогу кучиња, од сите раси. Од пристаништето до блискиот голем град се иде со автобус кој што е бесплатен во овој порт и е двоспратен, и нормално се качивме на горниот кат. Времето беше убаво сончево, за разлика од претходниот пат кога бев тука кога росеше цел ден.
Одејќи накај центарот на градот се крена мостот за да поминат едрилиците и останати чамци. Така ја направив единствената фотографија со телефон тука, останатите ги направив со апаратот. По преминување од другата страна седнавме на кафе во Коста кафе и Коста кафе ми се допаѓа многу повеќе од Старбакс. Од овде отидовме во Спорт Дајрект да видиме ако има фини патики. После долго разгледување и размислување Клаудија си купи скечерс. Јас најдов дрес од ливерпул на 50% попус, само 38 фунти. Кога отидовме на каса Клаудија плати за се велејќи дека не ми купила ништо за роденден, па ете сега ми купува дрес од Ливерпул Фрајд Чикен. На враќање се вративме од кај плажата која беше полна и во меѓувреме ми текна, сабота е и времето е сончево, сите излегуваат надвор :)
Ова беше и
последно крстарење за Блејз на Дон, му направија трансфер назад на П’рл.
Следното крстарење сме човек помалку, Менди ќе биде аукционер, и како ќе си
поминеме, ќе читате во следниот дневник.
Comments
Post a Comment