Викингшки дневник бр.04 – Среќна Нова 2025та
Се мислев да ставам наслов на дневников први нешта бидејќи некои луѓе околу мене правеа работи за прв пат на бродот, но да почнам со ред.
Првите два дена
од крстарењево се на море, најголема забава е натпреварот во Баго кој го играме
офицери против гости. Ова крстарење имаме гости кои не победија неколку пати.
Додуша третиот ден на море ептен не биеше баксуз ниту еден од нас не успеа да
ја погоди кантата што носи 50.000 поени, ама неврмајнд, битно гостите се
радуваат.
Во Монтиго Беј
имавме малку време, во 2 попладне требаше сите да бидеме веќе вратени назад на
бродот така што не правев ништо посебно, куќа-посо што би рекол Екрем Евриќ.
Ама затоа, Сањин за прв пат отиде на екскурзија, и тоа на јавање коњи. Е сега,
кога одиме на екскурзии ние сме претставници на Викинг и треба да се погрижиме
се да помине во најдобар ред. За жал во групата на Сањин имаше гости кои се
жалеа за многу работи, и само филуваа врз приказната која ја имаа креирано дека
ништо не било ко што требало да биде, а Сањин само викаше дека си поминал
најубаво на свет. Луѓето од шор-екс одделот решија во иднина да го праќаат само
на екскурзии кои се вклучени во цената на крстарењето, не и на оние што се со
доплата.
Наредниот ден
бевме на море по што следеше новогодишната прослава. Имаше новогодишна вечера
во двете мензи за вработени на бродот. Претходно дел од нас офицерите на бродот
ги украсивме со новогодишни украси. После вечерата повеќето од хотел департмент
се качивме горе во барот за вработени да го украсиме за пречекот на новата
година. Потоа туш, дотерување и назад на славење. Јас го понесов со себе и
апаратот и направив некои 200 фотки од кои 80 беа ОК за споделување после тоа
на социјални мрежи. Во еден момент сфатив дека луѓето се веќе многу пијани и
дека веќе не можам да правам убави фотографии и си заминав да спијам.
Интересното беше што сите позираа за мене освен Мајара, ама после некое време
кога ја фати алкохолот почна и таа да позира, камен пијана, ама не е битно,
пола брод беше камен пијан. После неколку денови отидов кај нејзе во
продавницата и таа ми кажа дека не се сеќава на ништо од прославата а јас и
кажав дека знам дека не се сеќава, имам фотографии и ѝ ги покажав тие
три-четири фотографии што ги направив со неа. Само кажа О мај гад, да и ги
пратам кога ќе можам.
На втори јануари
бевме во Колон, Панама, и излегов рано посабајлечки (откако ги завршив
утринските обврски во канцеларија) до супермаркетот на пристаништето. По пат го
видов Сањин па така пазаревме заедно. Сам пазарам побрзо, ама во друштво е
поинтересно. Потоа тој замина на брод да ги остави работите што ги купи а јас
влегов во спортската продавница да си купам патики за трчање, asics gel
kayano 30. Претходно ги имав 20 и
26. Да не се качев на брод ќе чекав да излезат 32 и ќе ги ставев на кредитна
картичка, ама сега ги начекав 30 за само 150 долари и морав да ги купам. Купив
и мече за Доријан, синот на Рената и Сорин. После тоа дознав дека има посебна
тактика за пазарење таму во спортската продавница. Првин купуваш нешто ефтино и
добиваш ваучер за 20% попуст па после тоа го користиш ваучерот за скапите
работи. Како и да е патиките си ги купив, сега уште да најдам време и место за
трчање.
Во Порто Лимон
повторно бев ИПМ, трет од четири пати што бродов доаѓа тука, ама не ми пречи, и
онака нема ништо интересно освен ако не се оди на екскурзија. Следниот ден
бевме пак во Роатан, Хондурас. Немав намера да излегувам, ама Џудит кажа дека
ќе ми купи кафе на пристаништето и излегов во униформа. Дејан, Стевчо и уште
неколку луѓе отидоа на екскурзија за персоналот на некое од блиските
островчиња.
Во Белизе
вообичаено дрил наутро, спиење попладне бидејќи веќе бев на единствената
екскурзија што ми е интересна од попладневните. Од целодневните има неколку,
ама за жал поради дрил не можам да одам. Вечерта имаше забава за нас од хотел
департмент во мензата за офицери. Четворица заминуваат на одмор на крајот од
крстарењето и ова беше искористено како повод за караоке и пиење. Откако
седнавме сите на маси Аријана подели бели листови со имињата на сите од одделот
напишани со црн маркер и ни кажа да ги пуштаме листовите на колегата десно од
нас и секој да напише нешто добро за личноста чие име стои на листот и на крај
листовите пак да дојдат до нас и да ги прочитаме сите убави работи кои колегите
ни ги мислат. Ова предизвика едно навистина убаво чувство кај сите нас. Потоа
се фрливме на она за што дојдовме, караоке :) Е сеа караокето не беше нешто
нај-нај бидејќи не бевме доволно пијани. Ѕвезда на караокето испадна Хозе од
Венецуела кој е нов член на шор-екс тимот и дојде на бродот во Колон.
Последното
пристаниште вообичаено е Козумел. Се имав пријавено да одам на екскурзијата
пловење со подморница, ама поради лошото време беше откажана. Во таков случај
решив да излезам надвор со Луси од Кенија, пајсана на Келвин кој работи во
хаускипинг. Пред некој ден ја префрлија од дневна во ноќна смена и сега има
повеќе слободно време за шетање по портови и ова беше нејзино прво излегување во
Козумел. Јас за жал немав толку многу бидејќи Дејан сакаше да излезе. Ми кажа
дека можам да седам надвор колку сакам, ама не беше фер на последниот порт од
неговиот договор да седам надвор цело време. Како и да е, со Луси направивме
шопинг во Мега по што отидовме во Но Нејм Бар. Таму го видов Живојин, бродкаст
менаџерот од Дон, сега е на Гетавеј, брод што беше докиран веднаш до Марс. Тој
седеше на голема маса со лепче со претпоставувам луѓе од неговиот брод и цел
ден ечеше српска музика. Јас и Луси седнавме подалеку и таа ме праша што би
препорачал да јаде бидејќи не ја познава мексиканската храна. Мене лично се ми
е ОК, и таа порача нешто што на крај испадна пченкарен чипс со пилешко и прелив
до доматен сос што ја разочара.
Ова крстарење
Стевчо цело време ме реметеше дека имам грмушка на главата што и до некаде беше
вистина бидејќи месец и пол помина од последното мое шишање, така што вечерта
решив да ги посетам берберите по ходниците. Првин проверив дали шиша оној што е
веднаш до големата перална за персонал, ама го немаше по што почнав да
проверувам ходник по ходник. Кај помалата перална имаше друг бербер ама имаше и
двајца што веќе чекаа за шишање и тој ми кажа да дојдам во 11 часот. Кога
дојдов во 11 него веќе го немаше, ама за среќа го имаше оној кај големата
перална. Тој беше при крај со еден од неговите колеги по што почна да ме шиша
мене. Оригинално фати да шиша по неговиот шаблон, ама му кажав крати ваму,
крати таму... не се плаши и да утнеш ќе порасне... ајде сеа крати ги овие
беливе влакна тука... Кога му кажав скрати ми ги веѓите тој збунето ме погледа.
Му реков дека не сакам да имам веѓи како кунг-фу мајстор, му реков да го земе
црниот чешел за машинката и да крати. Инаку неговата машинка имаше многу
различни чешли со различна должина и различна боја. На крај ме направи онаков
како што сакав да испаднам. Му дадов 50 долари и тој ми кажа да почекам да земе
пари од кабина за да ми врати кусур, и ми врати 45 долари. Му реков нема гајле,
само 40 долари зимам кусур. Задоволен сум од неговата работа. По ова му ги
префрлив преку воцап фотките од него и неговите другарчиња што ги направив на
новогодишната прослава.
Последната ноќ
беше искористена за пиење во кру бар и збогување со Дејан и Костас.
И за крај да
пишам за шоута кои ги гледав ова крстарење. Или да почнам со тоа дека му кажав
на Келвин дека може да доаѓа да ги гледа шоута и како да влезе во театарот,
каде да седи или стои... Сега уште да се сетам на кое шоу тој дојде за прв пат
во театарот. Мене ова крстарење ептен ми се допаднаа двете шоуа на Ирина
Гускова, виолинистка од Русија која сега е претставувана од Блекбурн
ентертејнмент. Првото шоу и беше заедно со бендот а второто шоу и беше соло. И
во двете растури на сцена, прописно. За второто шоу дојдоа еден куп од
вработените за да ја гледаат и беа воодушевени.
Следното
крстарење е повторно 14 дена, се надевам дека ќе биде добро :)
Comments
Post a Comment