Викингшки дневник бр.18 – Одиме кон Њу Јорк
Овој пат тргнавме
околу Исланд обратно од стрелките на часовникот и прв порт беше Хајме каде што
овој пат Хулио излезе надвор. Јас бев задоволен од фотките од претходниот пат и немав желба да
излегувам пак.
Во Дјупивогур
излегов само до ресторанот што има Коста кафе во него. Го понесов и лаптопот за
да апдејтирам некои работи. Си порачав мока највкусна на свет и парче торта,
или што би рекла другарка ми Александра од Марино, торта и торта :)
Во Сејдисфјордур
имавме вежба за евакуација и рано заминавме од таму така што овој пат не
излегов надвор.
Ама затоа во Акурејри излегов со Вања, шоп менаџерката од Мексико и прво отидовме во мексиканскиот ресторан каде што таа зеде тако а јас зедов кесадија. Далеку од оригиналните тако и кесадија и инспирирани од името текс-мекс кое се однесува на американизирана верзија од мексиканска храна, нашиот ручек го нарековме ајс-мекс (Ајсленд нели на англиски). Потоа тргнавме во прошетка низ туристичкиот дел со задолжителните фотки пред црква. Хајлајт на прошетката ми беше стар црн кадилак што беше паркиран малку надвор од туристичкиот дел на Акурејри. И кажував на Вања дека оригиналниот Бетмобил бил модифициран кадилак на што таа само ми кажа дека ја нема гледано серијата Бетмен од 60тите.
Потоа следеа Исафјордур каде што бев ИПМ и ден на море. Во текот на утрото поминавме низ еден канал на Гренланд каде што тие што станаа рано направија убави фотки од глечер. Јас само обичен снег по ридовите фотнав. Попладнето застанавме до Нанорталик, село на јужниот дел од Гренланд. Морето е плитко па со тендер бротче патувавме од бродот до брегот. Во Нанорталик живеат нешто над 1000 жители (ко во Мое Миладиновци) и имаат црква, супермаркет и бар. Жителите се претежно ескими и малку данци. Каков контраст е тоа, ескимите ниски и кафеави, данците бели и високи. Во супермаркетот има бувално од се по малку, почнувајќи со машини за перење и машини за сушење алишта во самиот влез од маркетот. По супермаркетот се упатив кон барот бидејќи ги видов Иван и Бране како пијат пиво на терасата. Времето беше прекрасно сончево што е реткост, и нормално тие седеа надвор. Јас купив локално пиво и им се придружив за краток муабет пред да се вратам назад на бродот.
Следно
пристаниште на Гренланд беше Какорток ама ме мрзеше да фаќам тендер бродче
бидејќи рано попладне заминувавме од таму накај Канада. По ден на море бродот
застана на Л Анс о Медоус на Њуфаундленд. Обично пред да оди бродот некаде
проверувам на Гугл Мапс што има наоколу и правам план за што и каде да одам,
меѓутоа гугл мапс беше празен, само едно археолошко наоѓалиште и паркинг од кој
гостите заминуваа на екскурзии. Буквално ништо и нормално останав на брод да
одморам.
До крајот на крстарењето
имаше уште еден ден на море, посета на Халифакс, уште еден ден на море и пристигање
во Њу Јорк. Во Халифакс бев ИПМ ама сум бил многу пати порано и плус следните
три посети на Халифакс не сум ИПМ па тогаш ќе излезам. Сепак ја искористив
приликата да пијам чај во кру барот каде што за прв пат откако се вратив на
бродот не беше ладно.
Од активности на бродот имаше неколку интересни моменти. На првата ноќ Бредли ме натера да одам до Експлорер лаунч каде што се натпреварувавме во тривиа. Во тимот бевме јас, Бредли, Улрике и двете девојки од Шорекс Агата и Јоланда. Бредли беше капитен на тимот ама јас бев најкорисен играч. На крај бевме ние и уште еден гостин со по 13 точни од 15 прашања и за последното прашање Бредли кажа јас да одам до Кортни да одговарам за нашиот тим. Прашањето беше колку наутички милји е растојанието од Лондон до Сиднеј. Гостинот напиша 20.000, јас напишав 40.000 и ми текна дека тоа се премногу милји. Точниот одговор беше 9.000 и гостинот победи а ние бевме среќни за него.
Имаше и доста
натпревари во баго. Вториот натпревар беше во време кога немаше други
активности на бродот и времето надвор беше ладно па голем број гости дојдоа да
играат и игравме 50 минути. Обично за 20тина минути завршуваат натпреварите,
ама тој пат игравме многу и гостите победија на крај.
Два пати имаше
спа ноќ, мојата омилена :)
Една вечер Бредли
организираше „Никогаш не сум“ за луѓето од канцеларијата и тоа испадна мошне забавно.
Добар дел од луѓето имаа интересни приказни.
Следното
крстарење е 12 дена од Њу Јорк до Монтреал. Да видам како ќе биде со активности
можеби ќе пишам после Монтрал, можеби ќе чекам да се вратиме назад во Њу Јорк
па ќе пишам за 24 дена.
Comments
Post a Comment