Викингшки дневник бр.19 – Повторно во Њу Јорк и сончеви денови во Канада

Во претходниот дневник пишав дека можеби следното поглавје ќе биде објавено за 24 дена, и така и бидна. Со бродот бевме три дена во Монтреал, ама Монтреал е прекрасен град така да што немав време за пишување. Дури ми остана и една работа за следниот пат кога ќе бидеме таму. Но да одиме со ред.

На трети септември рано посабајлечки пристигнавме во Њу Јорк. Прва работа што требаше да ја направиме е имиграциона контрола. Не ми текнува кој од шефовите викаше ќе ни требаат кабли на 110 волти, конектори, конвертори... бла бла бла... Офицерите од пограничната служба на Њу Јорк дојдоа со сетап сличен на нашиот, смартфони. Со еден клик врз пасошот им се појавуваше цела наша историја поврзана со американските визи. Откако тоа тргна подмачкано, со Хулио отидовме на терминалот да спремиме за прием на новите гости. Во екипата што работеше на терминалот имаше едно младо момче, Џош кој кога слушна дека сум од Македонија го кажа зборот на Н и јас веднаш му вратив, We don’t use the N word in Macedonia. Патем од каде знаеш за ова? Ми кажа дека има другар од Македонија и знае дека на Н се лутиме. После тоа кажа уште неколку саркастични шеги, ама бидејќи системот работеше сосема во ред му реков повеќе шеги следниот пат, јас одам да се шетам низ Њу Јорк.

Набрзинка се пресоблеков и тргнав по патот со сонцето. После долги ладни и облачни денови во Исланд сонцето во Њу Јорк ме пречека неспремен, ама тоа за мене не е воопшто проблем. Прва локација на која што се упатив беше В&Н продавницата за фото опрема. Ременот за мојот фото апарат со рацете на Мики Маус веќе е истрошен, смени 4 камери и редно беше да го пензионирам. За моја среќа ременот што го меркав на сајтот на Би енд Ејџ дојде во бојата која ја сакав, океан. На многу луѓе им имам кажано, но да повторам, B&H е мојата омилена продавница. Најголемата продавница за креативци (фото, видео, аудио... профи или хоби) на свет. Додека бев внатре мислам дека видов луѓе од буквално цел свет, видов кинез што носеше маичка Македонија, ми се стопли срцето.

Од најголемата продавница за фото опрема на свет тргнав накај Футлокер да видам што патичиња имаат на лагер. На гугл мапс ја избрав најблиската продавница која што испадна и најголем Футлокер во кој имам влезено до сега. А внатре... нема што нема... Kobe Protro 3, Jordan 12, Jordan 40, Kobe 9… толку многу патики а толку малку простор во куферот... и на крај изборот падна на Nike Air CB 34, патики кои ги носеше Чарлс Баркли додека играше во Феникс Санс. Кога бев дете имав црни ама фалц патики. Сега си ги купив белите во оригинал. За оние што се љубопитни за цена, нешто под 200 долари, ама меракот не прашува за пари.

Потоа следеше шетање до Тајмс Сквер при што купив по некое сувенирче за другарчињата што не можеа да излезат од бродот. Влегов во една продавница за сувенири на два ката. На горниот кат покрај опрема од Њу Јорк Јенкис имаше и опрема од други екипи. Пријатно изненадување ми беше тоа што видов дрес од Дражен Петровиќ од времето кога играл за Њу Џерси Нетс. Сакав да купам дрес од Денис Родман од Чикаго Булс, ама ми текна дека ретко ќе го носам, така што стотче долари е поарно да се потроши на други нешта. Јадев сендвич во Чик-Фил-Еј, земав кафе од Старбакс и се вратив назад на брод.

Вечерта не излегов надвор, не знам зошто... ме мрзеше :) А и Хулио беше надвор така да седев во кру бар и слушав музика од Брилијант Лејди, новиот брод на Вирџин беше докиран до нас. Вработените на тој брод го спремаа за првите гости кои ќе се качат таму. Наредниот ден имаше многу работа во текот на утрото па не успеав да излезам пак надвор.

На подкастите на јутјуб слушав како Њу Јорк е сменет од порано, како е градот во надолна линија. Споредено со 2012та година и 2015та година кога последен пат бев таму, Њу Јорк е повалкан, на секој ќош смрди на марихуана и има многу повеќе бездомници по улиците.

По Њу Јорк следеше Бостон каде што можеа да излезат надвор само оние што имаат три или повеќе договори за Викинг. Јас бидејќи сум во мојот втор договор со Викинг останав на брод, и двата дена... Хулио ми кажуваше колку е убав Бостон а јас му викав дека е грд затоа што не ме пушта да излезам и да видам. Еден гостин ме праша што правев во Бостон, му реков дека сум верен на Лејкерс и моја нога во Бостон не стапнува :)

Пред да излезам во некое пристаниште гледам што има на гугл мапс. Кога видов дека има Волмарт во Халифакс решив таму да се упатам уште рано посабајлечки. Тргнав со такси бидејќи времето беше облачно со можност да врне. Таксистот ми кажа дека има однапред утврдена тарифа од пристаниште до Волмарт и таа е 30 долари. На веб сајтот на друга такси компанија имаше калкулатор и испаѓаше 17 долари истото возење, ама немав време да барам нивно такси па се качив во ова. Таксистот уште и ми кажуваше дека може да ме чека да испазарам и да ме врати назад. Му реков не фала брат, да си жив и здрав. Платив 30 канадски долари, 0 бакшиш. Откако почнав да работам во ГринМоушн почнав секогаш да давам бакшиш на таксисти, ама овој не заслужува. Наплаќа повеќе, не знае муабет да прави... да е жив и здрав.

Како и да е, во Волмарт најдов неколку работи што ми требаа, листерин ментол лентички, врфки за чевли, геторејд... Видов голем број интересни работи, ама бидејќи решив назад да се враќам пешки неќев да се товарам ко магаре. Веднаш до Волмарт има трговски центар и во него голема продавница за спортска опрема и пола од продавницата беше со опрема за хокеј. Имаше и опрема од скоро секој спорт, вклучително и формула 1, сепак хокејот е национален спорт во Канада. Секцијата за кошарка беше многу помала ама имаше маички и тренерки од Коби Брајант па си купив една. Од Старбакс си купив пекан лате и тргнав пешки накај бродот. Пекан латето немаше ни к од кафе, ама не можеш да знаеш за нешто додека не пробаш или не добиеш инфо од релевантен извор.

Една од омилените работи ми е да гледам како живеат обичните луѓе во местата кои ги посетувам. Пола саат поминав пешачејќи низ споредна улица и баш убаво ми дојде убаво после многуте денови на море. Единствена грешка што ја направив ама беше доцна е тоа што ги носев моите нови чизми и стари чорапи. Кога стигнав назад на брод имав плускавци, ама памет за друг пат.

Следно пристаниште беше Гаспе, мало градче до кое стигавме со тендер бродче. Десет минути нагоре по ридот пешки има мал трговски центар со голема аптека каде што си купив аспирин и кутија дејкуил/најкуил. Продавницата за спортска опрема беше мехх... ама во трговскиот центар имаше бесплатен интернет со брзина над 100 мегабити па си симнав во телефон неколку подкасти за гледање кога ќе имам слободно време или ќе бидам во теретана. Од тука се спуштив надоле па преку мостот влегов во другиот дел од Гаспе каде што имаше голем супермаркет, МекДоналдс, неколку ресторани и Тим Хортон. Бидејќи веќе испазарив претходно во Халифакс отидов во Мекдоналдс на пита од јаболко и сладолед. Мислам дека бев најмладиот што јадеше внатре. На враќање назад земав кафе од Тим Хортон, многу подобро од Старбакс. Пешаќејќи по мостот ја видов Марија од спа центарот и таа ме замоли да направам неколку фотографии од нејзе. Реков со задоволство, еве имам и канадско кафенце да држиш во рака, да бидат фотографиите ептен автентични :)

Во Сагани излегов со Вања, шоп менаџерката на путин, традиционално канадско јадење, помфрит, коцки сирење и сос. Веднаш до пристаништето има мала пивара со бар и ресторан. Пивото беше интересно ама путинот беше солен, можеби и намерно за да пиеме повеќе пиво :) времето беше убаво, сончево и терасата на горниот кат беше полна. Кратко подоцна ни се придружија и вокалистите од театарот и новиот асистент круз директор, Џејсон од Филипини.

Во Квебек бев ИПМ. Излегов само на кратко од бродот за да работам и тоа нешто што успешно го избегнував цело време. Велкам бек шоу или ко што го викаме ние хепи-клепи. Голем број екскурзии се враќаа назад на бродот во исто време па ги пречекувавме назад гостите со музика и аплауз. Интересното беше што веднаш до пристаништето имаше простор за концерти и тој ден имаше рок/метал/панк фестивал таму. Металци поминуваа покрај нас и се чудеа. Имаше и убави металки и стари металчуги ко мене. Првиот бенд почна со свирење уште додека бевме таму. Вториот бенд додека заминувавме... Срце ми се кинеше, ама таков е распоредот на крстарењето. Да можев да останам ќе платев карта и ќе се журкав цела ноќ, ама... можеби некој друг порт...

По ова следеа три дена во Монтреал за кои можам и посебен дневник да напишам. Бидејќи бевме две ноќи во Монтреал гуглав да видам кај има кина и најдов две кина, ама потоа ми текна дека тука филмовите се на француски па се пишманив од одење на кино, ама одењето од брод до првото па потоа и до другото кино беше мошне интересно. Од првото до второто кино пешачев по голема пешачка уллица полна со секакви продавници.

Продавницата на Најки беше посебно интересна. Се наоѓа во трговски центар и е поприлично голема. Имаа голема селекција од Коби Брајант облека. Овој пат не купив ништо. Од интересни патики повторно ги видов Ер Џордан 12, ама веќе имам еден пар црни дома. Овие беше бели со ројал сино, ама куферите ми се кнап. Слушнав мајка и син како зборуваат на српски во продавницата. Да беше македонски ќе разменев збор два, ама српски можеби некоја следна прилика. Од тука отидов во Декатлон каде што си купив нови ракавици. Дома ќе се вратам во февруари па ќе ми требаат нови. Нешто што пријатно ме изненади е колку е убав Монтреал. Архитектура во европски стил, средени јавни површини и убави луѓе по улиците.

Вечерта отидов до центарот за морнари за да си земам канадска сим картичка по што сакав да прошетам пак по брегот. Од терминал ги видов Џин-Џин и Ен како излегуваат и ги извадив од памет, не очекуваа никој да им пријде од лева страна ама ми кажаа дека ако сакам, може да појдам со нив до Сабвеј на сендвич. Од Сабвеј отидовме до базиликата на Аура шоу, 20 минутно шоу со светлечки и звучни ефекти. 30 канадски долари за 20 минути шоу... хмм... сум трошел пари и на пострашни работи :) Од тука тргнавме да се најдеме со колегата и колешките на Ен од спа центарот на по една пијачка во еден кафич кој испадна затворен.

Некој  доби идеја да пробаме клуб кој што се вика Ла Воут и се наоѓа во поранешен трезор на банка. Е сеа интересното е што некои жени и со гугл мапс пак ќе се изгубат. Мене не ми пречеше екстра пешачење и само уживав во патот под уличните светла. Извртевме кругови ама го најдовме влезот од местото. Можеби затоа што беше спора вечер за клубот не примија без резервација. Внатре гостите беа претежно млади девојчиња и сомнителни ликови. Софија прокоментира дека ова личеше на клуб за онлифанс модели и нивните менаџери. Некои шмркаа, некои кркаа суши од 200 долари... Ние пиевме коктели. Седевме на шанк двајца момци и пет девојки и шанкерката различно се однесуваше со сите нас :) Кон мене беше ТоБ. Музиката беше електронска, фанки, „од мое време“ :) имаше две девојки кои правеа акробации, на два пати келнерите ни даваа бели марамчиња за да вртиме со нив. Ако некој гледа видеа што снимавме ќе си помисли дека сме биле во најдобар клуб на свет. Реално не беше толку лошо.

Наредниот ден планирав да излезам и да трчам по брегот, ама Вања ме праша дали би правел бар-хопинг со нејзе. Како и да е, почнавме лесно, со пешачење по кејот. Купивме пуканки со преливи, таа со сирење, јас со карамел. Потоа ѝ текна дека не е фино да иде по барови со голема ќеса пуканки ама и реков да не се грижи ќе ги ставиме во ранец :) Монтреал навечер воопшто не е страшен, баш е пријатен за пешачење. Првиот бар каде што отидовме беше по препорака од вокалистите од театарот. Внатре отмен декор, фенси пијачки, пијанист на клавир, млади луѓе и стара атмосфера. Како и да е, негронито беше добро. Од тука следниот бар Вања го одбра според името, Сара Б, и се чинеше како кул име за кул место. Испадна дека се наоѓа во хотел од IHG групацијата. Внатре гости од хотелот и американски фудбал на ТВ. Buccaneers vs Texans. Благодарение на тоа дознав дека и Вања е фан на НФЛ.

Третиот бар беше „Д плејс ту би“. Clandestino (гуглајте што значи зборот), е мескал и текила бар. Темна врата, краток ходник по кој следат скали надоле и влагаш во мрачен бар со келнери и шанкери кои изгледаат како од Пики Блајндерс... Вања го одбра со надеж дека ќе касне нешто мексиканско, ама кујната беше веќе затворена, ама затоа келнерот ни кажа каде да одиме следно и дека кујната им работи цело време. Наредниот ден на луѓето од спа центарот им кажав дека најдов место со леџит текила во коктелите, за разлика од текилата во клубот претходната ноќ (повеќе вода отколку текила). Четвртиот бар беше пабот Сент Пјер, јадевме путин, не знам дали дека бевме гладни ама беше навистина вкусен, пиевме, и си тргнавме накај брод.

Последниот ден Монтреал почнав со месечниот попис на епл уреди на бродот.

Во Квебек повторно ИПМ, така да следно излегување беше во Сагани. Пред да излезам круз директорот Арон ми кажа дека ќе врне, да си земам чадор. Нормално дека не земав чадор, на мој ризик не земав ни јакна. Прво нешто што направив е втор појадок во МекДоналдс (веќе јадев појадок во гостинското бифе на бродот). Од тука тргнав назад по споредни улички и видов Шевролет Корвет и Нисан 150з, и двете коли кабриолети и паркирани со спуштен покрив. Се сетив на Арон и си реков, штом овие ги оставиле колите со спуштен покрив немам гајле, нема да врне. На враќање назад ја видов Марија од рецепција. Таа ме праша дали би дошол до пивницата, ама мене ме фаќаше веќе дремка и ѝ реков дека ќе си идам назад на брод. На терминалот  има макета од бродот Квин Мери 2 (брод кој Клаудија го мрази) ама позати макетата има плочки од бродовите кои го посетиле Сагани. На мое пријатно изненадување видов плочки од Норвиџн Дон и од Дизни Меџик, два брода од кои имам голем број пријатни сеќавања. Веднаш штом излегов од терминалот почна да роси. Си реков хух која среќа имам, ќе се вратам назад на брод пред да почне да врне.

Поради лошо време го прескокнавме Гаспе и тргнавме право кон Халифакс каде што наместо во понеделник наутро стигнавме во недела околу 6 попладне. На гугл мапс најдов само едно кино и тоа на другиот крај од градот па кога Арчи, главен келнер од ресторано ме праша дали би сменил ИПМ со него му реков дека ќе го сменам. Подоцна дознав дека тимот од рецепција ќе прави тим билдинг ама беше доцна, веќе сменив ИПМ.

Наредниот ден излегов со цел да одам до паркот во центарот на градот. На терминалот ги видов Рози и Ририс на кои им почнуваше паузата па со нив појдов првин на кафенце во Тим Хортон а потоа и до супермаркетот кој што е во близина. Девојките рекоа дека нема ништо посебно да купат, ама на крај испадна да туркам количка со нивни работи :) По ова тие се вратија на работа а јас продолжив кон паркот. Паркот е релативно мал, меѓутоа многу убаво уреден и одржуван. Во езерцето има и макета на Титаник. На враќање назад видов мал трговски центар и на мое изненадување во него има и кино. Да знаев ноќта пред тоа ќе појдев на филм, ама... сега барем знам во случај ако се погодам пак тука преку ноќ.

Во Бостон имавме посета од крајбрежната стража на САД. Имаа пофални зборови за тоа како ја изведовме вежбата за евакуација. Подоцна стигна и официјален мејл дека сме извршиле беспрекорна вежба за евакуација.

Во овие две крстарења начекав двајца интересни гости забавувачи. Првиот беше Брајан Родригез од Њу Јорк. Арон ми кажа дека го знае од порано кога тој пеел по бродови и дека сега има мошне добро конципирано шоу. Шоуто беше на некој начин прошетка по Њу Јорк со песни кои се поврзани со разни делови од градот. Пеење, раскажување... секоја чест Брајан. Вториот изведувач беше Хедер Ајви, сопран родена во Австралија, порасната во Америка. Исто како и Брајан и таа работела на бродови, ама на други компании. Со вокалистите од театарот после нејзиното прво шоу се шегувавме како пеењето и е на место ама танцувањето и е само клатење колкови. Нејзиното прво шоу беше прошетка по светот, музика од разни делови на планетата. Мене ми беше мехх... и кога заврши со нејзиното прво шоу кажа дека нејзиното второ шоу ќе биде на тема Бонд. За ова шоу музиката ја свиреа момците од бендот и беше многу подобро од претходното шоу.

Овие два Њу Јорка има голема ротација на персоналот. Имаше и во Монтреал, ама на почетокот на првото крстарење имаше ротација на преку 40 вработени, на крајот на второто крстарење има ротација на преку 70 вработени. Најинтересно е што за овие две крстарења на бродот се врати Хари, вокалист од претходната група кој пополнуваше испразнето место. Уште кога го видов на терминалот во Њу Јорк се гушнавме и почнавме да се муабетиме. Мојот цимер Саб го забележа и ми кажа да пуштам ишарет, ама Хари кажа за Саб дека е многу стар. Тој е пола година помлад од мене, ама не вибрира позитивно, така да ништо...

Во Монтреал на одмор замина шорекс менаџерот Бредли. За мене Бредли беше ТоБ, имавме фина размена фотки за екскурзии, меѓутоа беше напорен за девојките во неговиот тим. На негово место се врати Аријана Гранде (буквално, 185цм висока бразилка). Со нејзе донесе баланс во универзумот и шорекс одделот.

На крајот на овие две крстарења дома на одмор заминува и Вања од Мексико. Во последниот период ни стана вообичаено да одиме секоја вечер во гостинското бифе на soup & chizme. Некои вечери имаше повеќе јадење, некои вечери имаше повеќе чизме (оговарање на мексикански).

Следното крстарење е повторно 12 ноќи до Монтреал по што следат 14 ноќи од Монтрал од Форт Лотердејл. Повотрно не ветувам кога ќе излезе следното поглавје од дневникот. Постои реален ризик повторно да има седум страници во ворд поглавје :)

Comments